Како што и пишав поназад од 1-Јули 100% ќе има мало поместување на каматите на депозитите нагоре, ама со тоа ќе се зголеми каматата и на кредитити.
http://faktor.mk/2016/06/16/finalni-presmetki-povisoki-kamati-za-depoziti-ama-i-za-krediti/
ФИНАЛНИ ПРЕСМЕТКИ: Повисоки камати за депозити, ама и за кредити
Банкарите во пресметки. Дел од водечките банки објавија дека ги зголeмија каматите за депозитите, но и на кредитите. Дел пак велат дека во тек се анализи кои треба да покажат дали има потреба од промена на каматната политика. Од средните и помалите банки, соочени со конкуренцијата на големите групации, велат дека будно ќе ја следат состојбата. Неодамна банкарите, односно од Здружението на банкари изјавија дека нема потреба и причина за поскапување на кредитите, но дел од граѓаните сепак се соочуваат со зголемени камати.
Банкарите пресметуваат нови камати ?
Дел од водечките банкарски групации во земјава ги прават финалните пресметки за можно зголемување на каматите за депозитите, а со тоа и на кредитите. Дел пак веќе објавија раст на каматите.
“Засега нема корекција на каматите ниту кај депозитите ниту кај кредитите. Во банката ги следиме и мониторираме севкупните состојби, иако поради политичката неизвесност многу е тешко да се дадат прогнози. Сепак, банката прави анализи и тие се во тек. Од тие анализи и проценки ќе зависи дали воопшто ќе има корекција на каматните стапки. Во суштина, доколку една банка посегне по зголемување на каматите за депозитите, тогаш тоа би значело и зголемување на каматите за кредитите, но засега кај нас ваква одлука нема“, коментираат за “Фактор“ од една од водечките банки во земјава.
Од друга страна, во текот на мај Комерцијална Банка објави дека ги зголеми каматите на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 проценти годишно.
“Согласно Договорот за кредит, Банката ќе испрати писмено известување на домашна адреса на корисниците на кредит, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка’ информираа од банката која од друга страна не ги зголеми каматните стапки на кредитите за стопанството, како ни на најатрактивните кредитни производи за населението – станбени и потрошувачки кредити, со евро клаузула.
Поскапувањето на дел од кредитите на Комерцијална банка практично во пакет со пораст на каматните стапки на долгорочните денарски штедни влогови (орочени на 12, 24 и 36 месеци) од 0,20 до 0,40 проценти, а истовреме се изврши намалување на каматните стапки на дел од орочените девизни штедни влогови, и тоа во евра од 0,01 до 0,20 проценти и кај другите валути од 0,10 до 1,30 проценти.
Од НЛБ Банка велат дека ако до крајот на овој месец Народната Банка ја задржи сегашаната камата, тогаш ќе се пристапи кон анализа за можно зголемување на каматите за штедењето, но засега од банката велат дека причина за пораст на каматите нема. Сепак банкарите велат дека промените во каматната политика се условени и од други фактори поврзани со побарувачката и понудата.
На почетокот од месецот раст на каматите на депозитите објави и Сосиете Женерал.
“Промотивно, Охридска Банка – Сосиете Женeрал ги зголеми каматните стапки на денарските депозити кои дополнително и прогресивно растат по периоди, односно на секои три или шест месеци, во зависност од времетраењето на орочувањето. Клиентите, кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка на секои три месеци од 1% во првото тромесечие до 3,50% во последните три месеци“, соопштија од банката посочувајќи на условите за зголемување на каматите во зависност од периодот на рочноста.
“Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност, при што условите за штедење не се менуваат“, велат од банката.
Состојбата во банкарскиот сектор будно се следи и во Стопанска Банка – Битола.
“Каматите што ги нуди банката засега остануваат на ова ниво. Има доволно ликвидност а тоа се покажа и при априлскиот шок, будно ја следиме состојбата но засега нема детерминанти за зголемување на каматите кои сега во нашата банка се атрактивни и конкурентни“, вели Владимир Ефтимоски од Стопанска Банка – Битола.
За да го стимулира штедењето во денари и да го амортизира ударот од политичката неизвесност кој се рефлектираше со зголемена побарувачка за девизи, но и повлекување на депозитите, Народната банка во април објави пакет мерки со кои прати сигнал до деловните банки за затегнување на монетарната политика.