фала Богу... и од мене
многу си ми интересен да те читам било каде, ама едно ми е најчудно
што те тера да рчкаш толку често на овие теми... со години можда
јас во нешто што не вервам и не поддржувам еднаш ќе кажам можда еднаш ќе се вмешам во разговор од два дена и толку, вртам грб. А за со години да мислиш на истите работи и дури и вицој да кажвиш за истите работи, имаш нешто во потсвеста што ти поставува некое прашање, на прашањето немаш одговор и ти создава во тебе некоја лутина, некој бес и некоја потреба да ја навредуваш мојата религија во континуитет.
За тебе лично мислам, дека имаш торба со долари и евра до тебе до торбата од лаптопот, сигурно имаш. И имаш луѓе дома што прават се, бараш чиста маица ти носат, бараш јадење носат, не ти се свиѓа - ново носат. Може имаш робот. Немаш проблеми и немаш никаква работа си се зафатил со напад врз христијанството.
Нам не ни е прв пат, и не си најгласен против нас, цел свет е свртен против нас. Оправдано е да си од било која религија, од било која секта, од било која сексуална ориентација ама недај Боже да си православен и да си стрејт во заедница маж и жена, то не е баш нормално нели?