Шпанија

S

Samurai_Sk

Гостин
За мене најубавата држава, значи како вика Мадона this is where I want to be La Isla Bonita, Шпанија ке те запамтам вечноoooooo.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
За мене најубавата држава, значи како вика Мадона this is where I want to be La Isla Bonita, Шпанија ке те запамтам вечноoooooo.
 
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
Дали некој може да ми даде линк(ови) од безбедни стран(и) за купување онлајн карта за меѓуградски воз во Шпанија.
Фала.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Bil nekoj vo lore del mar pa da dade nekoe review, prvpat ke odam letovo pa da znam otprilika nekoi raboti?
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.724
Bil nekoj vo lore del mar pa da dade nekoe review, prvpat ke odam letovo pa da znam otprilika nekoi raboti?
Јас бев на ескурзија таму. Убаво туристичко место, типично крајбрежно, со долга песочна плажа. Срби доста одат таму како што забележав. Има доста продавници за џинџири минџири, привезоци, маици и триста чуда во која работат во глобала пакистанци и сл. И обавезно да се ценкаш:D Дури и српски зборуват по малце:pos:. Има маркети исто со достапни цени, имаше една дискотека Холивуд мислам се викаше. Нагоре во планината има и огромен аква парк ама таму не бевме. За приватен смештај не знам како идат цените, ние во хотел бевме ол инклузив.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Помош за смештај во Барселона, до кај 130 за (4 ноќи) за двајца?
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Ајде, кој бил во Барселона нека сподели поконретни искуства. Сите ми велат дека градот е ефтин, па ме интересира колку е навистина ефтин. Како се движат цените за јадење? Во ресторан, во кафуле, во маркет.

Се утепав од гуглање се и се што, на разни места, разни цени пишува. Заклучив дека од аеродром до центар и обратно (повратна) автобуска карта е околи 10 е. (?) Исто така, карта со 10 возења метро/автобус е околу 10 е. (?) Некаде прочитав дека таа карта може да се користи и за метро и за градски автобус. (?)

Исто, налетав на различни цени на влезници по разни места. Веројатно најдобро е да им верувам на самите веб страни на атракциите. Како на пример, на страната на ла Саграда Фамилија, пишува дека обичен билет е 15 е. Кога ќе кликнеш на делот за купување, има разни цени. Постои и цена од 13 е за луѓе до 30 години, а стои и информација дека среда, четврток и недела за луѓе до 30 години од 18:00 часот па до затварање картата е со 50% попуст (што значи, и да е 15 е, таа тогаш би била 7,5 е).
За парк Гуел се изначитав секакви работи. Некаде пишува дека се плаќа 8 е, некаде 7 е. Некаде пишува "нешто ситно", што и да значи тоа. Некаде читам дека паркот е слободен, а делот со монумент (што и да значи тоа) се плаќа.

Ме интересира конретно за Монтјуск. Како можам да стигнам до замокот? Прочитав дека може да се оди со жичара и ме интересира дали тоа е единствениот начин. Ако е, колку чини картата и од каде трга.

Инаку, планирам да ги посетам нормално катедралата Саграда Фамилија и паркот Гуел, да шетнам низ улицата Гарсиа за да ги видам куќите Мила и Батло; да шетнам низ ла Рамбла, да влезам во ла Бокуериа, да го видам плоштадот Реиел и статуата на Колумбо; да шетнам покрај брегот и плажата Барселонета; да го посетам паркот Циудадела и триумфалната порта; да шетнам низ Готичкиот предел, да ја посетам Катедралата, можеби и Санта Мариа дел Мар или Санта Мариа дел Пи; сакам да отидам и до замокот Монтјуск (ако се снајдам), ако не отидам до горе тогаш само плоштадот Еспања, магичните фонтани и Националниот музеј од надвор, обавезно и павиљонот на Ван де Роу (влезница ?); најверојатно ќе отидам и до камп Ноу, но не планирам да влезам, сепак не ме интересира фудбалот и подобро за друго би платила влезница. Во принцип, тоа е тоа, ако има некој совет за некое место за посетување, нека пише.

Ајде, искуцајте импресии од градов, не ќутете! :D
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Паркот Гуељ е бесплатен. Цените за природни сокови се ниски, едно или две евра. Јадењето не се сеќавам искрено. Карта за метро земи си за десет возења, ако сте двајца пример со истата карта ќе се куцнете дца пати за едно возење. Мислам таа кошташе десет евра, а за еднократно возење некои три евра така да секако таа појше ти се исплати.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Член од
9 февруари 2012
Мислења
14
Поени од реакции
11
Прво околу транспортот.Таа цена од 10е е за Aerobus што те носи од аеродромот до Plaça de Catalunya. Имаш и поефтина варијанта, а тоа е да користиш градски транспорт, односно автобуст бр. 46 што те носи до Placa Espanya. T-10 картицата (10 возења за 10 евра) ти е најисплатлива и можеш да ја купиш на аеродромската железничка станица (поврзана е со самиот аеродром и се наоѓа до терминалот 2Б). Истата важи и за метро и за автобуски линии. За повеќе информации околу градскиот транспорт, еве ја официјаната страна: http://www.tmb.cat/ca/home

Дел од паркот Гуељ е бесплатен, меѓутоа за "монументалната" зона што е најпримамлива за туристите се плаќа влезница. Еве отприлика како изгледа тоа на мапа: http://www.parkguell.cat/en/prepare-the-visit/map-and-services/
Карта купена преку интернет чини 7е, на лице место е 8. Влезот е бесплатен во недела после 18:00.

Жичарата до Montjuïc чини 10.80е (повратна). Може да се стигне и со автобус, со линијата бр.150. За жал, при мојата посета не знаев дека оди автобус до горе, па пробав да се качам пешки и стигнав само до Олимпискиот комплекс :D

Недела е бесплатен ден за многу музеи, eве за кои поточно: http://barcelonanavigator.com/free-museum-days/

За импресии што да ти кажам освен дека градот е прекрасен, убедливо најубав што сум го посетил. Местата за посета што ги имаш испланирано ти се супер, би го додал и Tibidabo, што остана непосетено од моја страна, заради ограниченоста со времето :D

За тоа дека е ефтин градот, па и не е баш, главно во однос на сместувањето. Најефтин маркет што го најдов беше Dia со сосема прифатливи цени.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Голем проблем е храната, доколку сакаш да јадеш во ресторан речиси ништо не работи во периодот од 2 до 8 часот.

Пијачките во баровите чинат од 3 евра нагоре. Каде можете купувајте карти онлајн за да си го планирате времето. По булеварот les cortes има безброј пекари со голем избор и прифатливи цени. За сместување би го препорачал microtel bauhaus
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
@naumdb Дали ја посети Саграда Фамилија додека беше во Барселона?

Се мислам дали да купам влезници онлајн или нема потреба. Читам на многу места дека редиците се преголеми и може да се случи да чекаш со саати, а да не успееш да влезеш. Или пак, да чекаш со саати и да ти речат да резервираш за друг ден. Тоа што ме двоуми е отткако би ги купила картите онлајн, што понатаму? Дали ќе добијам на мејл некаква пдф влезница која ќе треба да ја принтам или пак, само со лична/пасош таму ќе влезам? Дали знае некој? Што е подобро?[DOUBLEPOST=1477302695][/DOUBLEPOST]@naumdb Дали ја посети Саграда Фамилија додека беше во Барселона?

Се мислам дали да купам влезници онлајн или нема потреба. Читам на многу места дека редиците се преголеми и може да се случи да чекаш со саати, а да не успееш да влезеш. Или пак, да чекаш со саати и да ти речат да резервираш за друг ден. Тоа што ме двоуми е отткако би ги купила картите онлајн, што понатаму? Дали ќе добијам на мејл некаква пдф влезница која ќе треба да ја принтам или пак, само со лична/пасош таму ќе влезам? Дали знае некој? Што е подобро?
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ја си ја купувам на билетара нема некоја опасна гужва и секогаш одам попладне околу 5-6.[DOUBLEPOST=1477307860][/DOUBLEPOST]Ја си ја купувам на билетара нема некоја опасна гужва и секогаш одам попладне околу 5-6.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.660
@naumdb Дали ја посети Саграда Фамилија додека беше во Барселона?

Се мислам дали да купам влезници онлајн или нема потреба. Читам на многу места дека редиците се преголеми и може да се случи да чекаш со саати, а да не успееш да влезеш. Или пак, да чекаш со саати и да ти речат да резервираш за друг ден. Тоа што ме двоуми е отткако би ги купила картите онлајн, што понатаму? Дали ќе добијам на мејл некаква пдф влезница која ќе треба да ја принтам или пак, само со лична/пасош таму ќе влезам? Дали знае некој? Што е подобро?
Првиот пат кога отидов да ја посетам Саграда Фамилија бев некаде околу 12 часот, имаше редици на сите страни... и не знаеш каде се продаваат карти. После најдовме на едно место каде што пишува, наредна продажба на влезници во 18:00 часот. :) Па оставив за другиот ден да купам онлајн, ти испраќаат порака на mail со QR Code, ти пишува од колку до колку можеш да влезеш, го покажуваш кодот на смартфон, го вчитуваат и тераш :)
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
^ Фала на инфо, но тек сега читам.


Ај да споделам мое искуство.

Барселона е релативно ефтин град, барем во споредба со тие неколку европски градови во кои јас сум била. Маркетите се преефтини и ги има на секој чекор. Мали лименки пиво/сок - 0.50 - 0.80; леб - од евро нагоре; вакумирани кашкавали/сувомеснато - повеќето по евро (доволна количина за едно јадење); тортелини/равиоли/шпагети - 1.50; итн. Пекарите се исто така ефтини, повеќето пецива се околи 1 евро, некои по 0.70/0.80, некои по 1.50/1.70. Често налетував на понуда, сендвич + лименка сок - 1.99/2.50. Пица парче, 2 евра. Мини панцероти, 2 евра. Помфрит, евро. На Ла Рамбла јадев во pitta in нешто како гиро, 3.45. По повеќето сендвичари, сендвичите се движеа 6/7/8 евра. По кафулињата најчесто паењата беше околу 10 евра. Пијачките 2/3/4, зависи што. Кафе евро до 2. Реално, не е воопшто скап град.

Локацијата ми беше одлична, во близина на Универзитат. Поради тоа, искористив метро само до парк Гуел и до магичните фонтани. Right off the bat ќе кажам, Саграда Фамилија е едно од најубавите нешта што ги имам видено. Кога пристигнав таму наутро, вработениот ми рече дека за дента сите билети се букирани и дека само има за утредента онлајн букирање во 6:30 попладне. Поголемо разочарување одамна немам почувствувано. Малку подоцна прашав уште еден вработен, тој ми рече дека се е букирано и нема влагање дента и утредента. Разочарана седев во парковите одспротива и пред да заминам од таму, прашав повторно. Оп, може да се купат влезници и тоа веднаш и за влез во истиот момент. Каква радост. Пола ден го поминав тука, уживајќи внатре опколена со сите тие столбови и витражи; потоа и во подземните делови каде што се изложени макети и цртежи; и секако надвор детално истражувајќи ја фасадата. Прекрасно искуство!
Исто така, ми се допадна и парк Гуел, за кој чекав 4 ипол саати за да влезам. Во меѓувреме, го прошетав секој дел од слободниот предел. Времето беше одлично, прошетката беше совршена. Ми се допадна и монументалниот дел, интересни се сите Гаудови детали, а секако и погледнот кон Барселона е одличен.
Ми се допаднаа и каса Мила и каса Батло, а и пределот од Универзитат па до улицата Грација е прекрасен за шетање. Преубава е шпанската архитектура, улиците се широки и удобни за шетање без разлика на гужвата.
Уште повеќе ми се допадна готичкиот предел со сите тие тесни улички и преубави шпански рустикални згради. Атмосферата тука е одлична, се чуствува најмногу живост, има секакви кафулиња и барови. Катедралата е прекрасна, не знам дали е зошто тазе сум под импресии, но повеќе ми се допадна и од Нотер-Дам во Париз. Сводовите се слични, но повеќе витражи има и осветлувањето беше подобро што и дава по монументален изглед.
Барселонета е убава и широка плажа, имаше многу сурфери. Баш онака топ за одмарање малку. Брегот со марината е преубав, исполнет со палми на копното и многу бродови во водата. Ми се допадна и Сиутадела паркот, убаво е среден и секако езерцето со споменикот е прекрасен. Портата е океј, ми се допадна патеката која води од паркот кон портата, исполнета е со луѓе, водени балони, убави вибрации.
Пределот плаза Еспања - Националниот музеј е магнифисент! Бившата арена за бикови која се наоѓа кај п. Еспања нуди преубав поглед, а може и да се направи шопинг бидејќи е трговски центар. Перфектна симетрија; кружниот тек со споменикот, двете венецијански кули, магичните фонтани, Националниот музеј. Многу многу многу убаво.
И Ла Рамбла е убава, жива 24/7. Навечер е полна со проститутки, што не ми се допадна. Но, тоа е што е, може да се заобиколи. Преку ден е далеку поубава, во близина на столбот со Колумбо ги има оние луѓе "статуети" кои забавуваат луѓе. Плаза Реил е преубаво местенце за краток одмор.

Се на се, одушевена сум од Барселона. Градот вибрира од живост, владее преубава атмосфера низ улиците, дење и ноќе. Архитектурата е прекрасна, делата на Гауди се запрепастувачки. Брегот е одличен, целиот град е преполн со палми. Цените се пристапни, изборот за уживање е огромен.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Ајде и јас да споделам искуство за Барселона.

Потполно се согласувам со @Arwen Undómiel , градот е релативно ефтин.

Преку WizzAir ако се резервира месец, месец ипол однапред цените се околу 3.000 денари а може и помалку. Аеробус имаш на секои 5 минути што одат од и кон аеродромот од повеќе плоштади на фреквентни локации. Низ градот имаш и туристички инфо бироа(јас така ги викав) трафики со лица кои ти делат мапи, информации и предлози. Бев средина на декември и температурата беше 18-20 степени.

Бевме сместени на 5 минути од Ла Рамбла но во близина на Gothic Quartet. Градот е преубав, одличен јавен превоз со метро. Голем број луѓе користат велосипеди и тротинети што ме зачуди и нон стоп насекаде има луѓе кои џогираат. Паркови има речиси на секаде и е голем плус според мене. Исто најголем впечаток ми остави парк Цитадела и нормално Гуељ, тие два обавезно мора да се видат. За секаде каде што шетав веќе однапред онлајн резервирав билети со точно време на влегување и не чекав воопшто никаде. За Саграда препорачувам резервација со посета на една од кулите(Се резервира билет за влез во саграда и билет за кога да се качите на кулите, вкупно чини 27 евра). На влез ви даваат аудио водич кој перфектно го доловува секој момент и приказна поврзана со Саграда. Внатрешноста е нешто неопишливо искуствои од саат половина колку што максимум траеше посетата саат време шетав во внатрешноста. Се качив на Nativity Tower и е многу добар погледот. Кулата е на 60 метри височина и има мал мост кој се гледа од страната на влезот во Саграда. Внатрешноста на кулите е тесна со спирални скали нанадолу и мали терасички од страна на кои може да се види поубаво декорацијата како и изградбата која сеуште трае. Аудио водичот има приказни за кои познати уметници изработувале дел од скулптурите, кои свои белези ги оставале како и приказната за Гауди. Ла рамбла преку денот е многу поубава со секаков вид на улични забавувачи, додека преку ноќ е многу гужва и веќе има нудење на дрога, жени и останато.... Иако 24 часа има насекаде полицајци низ цел град навечер особено околу Gothic Quartet и пристаништето не е толку безбедно. Секогаш одев пешки со мапа симната на телефонот и немав проблем да ги најдам местата што ми беа зацртани. Ги посетив Катедралата на Барселона и уште една катедрала во нејзина близина(заборавив како и беше името) Магичните фонтани и Националниот музеј, пазарот Ла богуеира, Плаза реил е преубав и уште еден куп места. Во недела после 5 е бесплатен музејот на Пикасо но не отидов бидејќи немав време тогаш а и мора да се помине преку Gothic Quartet. Голем број на места имаат попусти и слободен влез како што кажа @FilipMak во неговиот пост. Препорачувам шетање пешки низ градот од едно место до друго(доколку ви дозволува престојот) бидејќи градот е преубав. Одапред направете си план што ке сакате да видете и со гугл мапс направете си една самостојна туричка бидејќи Барселона има што да понуди. Во близина на Музејот на Пикасо е и музејот на чоколадо за кој влезницата е 6 евра.

Градот е прекрасен и буквално излегував од 9 сабајле до 9-10 навечер три дена бев на нога нон-стоп на нога за да го разгледам. Преубава атмосфера и клима, палми на секој чекор и убави песочни плажи. Престој закажавме преку букинг и не фати 3.000 денари по човек за 3 ноќевања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom