Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Исто така го гони и Заев и остала багра и слушаш од опозиционериве како тоа биле најлошите и најзлобни луѓе, но само слушаш, а тоа не значи дека веруваш...

Но сепак, тоа никогаш не би се десило...
Сега и СДСМ и ВМРО си имаат јавни обвинителства што работат за нив :)
Како така заклучи дека СДСМ има свое јавно обвинителство?
Тоа што уште нема никаква постапка за опозиционерите не значи дека нема да дојде време и за нив.

Ќе те потсетам дека СДСМ е опозиција и таа нема функционери на власт кои направиле криминал, освен некој градоначалник.
Или поинаку кажано, нели е поентата и најважното во моментот да се бутне криминалната власт и разбивање на еден корумпиран систем?

Твојата потенцијална пропаст и пропаста на целата држава што се случува е поради тоа што некој се прави дека изградил нешто со некои позајмени пари и дека пред тоа ништо никој нема напраено и дека целиот систем он го створил.
Он човече те има тебе, те контролира со медиуми, те врти дека тој е тој што гради а ти си тој што си со него, закрепостен и потчинет во неговите убедувања. Доколку не си со него ти си разединувачот, предавникот и црната овца и главниот винивник што не чини системот.
И ти сеуште збориш за СДСМ и за Заев, кој никако нема контрола над тебе и ти ако си доволно паметен заедно со народот, ќе извлечете од оваа ситуација голема лекција и во иднина нема да дозволете ако тој покуша нешто слично.
 
Последно уредено:
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Опозицијава се цвеќиња за мирисање :)
Сите добро ги знаеме: Заев, Шекеринска, Фрчковски и тако далје и тако далје...
Ако некој мисли дека државата ќе се управи ако они дојдат на власт, мора да е екстремно глуп :D
Ти мора да си ненормален, чим ја подржуваш оваа гарнитура на власт. Не правиме споредба како било или ќе биде едноставно е, тој што се огрешил пред законот да одговара.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
На форумов има 3 членови што убедливо се најнајглупите луѓе што сум остварил некаков вид на комуникација. Јас
стварно во живот не сум сретнал вакви створења, неможам и несакам да размислувам во живо како овие луѓе функционираат и на каков начин се дружат со други луѓе.
Политика на страна,се на страна.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Епа ај да не гласаме штом така. Не може да затвориме очи на овој криминал само затоа што Заев бил ист, и плус што нема шанси да е ист бидејќи 10 години не се ни доближил до власт. Да не излезе дека го бранам, ако би дошол и почне да го прави истото јас сум сигурен дека пак ќе има вакви протести. А за протестиве исто сум сигурен дека не се организирани од Сдсм, тоа што доаѓаат нивни членови не значи дека тие организираат.
Јас не викам да не се гласа кога ќе имаме „чист гласачки список“ или да не се протестира, само проблемот е што меѓу тие што протестираат имаш криминалци исти како тие на власт и што е потрагично се токмат за да те водат.
На ваков менталитет на народ не верувам дека ќе видам праведен владетел, барем не во догледно време и да ставиш некој што ќе биде ок на старт, за брзо ќе го префати истата болест од постојните.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Јас не викам да не се гласа кога ќе имаме „чист гласачки список“ или да не се протестира, само проблемот е што меѓу тие што протестираат имаш криминалци исти како тие на власт и што е потрагично се токмат за да те водат.
На ваков менталитет на народ не верувам дека ќе видам праведен владетел, барем не во догледно време и да ставиш некој што ќе биде ок на старт, за брзо ќе го префати истата болест од постојните.
Кеплер, јака медиумска зона застапуват. Кој и да застани на чело ќе го оцрнат за помалце од 5 минути, тоа е најголемиот проблем кај народот.
Кога името на Пендаровски го исфлекаја што остана за друго.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Јас не викам да не се гласа кога ќе имаме „чист гласачки список“ или да не се протестира, само проблемот е што меѓу тие што протестираат имаш криминалци исти како тие на власт и што е потрагично се токмат за да те водат.
На ваков менталитет на народ не верувам дека ќе видам праведен владетел, барем не во догледно време и да ставиш некој што ќе биде ок на старт, за брзо ќе го префати истата болест од постојните.
Дај бе доста се правите паметни, па СДСМ не бил 10 години на власт ако остане ДПМНЕ на чело со мафијата оваа држава може да се шкртне од мапата на Европа.

Нека дојде СДСМ нека почне да го прави истото нека почне да пуни свои партиски војници пак ќе излеземе на улица, НО НО НО мора да се врати баланасот, државата нема баланс има само мафијаши кои се над законот и си играат со нашите животи.

Затоа доста паламудриш доста се правиш паметен, секој што нема да гласа за опозиција директно ја убива Македонија.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516

Те разбирам што сакаш да кажеш, ама не може заради тоа што нема праведен владетел, да ги оставиме сегашниве да продолжат со крадење. Не викам дека Заев не е грешен, баш затоа треба и него да му се даде до знаење што го чека. Тоа што доаѓа на протести и е во први редови не значи ништо, 1000% овие протести не се организирани од опозицијата.
 
B

Bafra

Гостин
Јас не го оправдувам, напротив и јас викам дека тој не чини, проблемот е што планираната замена многу ми наликува на пастирот.
Како тоа Заев ти наликува на Грујо :confused: ....

Заев а и цела негова фамилија се бават со приватен бизнис, обезбедува плата за 800 вработени.
Кој работел приватно знае што значи тоа и колку е тешко, посебно на оваа територија. Во секое време Заев би го избрал пред било кој друг.
За разлика од него,Шеќерка, Б.Ц. и остали олигарси кои лапнаа милиони и ги чуваат во банка,БЕЗ ИДЕЈА ДА ГИ ОПЛОДАТ земените пари.
Научени само да земаат без да инвестираат, а тука е основниот проблем кај нас. Несакаат да дадат пари ни за Телевизија да имаат, а плачат против Шител и К5.
Грујо и компанија знаат фрли рипче фати крапче а и по некоја сирена :P
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Како тоа Заев ти наликува на Грујо :confused: ....

Заев а и цела негова фамилија се бават со приватен бизнис, обезбедува плата за 800 вработени.
Кој работел приватно знае што значи тоа и колку е тешко, посебно на оваа територија. Во секое време Заев би го избрал пред било кој друг.
За разлика од него,Шеќерка, Б.Ц. и остали олигарси кои лапнаа милиони и ги чуваат во банка,БЕЗ ИДЕЈА ДА ГИ ОПЛОДАТ земените пари.
Научени само да земаат без да инвестираат, а тука е основниот проблем кај нас. Несакаат да дадат пари ни за Телевизија да имаат, а плачат против Шител и К5.
Грујо и компанија знаат фрли рипче фати крапче а и по некоја сирена :P
Тоа наликувањето е во смисла на глупости, нели имаше видео дека прима поткуп...додуша 99.99999% од народот да е на нивна позиција ќе го прави истото.
Не значи дека ако некој знае да ја менаџира фирмата, ќе ја менаџира и државата, фирмата е приватен капитал и од тоа му зависи неговиот џеб, а државата му е битна колку да го товари магаренцето и да биде стабилен со приватниот бизнис во иднина.
Сигурно има садено многу чушки и френки по Струмица штом стигнал до фирма со 900 вработени.

За шеќерка, б.ц, коле и останатите од каде знаеш дека ги чуваат парите во банка и не ги вртат?
На секој чекор се наоѓа некој што за некоја илјада месечно ќе става потпис на се живо и ќе фигурира како газда и раководител.
 
Од сите типови на Македонци, ти си оној најлошиот. - Ставот дека се ќе биде исто.. (Курац се сите исти и курац ќе биде се исто)
Ти не размислуваш за иднината, тебе ти е вкоренето некое минато и песимизам и така никогаш нема да одиш напред, со твојава мисла и реа што ја шириш, сакаш да кажеш дека сите како нација треба да се покориме и да се помириме со фактот дека некој треба да не владее, манипулира и ограбува.
Пред 150 години, луѓето од тип како тебе, биле оние уназадените кои биле помирени дека биле под турска власт и ништо не превземале затоа што мислеле дека ништо нема да се смени ако се активираат.
Но тогаш имало 1% напредна младина која имала идеали и размислувања 150 години понапред од таквите уназадени створенија.. И тие иако биле многу малку сепак донеле нешто и измениле и измените се осеќале во иднината... Луѓето како тебе не менуваат ништо, заспани се и никако да се разбудат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.325
Поени од реакции
16.489
Дај бе доста се правите паметни, па СДСМ не бил 10 години на власт ако остане ДПМНЕ на чело со мафијата оваа држава може да се шкртне од мапата на Европа.

Нека дојде СДСМ нека почне да го прави истото нека почне да пуни свои партиски војници пак ќе излеземе на улица, НО НО НО мора да се врати баланасот, државата нема баланс има само мафијаши кои се над законот и си играат со нашите животи.

Затоа доста паламудриш доста се правиш паметен, секој што нема да гласа за опозиција директно ја убива Македонија.
Има ли тука АДМИН ??? во темата за СЈО Дарко ќе убедува кој за кого да гласал :facepalm:
Правото на глас е неприкосновено, освен тоа не е почната ниту изборна кампања.... нема датум за избори
 
D

Darko_ufo

Гостин
Има ли тука АДМИН ??? во темата за СЈО Мафо ќе убедува кој за кого да гласал :facepalm:
Правото на глас е неприкосновено, освен тоа не е почната ниту изборна кампања.... нема датум за избори
Стари иди бе лечи се и научи да читаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Македонија , никогаш и со букви НИКОГАШ немала препорака за членство во ЕУ, имала само морков на долг стап и маса глупандери кои верувале дека тој, ако трчаш доволно посветено по него...... ќе не одведе на север...:)...
колку си ти "во право", не си свесен...Македонија беше првата земја од овие што сеуште не се влезени од балканот, која потпиша договор за стабилизација и асоцијација (2001 со важност од 2004). Официјално стана кандидат во декември 2005, кога другите сегашни 6 абер немаа од некаков статус (освен не знам за Турција). Со Хрватска имавме напоредно сличен статус. Сега Хрватска е во Е, Србија, ЦГ, Албанија...сите станаа кандидати. Значи, од сите бивши Ју држави и Албанија кои не се сеуште членки (го започнавме процесот истовремено со Хрватска 2000-2001), ние бевме први кои добивме можност за преговори и статус. Сега цг, србија си тераат напред...
Е ние сме антички македонци ем ќе се тешиме со Косово. Така да, не знам што ти заклања видик, да заклучиш што досега се случуваше.
http://eeas.europa.eu/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/
http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/saa03_01_en.pdf
http://www.sep.gov.mk/data/file/Publikacii/pregovori-za-clenstvo.pdf
За тоа што Македонија не само што не ги исполни главните услови туку и назадуваше, не е виновна еу и нејзината политика на според тебе стап и морков. Тоа се твои фантазии, ништо повеќе.

Сега сето сработено 2 децении (1995, покана за членство и посебно прва половина на 2000тите) и определбата на државата, владата и програмата на партијата за евроатлантска определба може лесно да паднат во вода
Политичката криза ја загрози препораката за ЕУ
Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Од сите типови на Македонци, ти си оној најлошиот. - Ставот дека се ќе биде исто.. (Курац се сите исти и курац ќе биде се исто)
Ти не размислуваш за иднината, тебе ти е вкоренето некое минато и песимизам и така никогаш нема да одиш напред, со твојава мисла и реа што ја шириш, сакаш да кажеш дека сите како нација треба да се покориме и да се помириме со фактот дека некој треба да не владее, манипулира и ограбува.
Пред 150 години, луѓето од тип како тебе, биле оние уназадените кои биле помирени дека биле под турска власт и ништо не превземале затоа што мислеле дека ништо нема да се смени ако се активираат.
Но тогаш имало 1% напредна младина која имала идеали и размислувања 150 години понапред од таквите уназадени створенија.. И тие иако биле многу малку сепак донеле нешто и измениле и измените се осеќале во иднината... Луѓето како тебе не менуваат ништо, заспани се и никако да се разбудат.
Ашкол сум бе дете, аферим, ваков проценител како тебе ни за чистач на вц не би ставил кога би се прашувал и таму нема да знаеш дали се чисти плочките или има измачкано гомно.
Каде ја виде ти иднината? Ајде и тебе истото прашање, наброј ми 10 добри особини на Заев поради кој треба да го гласам на следните избори, дај ми ја во пдф целата програма за идните 4 години да ја разгледам што човекот ќе промени, без програма ни на брат не верувам.
Јас не еден, ќе ти убедам уште 100души да ти гласаат за Заев, ако ти мене ме убедиш дека ќе биде утопија кога тој ќе дојде на власт. Јас ти гарантирам дека уште не отворена вратата од кабинетот ќе почне и тој да вработува килави неспособни глупаци со книшки во администрацијата, а ќе почне да ги брка килавите од другата страна.
Имаме способни луѓе во државата, ама сите кога застанат на вагата на парите и корупцијата се менуваат за 360степени, јас би ги скратил многу мандатите на сите високи позиции, според мене е најдобро да бидат на секои 2 години, ќе имаме се почесто избори, па кога му се ниша позицијата, би се труделе повеќе, а за време на тие 2 години целосна проверка на ветената предизборна програма, дали она што го ветиле се исполнува по датуми како што е ветено.
Нешто налик на буџетите во големите корпорации, таму нема измрдување од планот кој е зададен, денес измрдаш жолт картон, втор жолт и си аут, е така треба да биде и во државата, а самата контрола треба да ја прави народот, т.е организации претставници на народот независни од партиите и самиот народ со постојана телефонска и интернет комуникација со тие организации, ако и организацииите почнат да влечат кон страната на власта поради некаква закана или мито, народот ќе ги сечи веднаш, нивна промена и промена на власта. Кога секој на секој му е душкало во врат е подобро, треба да се плашат да однесат дома пенкало кое не е нивно, а не милиони.
Контрола, многу голема контрола на секоја ситница е најбитно во држава со ваков менталитет, многу лесно може да се организира, а не цел сектор во државна институција да работат колку јас сам во приватна компанија, е тоа е она што не еби како народ, а фатат државна позиција сите гледаат да украдат и да си го ладат, џандарите да може и на капење со униформа би оделе, пола од нив се најголеми шверцери, багабонти, докторите си спијат на работа и луѓе им умираат на секој чекор, зошто?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom