respectone што толку се драматизираш бе братче... маф ми е работа ако не фатам девојка... пффф... и што дека ќе ја имаш... што толку па и ти...
Да те прашам плус тоа, колку години имаш?!
Ако незнаеш да покажуваш сето тоа на дело што го чувствуваш, тогаш јас тука би ти поставил прашање, дали ти воопшто чувствуваш нешто кон девојката? зашто ако чувствуваш нешто тоа и би се покажало на дело, а ти незнаеш како да го покажеш на дело зашто не чувствуваш... тоа се вика лажна практика... а тоа е лошо, лошо поготово кога девојката ќе дознае оти ти незнаеш како да го практикуваш она што го чувствуваш и коа ќе сфати оти имаше лажна практика сето тоа време... може не ме сфаќаш, повеќето луѓе не ме сфаќаат али до некаде знаеш за што зборам! хаха...
Треба прво нешто да почувствуваш кон некоја, па тоа повеќето од тебе само ќе излезе на дело и ти без да сакаш тоа ќе постапи така како што ВИСТИНСКИ чувствува кон таа девојка!
И те молам, немој да викаш иам многу што да дадам, можам да влагам до дното на нејзиното срце бла бла бла... али како?! - значи сепак прашуваш...
Ние тука сите имаме многу да дадеме и да освојуваме нечие срце и да навлеземе толку длабоко во некое срце, но секој на свој посебен начин... ти брат треба да си го најдеш твојот начин како треба да влезеш во срцето на некоја, а не да бараш тука ние да ти помогнеме како да влезеш, зашто ние не можеме ништо да сториме таму... туку работата е во тебе, ти како ќе се покажеш, ти како ќе ја изведеш практиката која мора, МОРА да се одликува со вистински чувства кон некоја девојка, а не со лажни, лажни зборам во стил на: хмм... ми се сфиѓа таа морам да имам нешто со неа... а фактички ти во себе не почувствува баш некое големо чувство... зборам чувство кое е попратено со денови, недели...
И те молам, не барај јавно по форум девојка, како што кажа самиот, мора да се најде некоја од тука ако не маф ми е работата... зашто?! заради тоа што девојките ќе се почувствуваат како предмет, а не како живо суштество кое е нежно, мило и кое треба да се сака вистински...
Тогаш, ако е така, тука би се поставило прашање: Дали за тебе девојките се предмет или живи суштества за кои треба едно машко за една девојка да се грижи и да ја сака и да ја нарекува мила, нежна итн.... да и докаже оти е подобрата/понежната страна од него и оти е сакана, али тоа да е попратено со вистински чувства кон неа...
Се надевам оти ова ќе ти помогне до некаде... може бев малку груб кон тебе, прости... но тоа е вистината братче... Со среќа потрагата, и се надевам оти сето она што ќе го чувствуваш ВИСТИНСКИ ќе знаеш во практика како да го извадиш... ти реков плус, ако е вистински само по себе ќе излезе....
Ај сеа ја да идам на проба со бендов, оти нејкам да закаснам, ви ганна рок ит бејби

:salut: