Како да ги изразам вените на рацете???

  • Креатор на темата Креатор на темата AudiA6
  • Време на започнување Време на започнување
Не бидете толку наивни бе свиѓа дечково некоја медицинска сестра :pos::pos::pos:
 
Не планирам да одам на стероиди во животов, туку само секогаш на природна база :)
Џим Баја ти ли си бе, бем ти ситно жито? Те снема од нетов бајо мој, само Веј мико мој, само нечурал.
 
Здраво на сите, се надевам ке ми помогнете..... има 1 година откако се бавам со бодибилдинг ама вените на рацете не ми се познаваат :unsure: би сакал да се познаваат и да бидат изразени, разбарував и сватив дека ми се внатрешни, имам 18 години и тежок сум 88кг и висок 186cm, после секој тренинг се познаваат и тоа само неколку, а потоа се губат, сало речиси малце имам на рацете повеќето е дефиниција, но некои и премногу имаат сало па му се познаваат..... Некој да не знае да ми помогне што би требало да применам :(
Зачлени се во клуб на крводарители!Слушам таму сите имале вени ко корења!(y)
 
Билдериве како да живеат во некој паралелен универзум :D Кој ве лаже дека сите сакале такви вени, језиво е од женска гледна точка. Освен ако не планирате да ја дејтате Мортиша од Адамс Фемили.
Не ми руши филм сега... не сите вени како цеви, на раката само тие главните, така по малку изразени :brlav:
 
Здраво на сите, се надевам ке ми помогнете..... има 1 година откако се бавам со бодибилдинг ама вените на рацете не ми се познаваат :unsure: би сакал да се познаваат и да бидат изразени, разбарував и сватив дека ми се внатрешни, имам 18 години и тежок сум 88кг и висок 186cm, после секој тренинг се познаваат и тоа само неколку, а потоа се губат, сало речиси малце имам на рацете повеќето е дефиниција, но некои и премногу имаат сало па му се познаваат..... Некој да не знае да ми помогне што би требало да применам :(
Венската изразеност си доаѓа со текот на времето, т.е. со стажот во теретана како резултат на хронична зголемена потреба на мускулатурата од хранливи материи и кислород. Секако важна улога игра и генетиката, како и процентот на телесни масти, поточно колку помал процент на телесни масти имаш толку повеќе ќе дојдат во израз вените.

Јас би ти препорачал некој додаток во исхраната од групата на азотни оксиди, кои го пролонгираат чувството на напумпаност после тренингот а со тоа и венскиот релјеф. Еден од поквалитетните е No Xplode, на пример.
 
Повеќето луѓе бараат чаре да ги тргнат од дисплеј вените при билдање, ти си запнал да ти се гледале ....:confused:
 
само ти пумпај, вените сами ќе испаднат
 
Еве вака ми изгледа моментално раката додека седам на компјутер. Не очекувај нешто повеќе од ова. На поладно време поповлечени се. Исто така и ако си на low carb диета заборави на вени..

Прегледај го приврзокот 148456
Венската изразеност си доаѓа со текот на времето, т.е. со стажот во теретана како резултат на хронична зголемена потреба на мускулатурата од хранливи материи и кислород. Секако важна улога игра и генетиката, како и процентот на телесни масти, поточно колку помал процент на телесни масти имаш толку повеќе ќе дојдат во израз вените.

Јас би ти препорачал некој додаток во исхраната од групата на азотни оксиди, кои го пролонгираат чувството на напумпаност после тренингот а со тоа и венскиот релјеф. Еден од поквалитетните е No Xplode, на пример.
Благодарам за мислењето брат, упорен сум се надевам ќе биде :)
 
За што вежбаш....за да се фалиш со мускулатура и вени?
Не памтам кој беше точно ама некој врвен спортист мислам Атлетичар имаше еден текст пред некое време кај што човекот вика "Физичката култура ја има изгубено смислата тогаш кога луѓето почнале да тренираат и вежбаат за изглед." Е тоа е тоа... :)
 
Контурирај си ги. :toe:
Коа може мускулите, валјда може и вените.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom