Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ниту сум портпарол на сдсм ниту сум советник на Заев да те убедувам зошто он е добар. За мене причината што ќе гласам ,,против ДПМНЕ" на следните избори (се навлажнија ботовите кога го прочитаа зборов) е целосната партизација на сите сфери во општествито, целосното ограбување на државата, и општо прекршување на сите вредности во кои верувам.
СДСМ кога би дошол на власт после ваков граѓански бунт, нема да смее да мрдне со прст, без да наиде на силна критика, а не па да спроведе дел од ова што ни се случува последниве 25 години (од кои последните 10 значително се издвојуваат).


За вториот дел околу револуциите. Од кога сите станавте толкави експерти за организирање на бунт и бутање на режим? Сите кажуваат вака требало, онака требало. Другар ако си толку паметен и ти смета режимот, слободно дојди и кажи го твојот став. Ќе те ислушаме, па може и ќе се согласиме ако кажеш нешто паметно. Дали имало грешки? Секако дека да, но фактот што 90% од барањата на шарената револуција се исполнија, доволно говори за тоа колку добро се организираше овој бунт.
Утопија ќе биде кога ќе дојдат и тие, можеби ќе им требаат неколку месеци додека да ги пуштат корењата и ти гарантирам дека исто како со овие пак ќе ни го тргнат сандакот на глава, ова ти е како да ставиш волк да ти ги чува јагнињата.

Кој ќе ислуша, војниците од едната или другата страна, живееме во држава каде народот ти е задоен со политиката, на едните ветува едната партија, на другите другата партија, треба да имаш доверба во луѓето за да застанеш пред нив, а тука може само нож во грб да јадеш.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ама на кого му објаснуваш? Они победата на избори ја сфаќаат како извор на легитимитет на апсолутистичка власт. Победуваш на избори и четири години правиш што кур сакаш.
Поделба на власт, владеење на правото, слобода, демократија, што е тоа? Освен избори во тоа нивните празни мозоци нема ништо друго. Што и да им кажеш ботовите ќе ти одговорат со ,,ајде на избори". Или може, ако е испрограмиран на малку посложено ниво, да ти одговори со ,,Јас сум независен и сите политичари се лоши, ама ова заев што го прави нема смисла. Изборите се единствен излез од кризава".
Едит: хахахахахааххахаах еве го пак. Избори избори избори. Џабе ќе праиш муабет. Така е испрограмиран. Не те ни слуша, само автоматски ти одговара.
Не не, тука си ти блокиран. Од вакви како тебе треба сите да се пазат.
Вакви ко тебе сакаат да умре институционалниот систем, да не постои, и правдата да се дели на избори кои ќе ги организираат миле и гоца.
Затоа луѓето пишат да не се повтори, вакви размислувања како твоите не треба да си дозволиме.
Лето господово 2016.

Спомни им "Избори" на опозиционерите,
исто ко на вампир да си му извадил крст.

Јас сум крив затоа што не живеам ко вас во светот на бајките...
Не ботови, скрипти сте, и тоа пуни со багови.
Или тоа, или пушите некоја лоша прсканица.

 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Лето господово 2016.

Спомни им "Избори" на опозиционерите,
исто ко на вампир да си му извадил крст.

Јас сум крив затоа што не живеам ко вас во светот на бајките...
Не ботови, скрипти сте, и тоа пуни со багови.
Или тоа, или пушите некоја лоша прсканица.

Бевме жолти комбиња, странски служби, мрачни сили, секти, хулигани... сега ментално еволуиравме во ботој со баговани скрипти.

Види, јас пушам квалитетна, еко ганџа. Не знам за тебе.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Истото прашање како и до членот погоре, дај ми 10 причини поради кои ти му веруваш на Заев, убеди ме да го сменам мислењето.
За мене доволно е што го презентира цело криминално досие на власта, нивниот лажен патриотизам, нивната неспособност да се справат со криминалците од минатото. Или во најкратки црти му ја симна маската во овие 10 години.
- За неговите лични особини и колку му тежи зборот нема да навлегувам зошто ќе нема крај дискусијава. Заокруживаме на.првото само.

Ти досега ако не си сменил мислење после сите овие работи, не ни очекувам да промениш па макар и на работ на банкрот да сме, пак кривецот според вашите оведувања ќе биди Заев.

Неможи да бараме иднина со овај режим, сите челници од другите држави влице му плукат на пастирот, никаде не е прифатен како човек. А сите знаеме дека соработката е главна предност за државата да се движи право. Македонија тоа го нема за жал.

-Убаво пишаја поназад на форумов. Овај народ не заслужува да оди напред, да се подобрува во секое поле. Овај народ е створен да живее во изолација. Овај народ е створен да пати и да го дупат, и не заслужува подобро. Да живее Груевски.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Кога реалноста ќе те удри во глава
I
I
I
I
I
V

-Убаво пишаја поназад на форумов.
Овај народ не заслужува да оди напред, да се подобрува во секое поле.
Овај народ е створен да живее во изолација.
Овај народ е створен да пати и да го дупат, и не заслужува подобро.
ИЗБОРИ :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
За мене доволно е што го презентира цело криминално досие на власта, нивниот лажен патриотизам, нивната неспособност да се справат со криминалците од минатото. Или во најкратки црти му ја симна маската во овие 10 години.
- За неговите лични особини и колку му тежи зборот нема да навлегувам зошто ќе нема крај дискусијава. Заокруживаме на.првото само.

Ти досега ако не си сменил мислење после сите овие работи, не ни очекувам да промениш па макар и на работ на банкрот да сме, пак кривецот според вашите оведувања ќе биди Заев.

Неможи да бараме иднина со овај режим, сите челници од другите држави влице му плукат на пастирот, никаде не е прифатен како човек. А сите знаеме дека соработката е главна предност за државата да се движи право. Македонија тоа го немс за жал.

-Убаво пишаја поназад на форумов. Овај народ не заслужува да оди напред, да се подобрува во секое поле. Овај народ е створен да живее во изолација. Овај народ е створен да пати, и не заслужува подобро. Да живее Груевски.
Овој дел е проблематичен и во неговиот случај, човекот ми наликува прилично на Стевчо Јакимовски, скока скока и во дел од секунда променува став, тоа не чини!
Проблемот е што и за него има видео за поткупи, многу слабо верувам на т.н бизнисмени кои со чесна работа имаат стигнато до милиони во Македонија, тоа е втор проблем.
Многу е далеку од Мајка Тераза, Далај Лама и овој „просветител“.

Очигледно не ме читаш добро.
Грујо не чини, чаушите околу него не чинат, тоа е факт и го знаат дури и џивџаните на улица.
Јас не го оправдувам, напротив и јас викам дека тој не чини, проблемот е што планираната замена многу ми наликува на пастирот.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Утопија ќе биде кога ќе дојдат и тие, можеби ќе им требаат неколку месеци додека да ги пуштат корењата и ти гарантирам дека исто како со овие пак ќе ни го тргнат сандакот на глава, ова ти е како да ставиш волк да ти ги чува јагнињата.

Кој ќе ислуша, војниците од едната или другата страна, живееме во држава каде народот ти е задоен со политиката, на едните ветува едната партија, на другите другата партија, треба да имаш доверба во луѓето за да застанеш пред нив, а тука може само нож во грб да јадеш.
На ливчето не се само Сдсм и Вмро, имаш и други опции. Тоа што повеќето фрлате празни ливчиња или воопшто не ни гласате само правите полошо. Што ќе направел Заев? Нема да проба да краде, а ако проба ќе се влече по судови како Грујо. Финтата е да се казнат едните за да им се даде до знаење на другите.
 
M

Moon Child

Гостин
@VOLK2234 дали ти би играл карти, не лути се човече, или монопол со некој што прави иљи, ти знаеш дека прави иљи, му викаш што правиш бе иљи, и он ти вика што бе, играј ако си маж па ќе видиме кој ќе победи?
Малите деца знаат дека не би играле, т.е. дека играта ќе се прекине и нема да се заврши, со некој кој прави иљи. И со иљаџии никој никогаш несакал да игра. Капираш?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
На ливчето не се само Сдсм и Вмро, имаш и други опции. Тоа што повеќето фрлате празни ливчиња или воопшто не ни гласате само правите полошо. Што ќе направел Заев? Нема да проба да краде, а ако проба ќе се влече по судови како Грујо. Финтата е да се казнат едните за да им се даде до знаење на другите.
А другите избори, после завршувањето на гласовите се спојуваат со оној што им нуди повеќе места во власта или како директори во фирми.
Од другите избори ги имаш албанските партии, за кои додека сум жив нема да заокружам, ги имаш ДОМ со Лилјана Поповска, Демократски сојуз на Павлета Трајанов, Социјалистичка партија на Македонија на Ѕинго, НСДП Тито Петковски, парија на ромите со амди на чело и да не набројувам, фаци кои ги гледам откако се знам за себе, сите се изредија и исто сценарио постојано.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Овој дел е проблематичен и во неговиот случај, човекот ми наликува прилично на Стевчо Јакимовски, скока скока и во дел од секунда променува став, тоа не чини!
Проблемот е што и за него има видео за поткупи, многу слабо верувам на т.н бизнисмени кои со чесна работа имаат стигнато до милиони во Македонија, тоа е втор проблем.
Многу е далеку од Мајка Тераза, Далај Лама и овој „просветител“.

Очигледно не ме читаш добро.

Јас не го оправдувам, напротив и јас викам дека тој не чини, проблемот е што планираната замена многу ми наликува на пастирот.
Кеплер, ако правиш такви споредби, кажими ти по што си повеќе наклонет кон едните? Немој само жити бицепс да ми пишеш за помалото зло, имам мн подруго мислење за тебе во споредба со ова раја Фринџ,волк,Козарот и Ѓеорѓи, те молам нека остани на тоа, и прецизно одговори ми.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Кеплер, ако правиш такви споредби, кажими ти по што си повеќе наклонет кон едните? Немој само жити бицепс да ми пишеш за помалото зло, имам мн подруго мислење за тебе во споредба со ова раја Фринџ,волк,Козарот и Ѓеорѓи, те молам нека остани на тоа, и прецизно одговори ми.
Од каде процени дека сум наклонет кон некои?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Од каде процени дека сум наклонет кон некои?
Во ни еден момент уште од прв ден не излезе со став дека барем во нешто ги поддржуваш протестите, постојано можи не толку директно, ама од далеку
пецкаш. За мене секој човек што не дава поддршка за одговорност по закон, е со власта најискрено ти кажувам.
Ти можиш да ја мразиш опозицијата тоа е твое право, ама никако несмееш да не ги поддржуваш протестите. Сите знаеме која е целта на истите (правна и демократска држава)ако стварно си за тоа.
Не пишиме од вчера на форум,од авион се гледа која страна ја завземаш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Во ни еден момент уште од прв ден не излезе со став дека барем во нешто ги поддржуваш протестите, постојано можи не толку директно, ама од далеку
пецкаш. За мене секој човек што не дава поддршка за одговорност по закон, е со власта најискрено ти кажувам.
Ти можиш да ја мразиш опозицијата тоа е твое право, ама никако несмееш да не ги поддржуваш протестите. Сите знаеме која е целта на истите (правна и демократска држава)ако стварно си за тоа.
Не пишиме од вчера на форум,од авион се гледа која страна ја завземаш.
Пак утка, мафо ти делиш цело време ние, вие, јас не сум поделил во ниту еден мој пост на тој начин, бидејќи немам ни корист да го правам тоа.
Поделбата што ја правиш е лоша работа, тоа ти е иста комбинација како досегашното, идат вмровци на власт, бркаат се што е од сдсм, идат сдсм на власт бркаат вмро, е од тоа пати Македончето.
Јас луѓето ги гледам според нивната лична вредност, т.е ако те бива и ако си способен соработувам со тебе и ќе работиме, ако треба да те влечам на грб или да ти турам со инка не ти обрнувам внимание.

Јас поддржувам протести само кога се организирани од луѓе кои се неопределени, кога на чело на протест видам некој што е криминалец како тие што се на власт ми се одмилува се.
Тоа е како кога имаш борба меѓу два картели, па да се мислиш на чија страна ќе застанеш, ебан си и во двата случаеви.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
За мене доволно е што го презентира цело криминално досие на власта, нивниот лажен патриотизам, нивната неспособност да се справат со криминалците од минатото. Или во најкратки црти му ја симна маската во овие 10 години.
- За неговите лични особини и колку му тежи зборот нема да навлегувам зошто ќе нема крај дискусијава. Заокруживаме на.првото само.

Ти досега ако не си сменил мислење после сите овие работи, не ни очекувам да промениш па макар и на работ на банкрот да сме, пак кривецот според вашите оведувања ќе биди Заев.

Неможи да бараме иднина со овај режим, сите челници од другите држави влице му плукат на пастирот, никаде не е прифатен како човек. А сите знаеме дека соработката е главна предност за државата да се движи право. Македонија тоа го нема за жал.

-Убаво пишаја поназад на форумов. Овај народ не заслужува да оди напред, да се подобрува во секое поле. Овај народ е створен да живее во изолација. Овај народ е створен да пати и да го дупат, и не заслужува подобро. Да живее Груевски.
кои се тие ВАШИ ОВЕДУВАЊА(убедувања мислиш ваљда) ??? неоспорно дека власта ги пушти канџите СЕ да заграби што може и не може, но од друга страна имаме опозиција БЕЗ ПЛАН И ПРОГРАМА за развој на државата и кон каде ќе тераме, СДС остана со став дека треба да победат на избори зошто тие треба да победат И ТОЧКА.............треба или да имаш интерес од СДС или да си морон да поддржуваш ваква позиција или опозиција без да имаш никаков ќар

сума сумариум остануваме заглавени во борба за превласт(читај трпање на богатства за тие што би биле на власт), никаков стандард за граѓанинот,подигнување на безбеднста,културно спортски живот,подобро здравство итн итн ништо од тоа не добиваме

али ако мозокот ви гледа само црвено и плаво тоа е тоа колку човек да објаснува џабе се труди , со инка не се тура
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom