Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Атрибутите на добриот човек се одсуство на судење, затоа што самата љубов според мене е одсуство пак на предрасуда. Емпатијата и желбата да се воздигне самиот себе дури тогаш кога ќе е најугнетен и понижен - воздигнувајќи ги другите! Добриот човек ти отвара врата, но ти остава право на избор дали ти ќе влезеш во таа врата. Безусловна љубов кон секое живо битие, стремеж кон надминување на омраза, гнев и љубомора. Добар човек е оној кој што се стреми да гледа попреку илузијата од раздвоеноста.

Молитвите во џамија, пред икона, студирање кабала и медитирање како што реков можат да бидат алатки за некого потребни, а за некого не - на патот на човекот, но да очекува од истите да направат од него добар човек е залудно, затоа што тоа е исто како се молиш за лозјето без да го копаш! И пак и пак ќе ја напишам мојата омилена изрека.

Ora et labora :)
Многу убаво звучи, зарем постои ваков човек некаде на светот!?
Можно само во лабораторија да го направат, да нема чувства, да нема емоции и да има несокршливо срце.
 
Што изнапиша бе чо‘ек?

Дај помалку препишувај, а појќе одговарај на поставеното прашање, на начин кој е лесно разбирилив. Ова кое си го напишал, звучи како да е наменето за „струшките вечери...„ а не на одговор на поставено прашање.

И пак не ми кажа: што е реферецна за „добар„ човек? Да бидам појасен: кој (човек) е референца за „добар„ човек?

Ако постои таков лик, тоа би значело дека се стремиш кон достигнување на нечија веќе достигната и со тоа, референтна состојба на битисување и добрина.
 
Џaст "гoл" филетизaм!
 
Тоа што ти смета моето познавање на христијанството и што сум одлучил дека нема да ме однесе никаде ниту овде на Земјата ниту пак откако ќе умрам физички - е твој проблем.

Слободно пејте вие приспивни песни на богот од Западот, нема да се натпреваруваме во пеење тука :)
Битно е кој е на тронот од Истокот ;)

Убаво што го препознаваш твојот закон како „постар“. Никаде не реков дека не го почитувам достигнувањето на човештвото преку стариот еон и законот даден во него.

Јас убаво реков: стариот еон го донесе човекот преку тој закон до одредено ниво и толку. Не може да е вечно, мора да заврши - бидејќи и човештвото е променливо.
Многу работи од стариот еон се зачувани и се развиени преку тој еон, пренесен од постариот еон, во новиот, но многу од ритуалите се отфрлени бидејќи друга е целта на човештвото денес.

Земјата не е центар, Сонцето е. Почнувајќи од тука, се менуваат и двете формули LVX и NOX ... но тоа е сосема друга и многу опширна тема, која нема потреба да ја расправам тука.
 
Абре душо, во тоа е целиот проблем! Го премолчуваш својот концепт, а се правиш “експерт“ за туѓиот!
Трагично, некултурно е нешто што не си и на што не припаѓаш, јавно да го исповедаш!:confused:

Како што самиот велиш, христијанскиот концепт е различно од она што ти поимаш!

Бог човекот го создаде како потенцијален бог, а не грешник, неспособен..., та за да му суди(будалаштина, јасна и на едно забаваче). Христијанската историја(што, исто така, намерно ја перверзираш согласно твојот “експертски“ концепт), апсолутно ја афирмира примордијалната цел на христијанскиот Бог(што за секој еден човек добрнамерен и искрен од Бога е откриено и совладливо да се разбере и живее). :love:

Секој обид, оваа премиса на христијанството однадвор да ја гнасиш и валкаш, со наметнат субјективизам, е меѓурелигиска некултура и простаклук!(n)
Не се правам експерт, само ги нагласувам фактите што произлегуваат од елементарната логика. Првиот дека слободната волја не е одлучувачки фактор за тоа што ќе биде нечија одлука и вториот - дека е апсурдно битие кое е творец на се што постои да гледа на сопствената креација од аспект на судија, бидејќи што и да пресуди и посочи како погрешно, истото ќе биде создадено или допуштено од негова страна.
Како што може лесно да се види, никаде не е спомената ниедна религија, никаква духовност и слично! Се работи за елементарна логика. Ако истата ти сметаш дека е "простотилак" што ја навредува твојата религија или духовност, тогаш ти си тој што има проблем со логиката и здравиот разум, а не јас со твојата религија!
Твоите манипулаторски обиди да ја претставиш мојата дискусија како гнасење и валкање на твојата религија се провидни и не ти поминуваат кај мене. Моите аргументи се однесуваат врз принципи што се општи, слободната волја не е ексклузивитет на христијанството, уште помалку логиката е напад и гнасење на нечија религија. Обидот да се претставиш како "жртва" која била навредена ти е одамна прочитан, не ти поминува повеќе.[DOUBLEPOST=1465135389][/DOUBLEPOST]
@Ipsissimus ! Oвa ли е причинa штo мoлчите зa себе?
Веќе нагласив дека текстот е полн со лаги и глупости. Хоронзон во Телемата е синоним за илузија, незнаење, заблуда. Тој е пречката што се наоѓа во "амбисот" што магичарот треба да го совлада. Да тврдиш дека Хоронзон е предмет на обожавање од страна на Телемитите е апсурд еднаков на тој некој да тврди дека вашите литургии го обожаваат Луцифер!
Подеднаква лага и глупост е тврдењето дека се практикувале крвни жртви. Тоа е во директен судир со принципите на Liber Oz, бидејќи одземање нечиј живот освен во самоодбрана, е незамисливо и недопустливо според Телемитските принципи.
Овие клевети и лаги се совршен пример за вашите двојни стандарди каде плачете дека другите ја критикувале вашата религија а не ја разбирале, ама затоа не ви е воопшто проблем да ширите лаги за правци, религии и учења што очигледно не ги познавате ниту разбирате.
 
Последно уредено:
Што изнапиша бе чо‘ек?

Дај помалку препишувај, а појќе одговарај на поставеното прашање, на начин кој е лесно разбирилив. Ова кое си го напишал, звучи како да е наменето за „струшките вечери...„ а не на одговор на поставено прашање.

И пак не ми кажа: што е реферецна за „добар„ човек? Да бидам појасен: кој (човек) е референца за „добар„ човек?

Ако постои таков лик, тоа би значело дека се стремиш кон достигнување на нечија веќе достигната и со тоа, референтна состојба на битисување и добрина.

Ова е моето сфаќање за добар човек и би сакал да имам барем дел од овие квалитети како личност. Пријател помеѓу пријатели, толерантен на различности итн. :)
Џaст "гoл" филетизaм!

Што за тебе е добар човек? Дали мислиш дека сите сме грешници и лоши луѓе само заради падот Адамов за кој јас и ти воопшто не сме одговорни?[DOUBLEPOST=1465136257][/DOUBLEPOST]
Многу убаво звучи, зарем постои ваков човек некаде на светот!?
Можно само во лабораторија да го направат, да нема чувства, да нема емоции и да има несокршливо срце.

Верувам дека постојат добри луѓе на Земјата. Како што нагласив, издигнување на друг дури и тогаш кога ќе си најпогазен или срцето ќе ти биде скршено! Едноставно кажано...

,,Продолжи да си го кршиш срцето се дур тоа не ти се отвори" - Руми

П.С Јас само ги изнесувам моите сфаќања и гледишта на нештата, не сум во расположение да се побивам со никого овде. :)
 
Ова е моето сфаќање за добар човек и би сакал да имам барем дел од овие квалитети како личност. Пријател помеѓу пријатели, толерантен на различности итн. :)

А ако некој друг има „свое сфаќање„ за „добар човек„ за разлика од тебе, како ќе се разберете кој и каков треба да биде „добриот човек„?...[DOUBLEPOST=1465136772][/DOUBLEPOST]
само ги нагласувам фактите што произлегуваат од елементарната логика. .

Фактите се следни до очигледност:
- сите луѓе имаат слободна волја и
- сите луѓе (цел човечки род) се огревовени.

Со која „елементарна логика„ се сети дека гревот ја условува слободната волја?
Кој вели дека не може и обратно?
 
Концептот за грев е верување а не факт. Тоа што за тебе е грев, за некој друг не е. За муслиманите на пример е грев да јадеш свинско и да тврдиш дека Исус е бог. За тебе тоа не е грев. А и вие и тие се што имате е вашето лично верување дека баш вашиот концепт е оној вистинскиот.
За разлика од ова, дека врз изборот(слободната волја) влијае особината на оној што одлучува, видовме со практични и конкретни примери.
 
Концептот за грев е верување а не факт. .

Ај пак?...o_O

Еве, за мене, ти си верување, не си факт. Дали сум во право?[DOUBLEPOST=1465138612][/DOUBLEPOST]
За разлика од ова, дека врз изборот(слободната волја) влијае особината на оној што одлучува, видовме со практични и конкретни примери.

Кои „примери„? Оние исконструирани по рецептот „а ла хабардов центар...„?
 
А ако некој друг има „свое сфаќање„ за „добар човек„ за разлика од тебе, како ќе се разберете кој и каков треба да биде „добриот човек„?...[DOUBLEPOST=1465136772][/DOUBLEPOST]

Фактите се следни до очигледност:
- сите луѓе имаат слободна волја и
- сите луѓе (цел човечки род) се огревовени.

Со која „елементарна логика„ се сети дека гревот ја условува слободната волја?
Кој вели дека не може и обратно?

MIKI1 мене воопшто не ме занима гледиштето на другите, го прашав liberij само затоа што сакав да видам што тој би кажал во врска со твоето прашање. А вашите дела кој ќе сносат последици за кој ќе сте одговорни вие или било кој друг човек на светот мене не ме засегаат воопште. Секој си е одговорен за својата реалност.
 
MIKI1 мене воопшто не ме занима гледиштето на другите, .

SpaceTraveler,
мене совршено не ме занима твоето мислење, кое ионака е само препис од нечие туѓо мислење.[DOUBLEPOST=1465152633][/DOUBLEPOST]
Тој филм со мене веќе нема да го гледаш..

Не очекувам да ми пуштиш филм, туку да одговориш на поставено прашање.

Она кое е повеќе од очигледно на форумов, тоа е дека има се‘ повеќе членови кои ја увидуваат извртеноста и одлепеноста на Темелата (последично и на Телемитите) од реалноста и нејзино запаѓање во безумие, што не е ништо чудно, со оглед на тоа кои се идеолозите на таа извртеност.
 
SpaceTraveler,
мене совршено не ме занима твоето мислење, кое ионака е само препис од нечие туѓо мислење.

А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
 
Не се правам експерт, само ги нагласувам фактите што произлегуваат од елементарната логика. Првиот дека слободната волја не е одлучувачки фактор за тоа што ќе биде нечија одлука и вториот - дека е апсурдно битие кое е творец на се што постои да гледа на сопствената креација од аспект на судија, бидејќи што и да пресуди и посочи како погрешно, истото ќе биде создадено или допуштено од негова страна.
Како што може лесно да се види, никаде не е спомената ниедна религија, никаква духовност и слично! Се работи за елементарна логика. Ако истата ти сметаш дека е "простотилак" што ја навредува твојата религија или духовност, тогаш ти си тој што има проблем со логиката и здравиот разум, а не јас со твојата религија!
Твоите манипулаторски обиди да ја претставиш мојата дискусија како гнасење и валкање на твојата религија се провидни и не ти поминуваат кај мене. Моите аргументи се однесуваат врз принципи што се општи, слободната волја не е ексклузивитет на христијанството, уште помалку логиката е напад и гнасење на нечија религија. Обидот да се претставиш како "жртва" која била навредена ти е одамна прочитан, не ти поминува повеќе.
Твоите аргументи се твои, не се вади на некаква “општост“, преку која сакаш да го оправдаш личниот субјективизам, со цел да го девалвираш христијанството “наивно“...?!

Еве објасни ми на кого се обраќаш и кого замајуваш дека ова не е перверзија и лага наменета кон христијанството:
дека е апсурдно битие кое е творец на се што постои да гледа на сопствената креација од аспект на судија, бидејќи што и да пресуди и посочи како погрешно, истото ќе биде создадено или допуштено од негова страна.
збориш за ислам, телема, будизам...? Цело време во полемика си со христијани со оваа патетична, трол верзија сакајќи да го наметнеш за христијанска вистина, е тоа ти е вистинскиот апсурд, и ќе повторам простотилук!(n)
Ајде, демантирај дека не е за христијанството!

Доколку те интересира меѓурелигиски плурализам научи да почитуваш друго мислење, тоа е базично!:lut:

Отприлика вака: `јас ипси телемитски сметам дека христијаните се во заблуда заради..., тоа е мој став или на телема..., се извинувам доколку грешам( ова не е задолжително:D)...`

Ајде сега со Господ напред!:cool:

Веќе нагласив дека текстот е полн со лаги и глупости. Хоронзон во Телемата е синоним за илузија, незнаење, заблуда. Тој е пречката што се наоѓа во "амбисот" што магичарот треба да го совлада. Да тврдиш дека Хоронзон е предмет на обожавање од страна на Телемитите е апсурд еднаков на тој некој да тврди дека вашите литургии го обожаваат Луцифер!
Подеднаква лага и глупост е тврдењето дека се практикувале крвни жртви. Тоа е во директен судир со принципите на Liber Oz, бидејќи одземање нечиј живот освен во самоодбрана, е незамисливо и недопустливо според Телемитските принципи.
Овие клевети и лаги се совршен пример за вашите двојни стандарди каде плачете дека другите ја критикувале вашата религија а не ја разбирале, ама затоа не ви е воопшто проблем да ширите лаги за правци, религии и учења што очигледно не ги познавате ниту разбирате.

Гледаш ли како е?! А јас само културно те прашав, е мој ипси, двојни стандарди!? Само прашав, и замисли ко тебе да почнам сеа да ти тролам со “општа логика“, го сваќаш изгубеното време!:)[DOUBLEPOST=1465154729][/DOUBLEPOST]
Тоа што ти смета моето познавање на христијанството и што сум одлучил дека нема да ме однесе никаде ниту овде на Земјата ниту пак откако ќе умрам физички - е твој проблем.

Слободно пејте вие приспивни песни на богот од Западот, нема да се натпреваруваме во пеење тука :)
Битно е кој е на тронот од Истокот ;)

Убаво што го препознаваш твојот закон како „постар“. Никаде не реков дека не го почитувам достигнувањето на човештвото преку стариот еон и законот даден во него.

Јас убаво реков: стариот еон го донесе човекот преку тој закон до одредено ниво и толку. Не може да е вечно, мора да заврши - бидејќи и човештвото е променливо.
Многу работи од стариот еон се зачувани и се развиени преку тој еон, пренесен од постариот еон, во новиот, но многу од ритуалите се отфрлени бидејќи друга е целта на човештвото денес.

Земјата не е центар, Сонцето е. Почнувајќи од тука, се менуваат и двете формули LVX и NOX ... но тоа е сосема друга и многу опширна тема, која нема потреба да ја расправам тука.
Фала Му на Бога, кај тебе се гледа напредок!:)

Во христијанството ниту земјата ниту сонцето се центар, туку Христос, а формулата е жива релација со Него во Црквата. :love:[DOUBLEPOST=1465155056][/DOUBLEPOST]
Што за тебе е добар човек? Дали мислиш дека сите сме грешници и лоши луѓе само заради падот Адамов за кој јас и ти воопшто не сме одговорни?
Ние сме грешни како создадена категорија(имаме свој почеток, што подразбира и крај), не заради етички престап и тоа уште помалку на Адам!
Човекот кога остварува слободна заедница со Бог, ја надминува проблематиката на создаденоста, останува жив во вечноста, и така станува добар.:cool:
 
Последно уредено:
Твоите аргументи се твои, не се вади на некаква “општост“, преку која сакаш да го оправдаш личниот субјективизам, со цел да го девалвираш христијанството “наивно“...?!

Еве објасни ми на кого се обраќаш и кого замајуваш дека ова не е перверзија и лага наменета кон христијанството:

збориш за ислам, телема, будизам...? Цело време во полемика си со христијани со оваа патетична, трол верзија сакајќи да го наметнеш за христијанска вистина, е тоа ти е вистинскиот апсурд, и ќе повторам простотилук!(n)
Ајде, демантирај дека не е за христијанството!

Доколку те интересира меѓурелигиски плурализам научи да почитуваш друго мислење, тоа е базично!:lut:

Отприлика вака: `јас ипси телемитски сметам дека христијаните се во заблуда заради..., тоа е мој став или на телема..., се извинувам доколку грешам( ова не е задолжително:D)...`

Ајде сега со Господ напред!:cool:

Гледаш ли како е?! А јас само културно те прашав, е мој ипси, двојни стандарди!? Само прашав, и замисли ко тебе да почнам сеа да ти тролам со “општа логика“, го сваќаш изгубеното време!:)
Џабе ти е. Од петни жили се обидуваш да се претставиш како жртва ама провиден си одамна.
Тоа што ти си ја имаш мувата на капата е твој проблем, јас не посочив никаде ниедна конкретна религија. На пример јас не сум ни православен, ни католик, ни протестант, ни ништо од безбројните деноминации на христијанството. За кое христијанство да дискутирам? За она на Зоте според кое земјата е плоча? За она на Невски каде кабалата е демонска а кабалистите се дилери на дрога? За она на Берик каде кабалата не е во контрадикција со христијанството? За она на Спирос каде Мухамед е светец а Исус проповеда ислам?
Јас само посочив на елементарна логика, каде со конкретни примери докажав дека особините влијаат на одлуката а слободната волја е само можност за избор од опциите што се на располагање. Исто така укажав на апсурдноста креатор од кој потекнува се да се става самиот во улога на судија! Бидејќи со тоа, што и да посочи како погрешно и зло, истото ќе биде создадено или допуштено од него. Ако ти овие особини му ги припишуваш на твојот концепт за бог, тогаш ти си тој што има проблем со здравиот разум и логиката а не јас со твојата религија! Ти си ја имаш мувата на капата, и за тоа се обидуваш подмолно да ме обвиниш мене за простотилак и што уште не. Епа не пие нафта народот, барем не оној што има капацитет за основно логичко размислување.
Не очекувам да ми пуштиш филм, туку да одговориш на поставено прашање.

Она кое е повеќе од очигледно на форумов, тоа е дека има се‘ повеќе членови кои ја увидуваат извртеноста и одлепеноста на Темелата (последично и на Телемитите) од реалноста и нејзино запаѓање во безумие, што не е ништо чудно, со оглед на тоа кои се идеолозите на таа извртеност.
Ништо подалеку од реалноста неможе да биде. Се повеќе луѓе стануваат свесни за вашите подли клевети и лаги! На ваша жалост, луѓето што ги интересира вистината, дознаваат дека Телемата нема ништо со клеветите и лагите од калиброт на оние што беа постирани од членот Адам.
Повторувањето на вашите подли и отровни лаги нема да успее! Вистината секогаш излегува на површина!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom