EП 2016 - Група А (Франција, Романија, Албанија, Швајцарија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една изјава имаше ваква од еден Албанец кој играл во Скандинавија ако не се лажам дека барале пари итн...колку е точно, незнам.
 
И нашиве вака му правеа на Несторовски кога му бараа пари за да игра за Македонија, еве и кај албанциве било исто... Самошто овие пропуштиле играчи што играат за поголемите клубови, а Несторовски допрва треба да се докажува.

Сеедно, тоа е тој балкански менталитет, плати па клати =)
 
И да се случи таа промена во стартната формација тоа ќе биде само против Албанија, потоа пак ќе си играат Гризман и Погба
 
Погба да, но ако Коман и Марсиал се покажат во подобро издание од Гризман, еден од нив, или и двајцата може да го задржат местото во првиот тим.
 
Ајдеееееееее Само јакоооооооо! FORCA SHQIPERIA!

13417457_10153740060226243_505202211947865910_n.jpg
 
Погба да, но ако Коман и Марсиал се покажат во подобро издание од Гризман, еден од нив, или и двајцата може да го задржат местото во првиот тим.
вака би пробал јас

канте-погба
коман-паје-марсијал
гризман
 
Се плашам дека Франција ќе се повампири вечерва.
Но ајде барем Швајцарија нека победи, па во последниот меч да се одлучи за третото место, директно помеѓу Албанија и Романија.
 
И нашиве вака му правеа на Несторовски кога му бараа пари за да игра за Македонија, еве и кај албанциве било исто...
А кога па порано он заслужил повик воопшто? Додека играше во втора лига во Хрватска? Или претходно кога беше во Металург? Он до пред година дена воопшто не ни имаше што да бара во репрезентација. Еве оваа сезона си заслужи повик и оваа година си е редовен.

Не викам дека нема такви ствари кај нас, ама Несторовски нема што да се буни, може едино да биде среќен ако порано дури му нуделе опција да добие повик ако плати за тоа, оти до пред година дена по никоја логика не ни имаше што да биде викан.
 
Замисли чоече Сеферович живее од фудбал.
Тоа му е работа за тоа го плаќаат...:facepalm:
Ооооопппп 1-0
Да земат Сеферович и да му искршат лопата од глава. Мрсул чоече. Кој играч е овој бе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom