Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам зошто ти одговарам, ама ајде. Муабетот почна со на Јанко гостинот кои коментирале некакви левици десници, бла бла. Па некои членови продолжија со дискусија за леви десни вмро, врховисти, бугарија, итн. Јас само спомнав зошто не е добро да се прави таква поделба на добри и лоши македонци базирана на некаква “историска“ дискусија.

Каде прочита ти од мене дека моменталната поделба и омраза се базира само заради историјата? Затоа велам, си прочитал, не си дочитал, си разбрал, не си доразбрал.

Грција донира десет леноидас транспортери, америка м113ки, а демек Хермелините се од Германија. Повеќето Хермелини се наследени од СФРЈ, дел се реновирани и ретрофитирани од Еврокомпозит, дел произведени по лиценца, а само дел има донирано Германија.

Ама не е ни тоа тема за дискусија.

пс. Не ја читај Википедија. Обично лаже. :icon_lol::icon_lol:

Не бе ЈНА немала никогаш никакви хермелини, АРМ или МВР имаше наследено брдм-2 само ништо друго, не се демек туку баш од Германија заедно со тие БТР-70 од резервите на некогашна Источна Германија.:) м-113 беа од Италија од САД беа хаубици 105мм, стави си уште 5-6 емотикончиња не се штеди. Како и да е, не знам зошто опстојува тој митот околу истокот и западот ама тоа е друга тема.
 
дпмне одма со контра удар денес, само фотошопиран :pos::pos:

Која мизерија еј !

сдсдсдсдсдсдсдс.jpg
 
Врската не ја перцепираш, затоа што се фокусираш на врвот на пирамидата на ДПМНЕ.

Колку ли само незнајни членови и симпатизери има ВМРО, кои се достојни/недостојни наследници на комитите, јатаците, комитетите, некогашни локални водачи и први луѓе на народот низ македонската земја. ВМРО е многу повеќе од сегашниве дудуци од ДПМНЕ.

Ако ги немало или нема овие ситни луѓе, Македонци, родољубци, едвај ли ќе имало ајдуци, комити, Илинден, партизани, итн. Е сега што сите си поигруваат со нив, ги нарекуваат простаци, неизживеани, сељаци, итн. тоа е друга работа.
Тоа мој проблем ли е? Што немаат ментален капацитет да проценат дали се злоупотребени или правилно водени? Не е до перцепцијата, многу грешиш.
Најзатуцан принцип на водење патриотска политика е создавање на поголем број непријатели од што реално ги има државата, а тоа дпмне го прави секој ден од кога е на власт. Ако условно кажеме дека влез во ЕУ значи автоматски промена на име, идентитет (и триста други вештерки со што не лажат) - понуди втор пат, план Б, ако ти се коси тоа со генералниот став - ама кажи му на народот што мислиш да правиш. Тоа дпмне упорно не го прави затоа што е свесен дека меѓу народот нема расположение за промена на име, а од другата страна добива притисок од Брисел и Вашингтон и игра на карта на вакуум-период - „дај да испокрадеме што има да се краде, не сме дел од ЕУ и така, ќе фрламе секојдневно исти флоскули и народов ќе го мрзи западот, затоа што западот не мрзи нас“. - Каков е тој патриотизам? Ај објасни ми!
Ако тие не препознаат дека ги води група кримоси, јас ли да ги просветлам. Потекнувам од дел од Македонија кој бил активен и за време на илинденците и во НОВ и јас имам предци кои се бореле, па никако во ова дпмне кое е константно киднапирано од странски служби, не можам да препознаам раководство со чесни намери и постапки. Имам некои левичарски ставови што се поставени претежно на едукација и животно искуство, а никогаш не сум членувал во партија, послушничка скупина, имам слободарско размислување.
Да верувам на куп кој се крсти во „војвода“ од Благоевград со бугарски пасош?
Во војвода што ќе менуваше територии на кои мое семејство со векови живеело?
Во некој што забораил дека кога гореше државава 2001, сегашниов „пастир“ пазари џип од 300000 марки тогашни?
Во некој што уште верува дека мрачни сили, странски служби монтирале, лепеле, сечеле снимки - на овој очиглед од криминал, на празен стомак и искинати гаќи? Само затоа што рекол дека е ВМРО?
Не се препознавам во таа група бе, како не ти е јасно!? Не сме дел од таа багра бе и не се чуди што така ги навредуваме. Станува збор за цивилизациски разлики, не за добри и лоши луѓе. Љути се до бескрај ако сакаш - дпмне нема и никогаш немало интелектуалци, а за членство и симпатизери ич не влегувам во дискусија.
Ќе не бришат, пошо е офтопик, поздрав!
 
Прво, зошто да ти се лутам? Ниту ме навредуваш, ниту ме провоцираш, ниту пак кажуваш работи што се неправедни или неточни.

Второ, ако некој се идентификува со врвот на некојаси групација, партија, здружение, тогаш самиот тој има голем психички проблем. Секој човек е заменлив, без разлика кој е и каков е.

Трето, никој од мене и тебе не бара решавање на проблемот. Само дискутираме. За решавање на проблемот има костумосани дудуци кои се платени да го направат тоа. Е сега што за кур не ги бива, тоа е друга работа.

Четврто, за крадењето, криминалот, изживувањето врз сопствените браќа и сестри по народ, нема потреба некој да ги просветли. Сите знаеме кои сме и какви сме. Да не се знаевме кои сме и какви сме, немаше да ги има срањава. Затоа и не можеме да решиме еден едноставен проблем. Кој свесно си ги пикал прстите кадешто не треба, треба да одговора. Кратко и јасно.

Петто, не те терам на сила, или барам од тебе да се препознаваш во некоја група. Не се чудам што имаш нагон да навредуваш одредена група. Твое право е.

пс. Никогаш, ниедна опција нема понудено интелектуалец. Затоа што, за да направиш таков, ти треба ресурси (материјални и нематеријални). Но ние, освен покажување на гол газ пиштоли и пување, немаме ништо друго.
 
На полувреме на утакмицата од ЕУРО 2016, фикусот ќе се обрати до нацијата. Дали се работи за повторна аболиција или планира харикири да изврши пред камери, ќе видиме.
 
Фикусот има обраќање денес. Каков ли гаф ќе направи сега?
Еве што мислам јас
1. Да ја аболицира аболицираната одлука // 1.20 коеф.
2. Да си даде оставка со погрешно име и презиме во службениот весник // 1.30
3. Да го прослави голот на Роналдо // 2.00
 
Десницата и левицата во Македонија се толку многу измешани, што не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Повеќе лево-ориентирани и социјални мерки се имаат донесено во Македонија, последните десет години, отоколку претходните дваесет години.

пс. Ништо не си разбрал што сум напишал.
Не да се измашани,се е каша попара.Прво замисли левицата ја спороведе приватизацијата во Македонија!Така да нема веќе идеали,се е интерес,ама со кого ќе се разбериш!?:cautious:
 
бугаризирање и промена на јазикот за која заговараше Димитар Димитров (татко му на Никола)...

најголемите автоголови на македонската политика доаѓаат баш од врховистиве.
Што подразбираш под бугаризирање и промена на јазикот? Напротив, промената на јазикот и писмото е баш направена од КПМ/КПЈ.
Врховистите исто така како и „внатрешните“ биле македонци (со некои бугари плус).
 
Што подразбираш под бугаризирање и промена на јазикот? Напротив, промената на јазикот и писмото е баш направена од КПМ/КПЈ.
Врховистите исто така како и „внатрешните“ биле македонци (со некои бугари плус).
Престани бе да ме цитираш, нели примети до сега дека не ти одговарам.
Ти најде за КПЈ да збориш, муле едно!
 
Тотален идиот.
Држел контрола во државата :facepalm:
 
Не дај боже да беше Фрчковски или некој од шарените претседател, сега Македонија ќе беше еден џиновски бегалски камп и ќе бевме т.н. "културолошки збогатени".
Значи за менаџирање на бегалците и за Името - Like!
За ова со СЈО се избрука тотално.
 
Престани бе да ме цитираш, нели примети до сега дека не ти одговарам.
Ти најде за КПЈ да збориш, муле едно!
ОК, но мора ли да навредуваш? Не те воспитале очигледно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom