G
Goldie
Гостин
Со цел да не се разлева дискусијата во други теми како темите за сјо, актуелните протести и слично ја отварам темава каде што може да се дискутира за корупцијата во високото образование.
Шест професори на Економскиот факултет во Скопје, еден демонстратор и сопственикот на бифето на Факултетот се осомничени за корупција - примање и давање поткуп, противправно посредување и злоупотреба на службената положба и овластувања. Полициска акција под кодно име „ЕРАЗМУС“ се уште трае. Се претресуваат 13 локации и тоа и на факултетот и во кабинетите и во домовите на осомничените. До сега е приведен само професорот Бобек Шуклев а според одредени информации осомничен е и високо позициониран член на МАНУ (Таки Фити можеби ?)