Насловов на темава демек не имплицира казна - забрана според тебе? Или можеби за тебе тоа не е казна?
Што се однесува за правењето, тоа што на било кој начин ги тангира останатите и општеството не е воопшто скриено, тоа што е, е лична и интимна работа, за која ни на крај памет не би ми паднало да ја кажувам на рандом сеирџии за да ја валкаат и исмеваат.
Друга работа! Постојано е нагласувано дека окултното или „скриеното" не се однесува на информација или податок што е скриен од очите и ушите, туку е ниво што треба да се достигне - осознае.
.
Насловот вели „забрана„: кај прочита „казна„, дај посочи ми, не можам да видам.
Нема потреба ништо да откриваш: за Црквата, се‘ е веќе познато од областа на окултизмот.
„...Ниво‘то кое треба да се осознае...„ претставува скриено знаење, чие отркивање не е од Бога благословено, иако истото постои. Погоди кој го поседува тоа знаење.
Она знаење кое е доволно за спасение на човекот, веќе ни е откриено и веќе е познато.[DOUBLEPOST=1466503481][/DOUBLEPOST]
Ма секако, исто како и на муслиманите, хиндусите, будистите, џанаистите....и безброј други.
Наведи ми 3 светители од Исламот или будизмот и кој ги прогласил за „свети„.[DOUBLEPOST=1466503560][/DOUBLEPOST]
И ИВЗ го вели истото за вас, вашиот збор против нивниот.
Нашата вера и дела против нивната вера и дела.
Зборовите се само твои, а делата ги нема.[DOUBLEPOST=1466503698][/DOUBLEPOST]
Ако за тебе не е злоупотреба да користиш бебиња и деца во верски ритуали, тогаш за секој нормален и разумен човек тоа итекако е злоупотреба. Да имаше на пример Телемитски ритуал каде учествуваат деца и бебиња, вие први ќе лаевте кај што ќе стигнете како окултистите користеле деца во нивните ритуали, ама кога тоа го прави православната црква, тогаш тоа било ок и нормално.
Ако сам Бог одредил примање на деца во Црквата, а тој чин е потполно исправен, ама не ти е по мерак, слободно жали се кај Христа.
Што чинат Телемитите во своите ритуали, тоа е „ствар„ на демоноповикување.[DOUBLEPOST=1466503798][/DOUBLEPOST]
Ако црквата не се бави со „економија" зошто тогаш купува хотели, тргува со земјиште и недвижнини, има ценовник и слично? Било која друга организација за истите нешта е принудена да плаќа данок, но не и МПЦ и ИВЗ.
Слободно обрати се до Архепископија, верувам дека ќе бидеш точно информиран за хотелите.
Ценовникот за службите од свештениците, за верните не е проблем.[DOUBLEPOST=1466503910][/DOUBLEPOST]
Вашиот став за тоа што е блуд може да го применувате врз оние што лично и доброволно се препознале во нормите и правилата на вашата црква, не и на оние што не се дел од неа. Едностраното наметнување норми и правила за тоа како некој треба да си го живее животот е дискриминација.
Блудниците чинат дела кои се безумни и неприродни и само блудник може да ги квалификува како правилни.
Не е само до Црквата, туку и до разумот и до совеста.[DOUBLEPOST=1466504177][/DOUBLEPOST]
Црквата безброј пати била и директно и индиректно причина за многу конфликти, војни и крвопролевања, тоа е факт. Историјата сведочи за тоа. Но никаде нема да најдеш војна која се водела во име на окултен, масонски или пагански идеал.
Погрешно: Црквата не предизвикувач на војни, но е активен учесник во одбрана од злото.
Тоа што ѓоамити не се водат војни во името од окултизмот, тоа е само твоја самоизмама. Војните не се видат туку-така, туку војните, како и било кое дејство, имаат внатрешна/мисловна побуда и мотивација. Кој е мотивиран да чини зло, тоа и ќе го стори. Така е со војните, кои се редовно мотивирани од зли мисли, а злите мисли имаат свој татко. Не случајно, огромно мнозинсто од Хитлеровите први соработници беа окултисти и „вруќи„ браќа.
Погоди кој ја започна втората Светска војна...[DOUBLEPOST=1466504451][/DOUBLEPOST]
.
Ако црквата има своја област на делување а тоа не е световноста, тогаш зошто нејзините верници имаат потреба да отвараат вакви теми и да заговараат цензури и забрани на организации чиј начин на делување и организација е сосема поинаков и нема никакви допирни точки со оној на вашата црква?
Црквата не е апстрактен поим, туку жива заедница, која битисува во Светов, иако не е за Светов.
Верните имаат улога да сведочат и да делуваат за својот Бог и вера, која ги опфаќа и категориите „добро„ и „зло„, кои не се само поими, туку можности кои редовно преоѓаат во дела.
Бог Е тој Кој заповеда чинење добри дела, наспроти злоделата од првиот Богоборец. Злото не само што ги засега сите па и неверниците, туку пред се‘ е насочено кон самата Црква, за да и‘ наштети во што поголема мера. Затоа, Црквата е должна соодветно да одговори и возврати, укажувајќи на погубноста од живеењето според злото.[DOUBLEPOST=1466504714][/DOUBLEPOST]
Ја прочитав дискусијата и не разбрав зошто треба да бидат забранети. Дали некој може да понуди разумен аргумент во прилог на тезата дека треба да бидат забранети?
Биди првиот кој ќе даде „разумен аргумент„...