- Член од
- 5 мај 2016
- Мислења
- 1.330
- Поени од реакции
- 856
Многу убаво звучи, зарем постои ваков човек некаде на светот!?Атрибутите на добриот човек се одсуство на судење, затоа што самата љубов според мене е одсуство пак на предрасуда. Емпатијата и желбата да се воздигне самиот себе дури тогаш кога ќе е најугнетен и понижен - воздигнувајќи ги другите! Добриот човек ти отвара врата, но ти остава право на избор дали ти ќе влезеш во таа врата. Безусловна љубов кон секое живо битие, стремеж кон надминување на омраза, гнев и љубомора. Добар човек е оној кој што се стреми да гледа попреку илузијата од раздвоеноста.
Молитвите во џамија, пред икона, студирање кабала и медитирање како што реков можат да бидат алатки за некого потребни, а за некого не - на патот на човекот, но да очекува од истите да направат од него добар човек е залудно, затоа што тоа е исто како се молиш за лозјето без да го копаш! И пак и пак ќе ја напишам мојата омилена изрека.
Ora et labora![]()
Можно само во лабораторија да го направат, да нема чувства, да нема емоции и да има несокршливо срце.





)...`