Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
„Добра“ утеха за жената од учењата на стариот еон. Ако прифати да биде муслиманка или христијанка, нормално.

Законот на Телема (Волја) на грчки е закон на Новиот еон, нова повелба за човештвото за да ги надмине разликите изградени во минатиот еон (изградени врз база на религиозно-политички доктрини)

Изградени на база на човечка перцепција која ќе не одведе во пропаст. Врзи се само појако и со среќа нека ти е.
 
Како заклучи како е изградена? Сигурно си читал книги поврзани со Телема, сигурно!
Воопшто дали имаш прочитано барем една книга поврзана со философијата на Телема?
Или ова е онака простачко лаичко христијанско напаѓање на туѓо учење од страна на мирјанин бидејќи чувствува дека нечиј закон на битисување на Земјата е дијаметрално спротивен од неговото старо-еонско учење?

Бидејќи знам дека е ова последното точен одговор, мислам дека нема потреба вака доцна да се расправам со вакви плитки размисли како твоите. Нема потреба да се обидуваш да ме навредиш или да ја деградираш Телемата преку твоето непознавање на истото учење ..
Секако знаеме дека за христијанинот секое туѓо учење е сатанизам. Досадно е веќе тоа повторување за да упорно ги убедувате „бедните по дух“ да останат под „закрила на црквата“ која најбитно и е да се пребројува по глава.

Не е добро така...
 
Атрибутите на добриот човек се одсуство на судење, затоа што самата љубов според мене е одсуство пак на предрасуда. Емпатијата и желбата да се воздигне самиот себе дури тогаш кога ќе е најугнетен и понижен - воздигнувајќи ги другите! Добриот човек ти отвара врата, но ти остава право на избор дали ти ќе влезеш во таа врата. Безусловна љубов кон секое живо битие, стремеж кон надминување на омраза, гнев и љубомора. Добар човек е оној кој што се стреми да гледа попреку илузијата од раздвоеноста.

Ora et labora :)

Исус Христос ги има сите овие атрибути. Не суди туку спасува, ги сака безусловно сите а најмногу грешниците, кога е угнетен ги воздигнува и брани другите, вратата знаеш она маалата врата ти ја отвора за да влезеш во Царството Божје но во исто време ти остава право на Избор дали сакаш да влезеш, не те мрази и итн. Брат отфрли го Алистер и дојди си кај Исус? Што велиш?[DOUBLEPOST=1465261109][/DOUBLEPOST]
Како заклучи како е изградена? Сигурно си читал книги поврзани со Телема, сигурно!
Воопшто дали имаш прочитано барем една книга поврзана со философијата на Телема?
Или ова е онака простачко лаичко христијанско напаѓање на туѓо учење од страна на мирјанин бидејќи чувствува дека нечиј закон на битисување на Земјата е дијаметрално спротивен од неговото старо-еонско учење?

Бидејќи знам дека е ова последното точен одговор, мислам дека нема потреба вака доцна да се расправам со вакви плитки размисли како твоите. Нема потреба да се обидуваш да ме навредиш или да ја деградираш Телемата преку твоето непознавање на истото учење ..
Секако знаеме дека за христијанинот секое туѓо учење е сатанизам. Досадно е веќе тоа повторување за да упорно ги убедувате „бедните по дух“ да останат под „заклира на црквата“ која најбитно и е да се пребројува по глава.

Не е добро така...

Не кажими кој стоји позади Телемата? Кој е тој што толку осознал се и ја дознал вистинската цел и пат за човештвото? Те молам кратко и јасно. Со име и презиме. Инаку да наречеш некој дека е просјак е тежок збор и зборува за твојата немоќ да ја одбраниш твојата Телема.
 
Но јас немам потреба да го бранам Законот од никого. :)
Тоа што ти како христијанин доаѓаш и ме напаѓаш бесцелно, обидувајќи се да ме навредиш со тоа што наместо Телема ќе велиш нешто друго - само го покажува менталниот склоп на мојот соговорник - детиште кое не знае ни за што се расправа тука!
Најлесно тебе ти е: крени прстот и покажувај кон секој што не ти се допаѓа како го живее животот дека е сатанист. Тоа многу ќе ти помогне во животот.

Законот на Телема е за да се практикува од секого, а не да се брани од моја или било чија страна.
Јас сум тука за да зборувам кога сакам за Телема и да давам мое мнение за истата упатувајќи ги сите да се запознаат подобро и со Телема, и со Кроули и со Магика итн итн - и пак ќе повторам: Законот нема потреба да се брани.

Да си барем прочитал нешто за философијата на Телема, од некоја книга - немаше да поставуваш вакви прашања.

П.С. И што те читам вака во заблуда целиот, со старо-еонски разбирања. Никој нема потреба да го прифаќа или отфрла Кроули во стилот како што зборувате вие христијаните за вашиот „Христос“: прифаќање туѓа крв за спасување на сопствената кожа. :)
Сами си правете без врска споредби и после кога ќе ги повторуваме, се лутите.
Тоа е веќе фантастика :)
 
Последно уредено:
Исус Христос ги има сите овие атрибути. Не суди туку спасува, ги сака безусловно сите а најмногу грешниците, кога е угнетен ги воздигнува и брани другите, вратата знаеш она маалата врата ти ја отвора за да влезеш во Царството Божје но во исто време ти остава право на Избор дали сакаш да влезеш, не те мрази и итн. Брат отфрли го Алистер и дојди си кај Исус? Што велиш?[DOUBLEPOST=1465261109][/DOUBLEPOST]

Не кажими кој стоји позади Телемата? Кој е тој што толку осознал се и ја дознал вистинската цел и пат за човештвото? Те молам кратко и јасно. Со име и презиме. Инаку да наречеш некој дека е просјак е тежок збор и зборува за твојата немоќ да ја одбраниш твојата Телеграма.
Kje se nalutat Krishna, Zevs i ostali inaku bi doshol fala na pokanata. Dobro utro :)

Sent from my C2000 using Tapatalk
 
Од дома те знаат дека пишуваш вакви глупости или се криеш и не им кажуваш?
Од дома ми диктираат ова да го пишам, ние сме сите верни на древните пагански религии и обреди и ќе бараме да ни се вратат сите храмови и олтари кои незаконски ги присвои црквата. Под голем број ваши цркви се наоѓаат нашите свети места кои незаконски и нелегално ги завзедовте ги урнавте, за да проповедате вашата нова вера во распнат јеврејин. Твоите претци ја сменаа верата, моите не.
 
Дали ги читаше моите одговори? Дали виде дека линкот што ти го дадов не е мое мислење туку е од Википедија базирано на докази од повеќе извори. Еве го по трет пат. Читај, размисли па тогаш напиши.

Пази линкот.

https://en.wikipedia.org/wiki/Aleister_Crowley

И сега исечок од текстот за Алистер.

Algeria and the Rites of Eleusis: 1909–11

In November 1909, Crowley and Neuburg travelled to Algeria, touring the desert from El Arba to Aumale, Bou Saâda, and then Dā'leh Addin, with Crowley reciting the Quran on a daily basis. During the trip he invoked the thirty aethyrs of Enochian magic, with Neuburg recording the results, later published in The Equinox as The Vision and the Voice. Following a mountaintop sex magic ritual, Crowley also performed an invocation to the demon Choronzon involving blood sacrifice, considering the results to be a watershed in his magical career.[96]

Еве каде пишува како го читал Куранот и го рецетирал секој ден. И потоа продолжува со сите магиски, сатански и којзнае какви не ритуали. Еве тие пишуваат базирано на документи и факти. Незнам дали толку многу ви го ипрале мозокот што не можете едно обично четиво со докази да го прочитате и разберете.
Ти бе човек скрос си бил забеган.... Јас ти кажувам дека сум член, дека имам личен увид, дека сум учествувал во ритуалите што се практикуваат....ти ми кажуваш дека википедија била доказ за крвни жртви и што уште не...?! Што не ти е јасно? Текстот што си го постирал е лага! Објасни ми како може во Македонија легално да постои Ред доколку истиот практикува жртвување и што уште не?!
За Хоронзон ти објаснив дека е синоним за незнаење, илузија, заблуда! Да се обожава Хоронзон и да му се посветуваат ритуали е подеднакво апсурдно како христијани да му се молат на Луцифер!
Ако и после ова продолжуваш со лагиве, значи дека си подло и злонамерно човече.....
 
Погледни го Законот на Телема и види ја Жената рамо до рамо со Мажот!

Да саке(ше) Бог да створи потполно рамноправни битија, тогаш Он би створил две буквално исти битија, со што логиката на нивното битисување би била апсурдна.

Туку, дај подобјасни што подразбираш под „рамо до рамо„?...
 
према тоа еден хомосексуален брак или заедница е христијански составен од две идеални рамноправни и совршени битија
 
Објасни ми како може во Македонија легално да постои Ред доколку истиот практикува жртвување и што уште не?!

Објаснувањето е едноставно: и власта, како и членовите кои сакаат да бидат дел од О.Т.О, немаат појма за каква структура се работи.

Начелно, сите култови се поставени на иденитичен, пирамидален принцип, каде најниското членство абер нема во што се впуштило, а ако сака да напредува во пирамидалната хиерархија, ќе треба да се потруди во послушноста кон авторитетите од повискоите степени, кои веќе се навлезени во тајните на злото.[DOUBLEPOST=1465290314][/DOUBLEPOST]
према тоа еден хомосексуален брак или заедница е христијански составен од две идеални рамноправни и совршени битија

„...Не легнувај со маж како со жена; тоа е одвратност...„. Левит, 18.22.
 
Објаснувањето е едноставно: и власта, како и членовите кои сакаат да бидат дел од О.Т.О, немаат појма за каква структура се работи.

Начелно, сите култови се поставени на иденитичен, пирамидален принцип, каде најниското членство абер нема во што се впуштило, а ако сака да напредува во пирамидалната хиерархија, ќе треба да се потруди во послушноста кон авторитетите од повискоите степени, кои веќе се навлезени во тајните на злото.[DOUBLEPOST=1465290314][/DOUBLEPOST]

„...Не легнувај со маж како со жена; тоа е одвратност...„. Левит, 18.22.
то е од стар завет, то не важи појќе, така велат попојте
 
Ајде, ајде, сигурно Светото Тројство не се заморува денес дали ти љубиш маж или жена, или повеќе мажи или жени па да те суди.

Премногу староеонско и хебрејски доктрини за денешно време каде што гледаме дека работите се стократно сменети од писанијата од стариот еон.
Сеуште треба да веруваме дека богот на хебреите, преку Мојсеј покажува дека се заморува дали нечија највнатрешна љубов е кон маж или жена или бог или полубог...
А тука пишува за мажите, а жена со жена? Таа смее да биде со мажи и жени. Нема забрана за тоа... штом нема... може.
Секогаш мажот и само за мажот. Пу јаз'к.

Но, да одеме на посвети места.

„Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја! Но секогаш за мене.“
--- Книга на Законот, I:51
 
Објаснувањето е едноставно: и власта, како и членовите кои сакаат да бидат дел од О.Т.О, немаат појма за каква структура се работи.

Начелно, сите култови се поставени на иденитичен, пирамидален принцип, каде најниското членство абер нема во што се впуштило, а ако сака да напредува во пирамидалната хиерархија, ќе треба да се потруди во послушноста кон авторитетите од повискоите степени, кои веќе се навлезени во тајните на злото.
Ако ние жртвуваме луѓе, од каде доаѓаат тие луѓе? Паѓаат од небо? Никнуваат од земја? Како може никој да не дознае дека имало крвни жртви? Од точак некој да падне, веднаш имаш прилози на телевизии, портали, како може да нема ништо за крвни жртви?!
Како може да бидете толку подли...? КаКо може упорно да се трудите да уништите нечие достоинство, нечиј живот?! Мизерија!:sick:
 
Ти па се знаеш, како да си во повисоките степени во О.Т.О., каде што „царува злото“, според @MIKI1 :pos:

Рековме претходно, христијанското учење е такво: се што не е христијанство тие учеат дека е зло и ќе зборува постојано едно та исто преку својата призма за другите без трошка проучување (бидејќи и не смее да проучува, гледаш се какви забрани има) и тука ништо не може човекот освен да зборува за своето учење и начин на живот.

Реков претходно и на еден друг христијанин кој знае од која христијанска религија:
„ова е онака простачко лаичко христијанско напаѓање на туѓо учење од страна на мирјанин бидејќи чувствува дека нечиј закон на битисување на Земјата е дијаметрално спротивен од неговото старо-еонско учење?“
И тоа е тоа - подобро нема да добиеме од нив, следбениците на распнатиот преку кој кулминираше стариот еон.
Не ни забележуваат колку ништо не важи за човекот она од претходниот еон. Како слепи... само се лутат и постојано зборуваат за „крајот на светот“. А и тоа веќе не поминува...

Слеп човек кога со инает ќе тргне да го минува патот а ти се обидуваш да го вратиш назад за да не го згазат - бесцелно му се заморуваш. Остави го нека умира.
 
За да не се повторувам и да се прераскажувам, бидејќи веќе реков:

... христијанството ќе најде милион причини во своето писмо толкувано и претолкувано со цел жената да не биде иста со мажот. Дури и месијата кој што даваше иницијација во стариот еон е маж. Син е тој. Никако ќерка на богот. ;)

„Секој маж и секоја жена е ѕвезда.“
--- Liber AL vel Legis, I:3

И тука никој ништо неможе да промени повеќе.
Погледни го Законот на Телема и види ја Жената рамо до рамо со Мажот!

Ja видов.:)

NUWA3.jpg

Fu Xi :: The First Emperor of China :: Shaman

Би било интересно да ни ја објасниш симболиката на сликава.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom