Ашкол сум бе дете, аферим, ваков проценител како тебе ни за чистач на вц не би ставил кога би се прашувал и таму нема да знаеш дали се чисти плочките или има измачкано гомно.
Каде ја виде ти иднината? Ајде и тебе истото прашање, наброј ми 10 добри особини на Заев поради кој треба да го гласам на следните избори, дај ми ја во пдф целата програма за идните 4 години да ја разгледам што човекот ќе промени, без програма ни на брат не верувам.
Јас не еден, ќе ти убедам уште 100души да ти гласаат за Заев, ако ти мене ме убедиш дека ќе биде утопија кога тој ќе дојде на власт. Јас ти гарантирам дека уште не отворена вратата од кабинетот ќе почне и тој да вработува килави неспособни глупаци со книшки во администрацијата, а ќе почне да ги брка килавите од другата страна.
Имаме способни луѓе во државата, ама сите кога застанат на вагата на парите и корупцијата се менуваат за 360степени, јас би ги скратил многу мандатите на сите високи позиции, според мене е најдобро да бидат на секои 2 години, ќе имаме се почесто избори, па кога му се ниша позицијата, би се труделе повеќе, а за време на тие 2 години целосна проверка на ветената предизборна програма, дали она што го ветиле се исполнува по датуми како што е ветено.
Нешто налик на буџетите во големите корпорации, таму нема измрдување од планот кој е зададен, денес измрдаш жолт картон, втор жолт и си аут, е така треба да биде и во државата, а самата контрола треба да ја прави народот, т.е организации претставници на народот независни од партиите и самиот народ со постојана телефонска и интернет комуникација со тие организации, ако и организацииите почнат да влечат кон страната на власта поради некаква закана или мито, народот ќе ги сечи веднаш, нивна промена и промена на власта. Кога секој на секој му е душкало во врат е подобро, треба да се плашат да однесат дома пенкало кое не е нивно, а не милиони.
Контрола, многу голема контрола на секоја ситница е најбитно во држава со ваков менталитет, многу лесно може да се организира, а не цел сектор во државна институција да работат колку јас сам во приватна компанија, е тоа е она што не еби како народ, а фатат државна позиција сите гледаат да украдат и да си го ладат, џандарите да може и на капење со униформа би оделе, пола од нив се најголеми шверцери, багабонти, докторите си спијат на работа и луѓе им умираат на секој чекор, зошто?