Еве една дискусија за полуосовините :
Кога се врти воланот, поради различно одалечување на тркалото, полуосовината завзема различно место во `тројката`. Најчесто возиме право, па на централното место(зелена боја) се ствара мал жлеб.
Кога тркалото се врти на една страна, крстачот што е влезен во `тројката` исто се врти за малку на едната страна и преминува преку жлебот, и самиот прелаз нормално ствара вибрации.
Но во пракса овие агли што ги имам нацртано, се многу помали, колку што дозволува толеранцијата на крстачот. Најголемо влијание има подолжното движење на крстачот низ тројката, но сепак најмногу крстачот се задржува на средината и тука прави жлеб.
Ова е полуосовина со тројка и крстач, а поновите се со некоја врста на зглоб сличен како тој што оди на тркалото.