S
SpaceTraveler
Гостин
@MIKI1 ниту една религија за жал не ни нуди некоја си совршена варијанта. Погледни ги пак сликите на Шива, Вишну и Буда. Седат мирно медитирајќи, а од друга страна учат дека животот е страдање. Погледни ја сликата на Свети Горгија како убива ѕвер, истото го прави и Кали, само Кали го убива оној во нас, а не надвор од нас! Затоа што двата волка се во нас и добриот и лошиот, кој ќе го храниш тој ќе те служи.SpaceTraveler,
можеш ли да го опишеш своето расположение, гледајќи ја оваа неприродно-грозна спобода од „бог„?...
Јас не велам дека Кали е божица над се и целовкупно божество, сепак во хиндуизамот Бог е Брама, а Кали, Шакти, Дурга-Дева, Шива, Камдев и слично се само манифестации на Брама, се произлегува од Брама (според Хинду учењето и Ведите)
Своето расположение во врска со Бог би го опишал со пејсажи и мирољубиви зборови, нежност чија што сила е неприкосновена, Љубов и само Љубов (Тоа го посакуваме нели?). Но, во животот на Човекот не е се така розево, од желбата за доминација, насладувајќи ги своите страсти преку алчност и нанесувајќи лошо на другите, налевајќи го вода нашето неприсушно его, сакаме да уживаме, а истото ужиување го плаќаме преку последица и на се како баланс ,,доаѓа Мајката Кали"
MIKI1 истата ,,мајка" се јавува кога војуваат суетите на луѓето тука на Земјата или ,,јас сум муслиман", ,,јас сум христијанин" , ,,мојата татковина е Кина" а како баланс на тие војни доаѓаат крвопролевањата на Кали, каде што сите страни ќе бидат губитници, затоа што и двете страни се резултат на многу его! Ова ти го кажувам симболично затоа како што реков, не сум јас хиндуист ниту било каков следбеник на религиите и учењата од старите-еони, каде што фокусот беше сведен на природата и бог, но на овој еон каде што центарот е Човекот и Човештвото, а целата Боженственост е во истото, не надвор од него, Живот, Светлина, Слобода и Љубов.
Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува. - Liber AL || - 9
Чекорејќи по патот човекот се соочува со потешкотии и проблеми, болки, така, уживање, но и страдње, кој истите му се предизвици да стане подобара личност. Јас на ,,Кали" гледам детоксификација, на местото каде што се наоѓа неправда и злоба, добро е да се направи простор за ударот на нејзиниот меч! Погледни во било која култура постои по некоја Кали...