Сметате ли дека државата треба да ги забрани окултистичките организации со закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleksandar Nevski
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако масонството е политичко движење, ќе го забранат и те како ако оди против државата. Ти велам јас дека леснос е решава овој твој проблем - само предлог закон предложи, со идеја што како ќе се реши и мирна глава.
Што ти е грижа што некој ќе каже на форум кога најбитно е христијанството да остане како урнек на која би се градела една држава?
Бидејќи религијата е одвоена од државата. NOT.
 
Ниедна окултна или масонска организација не инволвира и не вклучува во своите ритуали деца, не избегнува плаќање даноци, не врши дискриминација врз верска, полна или сексуална основа, не се меша во политиката на државата и не ги истакнува јавно своите ритуали, храмови или обележја.
Дали истово може да се каже за МПЦ-ОА или за ИВЗ?
 
„Не прави ова, не прави она„....тоа е познато како „негативна исповест„.

Навистина, ако некој нешто не сторил, нема да биде казнет за нестореното дело. Просто и едноставно.

Туку, оти не ни наведе што прават масоните и окултистите, за да можеме да расудиме за нивните дела?...[DOUBLEPOST=1466491223][/DOUBLEPOST]
Дали истово може да се каже за МПЦ-ОА или за ИВЗ?

Не знам за ИВЗ а и се‘ едно ми е.

МПЦ-ОА го чини она кое сам Бог и‘ го заповеда на Црквата. Црквата не е затворена и недостапна езотерична заедница, туку е создадена за да ја исполнува волјата Божја: да крштева, да поучи, да прибира и да спасува.
 
Последно уредено:
А кои са тија „натприродни сили„, разбираш?...
сите бе мики, од Јемоја и Орангун и нивни бројни деца - богови и духови, преку големата змија на виножитото и чувар на кристалите, па Буди, Кришни, Мазди, Митри, Зевсој, Јупитери, Торој, Јехоји, Исусоји.....
од најстарите - сумерски, асирски божества, па и пред нив анимистички, па се до овие новите, христијански
 
Ако масонството е политичко движење, ќе го забранат и те како ако оди против државата. ..
Дојдовме до момент кога треба да се дефинира поимот ДРЖАВА, за да се реши проблемов. Дека не е политичко ниту филозофско здружение типу ЧЕРИТИ ШИТС за мачкање очи е повеќе од јасно, но дали е јасно на сите? Што е битно за еден народ кој пред сто години живеел на начин кој пречел на окултизмот и против кој се борел за да денес го имаме ова денешно таканаречено општество-повраќаница... е тука е сума сумарум на проблемот. Зошто се заживува паганизмот рече?
 
сите бе мики, од Јемоја и Орангун и нивни бројни деца - богови и духови, преку големата змија на виножитото и чувар на кристалите, па Буди, Кришни, Мазди, Митри, Зевсој, Јупитери, Торој, Јехоји, Исусоји.....
од најстарите - сумерски, асирски божества, па и пред нив анимистички, па се до овие новите, христијански

Ај, еве ти еден „лајк„...:icon_lol:
 
„Не прави ова, не прави она„....тоа е познато како „негативна исповест„.

Навистина, ако некој нешто не сторил, нема да биде казнет за нестореното дело. Просто и едноставно.

Туку, оти не ни наведе што прават масоните и окултистите, за да можеме да расудиме за нивните дела?...
А ти и отварачов на темава би сакале да казнувате онака - од претпоставка, кому треба доказ?! Доволна е една ваква тема и тоа е доволно да се казни, забрани, стигматизира некој нели?
Што има јас да наведувам што правам за нешто кое мене ми е свето и интимно?! За таквите како тебе да плукаат и да се исмеваат на истото?
Не знам за ИВЗ а и се‘ едно ми е.

МПЦ-ОА го чини она кое сам Бог и‘ го заповеда на Црквата. Црквата не е затворена и недостапна езотерична заедница, туку е создадена за да ја исполнува волјата Божја: да крштева, да поучи, да прибира и да спасува.
Па и ИВЗ тврди дека го чини тоа што сам Бог го заповедал. И тие и вие злоупотребувате деца во религиозни цели(крштевки, сунети), не плаќате данок, се мешате во политика, имате дискриминаторски однос на половата, сексуална и верска различност и сте биле причина за бројни конфликти, војни и крвопролевања. Ништо од тоа неможе да се поврзе со нас, а сепак вие сте тие што се најгласни за цензура и забрана на секој што има разлкичен пристап, однос или разбирање за духовноста.[DOUBLEPOST=1466497039][/DOUBLEPOST]
Дојдовме до момент кога треба да се дефинира поимот ДРЖАВА, за да се реши проблемов. Дека не е политичко ниту филозофско здружение типу ЧЕРИТИ ШИТС за мачкање очи е повеќе од јасно, но дали е јасно на сите? Што е битно за еден народ кој пред сто години живеел на начин кој пречел на окултизмот и против кој се борел за да денес го имаме ова денешно таканаречено општество-повраќаница... е тука е сума сумарум на проблемот. Зошто се заживува паганизмот рече?
Проблемот постои единствено во вашите глави. На кој начин окултизмот тебе те спречува да веруваш, да бидеш христијанин, да извршуваш верски обреди, да градиш храмови? Кога окултна или масонска организација се заложила да се забрани било што кое ти го практикуваш?
Единствено оној што му пречи вистината, посегнува по цензурата! Само оние што се немоќни пред аргументите, во цензурата го гледаат спасот! А истите тие во минатото биле причина за еднумие, тоталитаризам и декаденција. Епа помина времето кога имавте таква моќ! Сакал ти или не, сега е време кога секој може да биде тоа што е, секој може и ќе може да си го искаже својот став, да верува во што сака и да живее како што сака!
enhanced-buzz-1504-1379943854-7.jpg
 
Последно уредено:
Црквата не е затворена и недостапна езотерична заедница, туку е создадена за да ја исполнува волјата Божја: да крштева, да поучи, да прибира и да спасува.
Аууу Мики како им го спушти свака част брате (y) сега од мака гребат по sидови со ноктите.
 
А ти и отварачов на темава би сакале да казнувате онака - од претпоставка, кому треба доказ?! Доволна е една ваква тема и тоа е доволно да се казни, забрани, стигматизира некој нели?
Што има јас да наведувам што правам за нешто кое мене ми е свето и интимно?! За таквите како тебе да плукаат и да се исмеваат на истото?

Кај виде дека казнуваме?
Убо посочив дека треба да напишеш што правите а не што не правите, за да расудиме какви ви се делата.

Она кое навистина е свето, веќе ни се откри: Свет е Бог, Свети се и Богоугодниците, и сите тие се веќе познати, а не (с)криени.
 
Ја прочитав дискусијата и не разбрав зошто треба да бидат забранети. Дали некој може да понуди разумен аргумент во прилог на тезата дека треба да бидат забранети?
 
Па и ИВЗ тврди дека го чини тоа што сам Бог го заповедал. И тие и вие злоупотребувате деца во религиозни цели(крштевки, сунети), не плаќате данок, се мешате во политика, имате дискриминаторски однос на половата, сексуална и верска различност и сте биле причина за бројни конфликти, војни и крвопролевања. Ништо од тоа неможе да се поврзе со нас, а сепак вие сте тие што се најгласни за цензура и забрана на секој што има разлкичен пристап, однос или разбирање за духовноста.

ИВЗ може да каже што сака. Она кое нивниот бог им го заповедал, навистина е преточено во дела, кои се нашироко познати како „мирољубиви„.

Во Црквата, децата не се злоупотребени, туку у тие се дел од Црквата, токму како што заповеда Христос.

Данок се плаќа во економијата и во нејзните текови, не и во духовноста, каде дарувањето не е екононска принуда, туку доброволен гест.

Црквата има став кон полноста на ист начин на кој и сам Бог ја расудува: ако е бпагословена, тогаш е во ред, ако не е, тогаш е блуд.

Црквата не е причина за крвопролевања: на Бога не Му треба крв, туку на ѓаволот, како дел од паганските ритуали, кои го слават токму него.

Црквата има своја област на делување, а световната има своја и тука нема потреба од мешање.
 
Кај виде дека казнуваме?
Убо посочив дека треба да напишеш што правите а не што не правите, за да расудиме какви ви се делата.
Насловов на темава демек не имплицира казна - забрана според тебе? Или можеби за тебе тоа не е казна?
Што се однесува за правењето, тоа што на било кој начин ги тангира останатите и општеството не е воопшто скриено, тоа што е, е лична и интимна работа, за која ни на крај памет не би ми паднало да ја кажувам на рандом сеирџии за да ја валкаат и исмеваат.
Друга работа! Постојано е нагласувано дека окултното или „скриеното" не се однесува на информација или податок што е скриен од очите и ушите, туку е ниво што треба да се достигне - осознае.
Она кое навистина е свето, веќе ни се откри: Свет е Бог, Свети се и Богоугодниците, и сите тие се веќе познати, а не (с)криени.
Ма секако, исто како и на муслиманите, хиндусите, будистите, џанаистите....и безброј други.[DOUBLEPOST=1466503362][/DOUBLEPOST]
ИВЗ може да каже што сака. Она кое нивниот бог им го заповедал, навистина е преточено во дела, кои се нашироко познати како „мирољубиви„.

Во Црквата, децата не се злоупотребени, туку у тие се дел од Црквата, токму како што заповеда Христос.

Данок се плаќа во економијата и во нејзните текови, не и во духовноста, каде дарувањето не е екононска принуда, туку доброволен гест.

Црквата има став кон полноста на ист начин на кој и сам Бог ја расудува: ако е бпагословена, тогаш е во ред, ако не е, тогаш е блуд.

Црквата не е причина за крвопролевања: на Бога не Му треба крв, туку на ѓаволот, како дел од паганските ритуали, кои го слават токму него.

Црквата има своја област на делување, а световната има своја и тука нема потреба од мешање.
И ИВЗ го вели истото за вас, вашиот збор против нивниот.

Ако за тебе не е злоупотреба да користиш бебиња и деца во верски ритуали, тогаш за секој нормален и разумен човек тоа итекако е злоупотреба. Да имаше на пример Телемитски ритуал каде учествуваат деца и бебиња, вие први ќе лаевте кај што ќе стигнете како окултистите користеле деца во нивните ритуали, ама кога тоа го прави православната црква, тогаш тоа било ок и нормално.

Ако црквата не се бави со „економија" зошто тогаш купува хотели, тргува со земјиште и недвижнини, има ценовник и слично? Било која друга организација за истите нешта е принудена да плаќа данок, но не и МПЦ и ИВЗ.

Вашиот став за тоа што е блуд може да го применувате врз оние што лично и доброволно се препознале во нормите и правилата на вашата црква, не и на оние што не се дел од неа. Едностраното наметнување норми и правила за тоа како некој треба да си го живее животот е дискриминација.

Црквата безброј пати била и директно и индиректно причина за многу конфликти, војни и крвопролевања, тоа е факт. Историјата сведочи за тоа. Но никаде нема да најдеш војна која се водела во име на окултен, масонски или пагански идеал.

Ако црквата има своја област на делување а тоа не е световноста, тогаш зошто нејзините верници имаат потреба да отвараат вакви теми и да заговараат цензури и забрани на организации чиј начин на делување и организација е сосема поинаков и нема никакви допирни точки со оној на вашата црква?
 
Последно уредено:
Насловов на темава демек не имплицира казна - забрана според тебе? Или можеби за тебе тоа не е казна?
Што се однесува за правењето, тоа што на било кој начин ги тангира останатите и општеството не е воопшто скриено, тоа што е, е лична и интимна работа, за која ни на крај памет не би ми паднало да ја кажувам на рандом сеирџии за да ја валкаат и исмеваат.
Друга работа! Постојано е нагласувано дека окултното или „скриеното" не се однесува на информација или податок што е скриен од очите и ушите, туку е ниво што треба да се достигне - осознае.
.

Насловот вели „забрана„: кај прочита „казна„, дај посочи ми, не можам да видам.

Нема потреба ништо да откриваш: за Црквата, се‘ е веќе познато од областа на окултизмот.

„...Ниво‘то кое треба да се осознае...„ претставува скриено знаење, чие отркивање не е од Бога благословено, иако истото постои. Погоди кој го поседува тоа знаење.

Она знаење кое е доволно за спасение на човекот, веќе ни е откриено и веќе е познато.[DOUBLEPOST=1466503481][/DOUBLEPOST]
Ма секако, исто како и на муслиманите, хиндусите, будистите, џанаистите....и безброј други.

Наведи ми 3 светители од Исламот или будизмот и кој ги прогласил за „свети„.[DOUBLEPOST=1466503560][/DOUBLEPOST]
И ИВЗ го вели истото за вас, вашиот збор против нивниот.

Нашата вера и дела против нивната вера и дела.
Зборовите се само твои, а делата ги нема.[DOUBLEPOST=1466503698][/DOUBLEPOST]
Ако за тебе не е злоупотреба да користиш бебиња и деца во верски ритуали, тогаш за секој нормален и разумен човек тоа итекако е злоупотреба. Да имаше на пример Телемитски ритуал каде учествуваат деца и бебиња, вие први ќе лаевте кај што ќе стигнете како окултистите користеле деца во нивните ритуали, ама кога тоа го прави православната црква, тогаш тоа било ок и нормално.

Ако сам Бог одредил примање на деца во Црквата, а тој чин е потполно исправен, ама не ти е по мерак, слободно жали се кај Христа.

Што чинат Телемитите во своите ритуали, тоа е „ствар„ на демоноповикување.[DOUBLEPOST=1466503798][/DOUBLEPOST]
Ако црквата не се бави со „економија" зошто тогаш купува хотели, тргува со земјиште и недвижнини, има ценовник и слично? Било која друга организација за истите нешта е принудена да плаќа данок, но не и МПЦ и ИВЗ.

Слободно обрати се до Архепископија, верувам дека ќе бидеш точно информиран за хотелите.

Ценовникот за службите од свештениците, за верните не е проблем.[DOUBLEPOST=1466503910][/DOUBLEPOST]
Вашиот став за тоа што е блуд може да го применувате врз оние што лично и доброволно се препознале во нормите и правилата на вашата црква, не и на оние што не се дел од неа. Едностраното наметнување норми и правила за тоа како некој треба да си го живее животот е дискриминација.

Блудниците чинат дела кои се безумни и неприродни и само блудник може да ги квалификува како правилни.

Не е само до Црквата, туку и до разумот и до совеста.[DOUBLEPOST=1466504177][/DOUBLEPOST]
Црквата безброј пати била и директно и индиректно причина за многу конфликти, војни и крвопролевања, тоа е факт. Историјата сведочи за тоа. Но никаде нема да најдеш војна која се водела во име на окултен, масонски или пагански идеал.

Погрешно: Црквата не предизвикувач на војни, но е активен учесник во одбрана од злото.

Тоа што ѓоамити не се водат војни во името од окултизмот, тоа е само твоја самоизмама. Војните не се видат туку-така, туку војните, како и било кое дејство, имаат внатрешна/мисловна побуда и мотивација. Кој е мотивиран да чини зло, тоа и ќе го стори. Така е со војните, кои се редовно мотивирани од зли мисли, а злите мисли имаат свој татко. Не случајно, огромно мнозинсто од Хитлеровите први соработници беа окултисти и „вруќи„ браќа.

Погоди кој ја започна втората Светска војна...[DOUBLEPOST=1466504451][/DOUBLEPOST]
.
Ако црквата има своја област на делување а тоа не е световноста, тогаш зошто нејзините верници имаат потреба да отвараат вакви теми и да заговараат цензури и забрани на организации чиј начин на делување и организација е сосема поинаков и нема никакви допирни точки со оној на вашата црква?

Црквата не е апстрактен поим, туку жива заедница, која битисува во Светов, иако не е за Светов.

Верните имаат улога да сведочат и да делуваат за својот Бог и вера, која ги опфаќа и категориите „добро„ и „зло„, кои не се само поими, туку можности кои редовно преоѓаат во дела.

Бог Е тој Кој заповеда чинење добри дела, наспроти злоделата од првиот Богоборец. Злото не само што ги засега сите па и неверниците, туку пред се‘ е насочено кон самата Црква, за да и‘ наштети во што поголема мера. Затоа, Црквата е должна соодветно да одговори и возврати, укажувајќи на погубноста од живеењето според злото.[DOUBLEPOST=1466504714][/DOUBLEPOST]
Ја прочитав дискусијата и не разбрав зошто треба да бидат забранети. Дали некој може да понуди разумен аргумент во прилог на тезата дека треба да бидат забранети?

Биди првиот кој ќе даде „разумен аргумент„...
 
Последно уредено:
Нашата вера и дела против нивната вера и дела.
Зборовите се само твои, а делата ги нема.
Користи го оваа слободно како доказен материјал ;)

Ислам, иако једна од релативно виших религија, никако не трпи науку о Богу као Светој Тројици. У Корану се та наука исмева. А на Омаровој џамији у Јерусалиму урезана је у зиду ова заповест: "Правоверни, знајте да Алах нема Сина". Па баш зато што, по тој вери, Бог нема сина, у Корану се нигде не говори о Божјој љубави него само о Божјој правди и милосрђу. Иако је своју науку Мухамед црпео из Старог Завета, он није прочитао речи Свевишњега: "Еда ли ја, који отварам материце, не могу родити? Еда ли ћу ја, који дајем да се рађа, бити без порода?" /Иса. 66, 9/. И не само Мухамед него и древни Аријевци и модерни Унитаријанци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom