Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Пасује бе мики, едноставно мојш ли ти да направиш ко шо исус, бог да го проси, рече:
17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.

12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14
Имаш ли ти знаци на “оној кој поверувал“ или немаш

Повтори го прашањево уште пар миљон пати па може самото од себе ќе се одговори и тоа не било како, туку токму по твојот мерак...
 
Повтори го прашањево уште пар миљон пати па може самото од себе ќе се одговори и тоа не било како, туку токму по твојот мерак...
шо бараш ти у мојот монолог?
ако има шо да кажеш за знаците кои Исус му ги вети на верните:

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.

12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14

кажи дал ги имаш или немаш, ако не остај ме да си го уживам монологот без одговор
 
ова што го пишуваш ти е класична теологија, зборуваш приказни а ништо не кажуваш. се е мистично, недокажано големо чудо. чудо кое што треба да го прифатиме за и ние да имаме “живот“, вечно постоење.
во овие зборови јас не гледам ништо дуго освен ранење на сопственото его, лично твое его и егото на сите оние кои слепо веруваат во овој измислен “бог“ (оние “верници“ кои ке го прочитаат ова)

Напротив, ништо НЕМОРА да прифатиш!

Мене најмногу ме нервираат доказите(РОПСТВОТО)!
Сега Христос да ми се појави како ДОКАЗ, од мене ќе добие: `МРШ БЕ`!:misticen:
 
шо бараш ти у мојот монолог?
ако има шо да кажеш за знаците кои Исус му ги вети на верните:

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.

12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14

кажи дал ги имаш или немаш, ако не остај ме да си го уживам монологот без одговор

Ај пак?...
Знаеш што треба, нели: копи/пејст.
 
Ај пак?...
Знаеш што треба, нели: копи/пејст.
тој дел од новио завет, е копи пејстиран во милиони примероци по книги
ја не го измислиф копи пастирањето на зборовите на Исус. Ниту го измислив извртувањето отфрлањето и негирањето на тие зборови. И едното и другото се на црквата патентите
 
Не ми се допадна мислењето дека човекот умирал и осознава што е смрт отако ке ја искуси/
Кој умрен ти кажал дека тек тогаш ја вкусил смртта?
Те почитувам и немам намера да навредувам само сакам понешто да поднаучам..Не ми одговори кое е твоето мислење за постанок на светот, имал ли бог секс или не, како настанало човештвото, значи твојата вера како размислува.

Многу нешта не ни се допаѓаат, затоа многумина од нас избираат да следат некое учење на некој си друг. Било тоа да е од Мухамед или Исус, Мојсеј, Буда, Кришна. Не ти се допаѓа мислењето околу смртта, а ти се допаѓа тоа дека човекот оди во рајот или пеколот или чистилиште, така? А никој не се вратил од таму освен според библијата Исус.

Како настанал светот и човештвото - јас не знам. Но, не прифатлива ми е идејата дека се настанало за само 7 дена. Уште по неприфатливо во библијата ми е дека змијата дошла и ја искушувала жената која го навела мажот на грев. Не, јас никогаш немам видено како некоја змија зборува на жена, ниту пак сакам да прифатам дека жената има менструален циклус и породилни болки затоа што послушала некоја си змија! Ова ми е премногу одбивно, можеби не сум жена, но утре ако имам ќерка би ми било одвратно да мислам за своето женско чедо дека е грешничка баш таква како што налага библијата.

Лично за Универзумот верувам дека е бесконечен, без почеток и крај, резултат од љубов, премногу спротивности кој се привлекуваат и постојат во соодветна хармонија. За постанокот на Земјата, не знам, но живеам на неа Сега - момент кој е се што имам и резултат на било кој минат Универзален акт и оној што иде. Исто како и тебе, тука - не само на форумот, овде во светот, јас сум да учам, да ги искусам животот и смртта, да ја откријам својата суштина, да ја надминам илузијата дека јас, ти и нашиот Бог сме различни нешта, да поминам преку илузијата на раздвоеноста.

Ако кажам дека ти си Жена и Божица, а не грешничка, дали тоа значи дека јас свесно или не свесно одам против христијанството кое вели дека сите ,,згрешивме"?
Денес во овие времиња, жената не е тука за да биде обвинувана и манипулирана, казнувана поради вештерство и одбивање да верува во догми туку во истата би сакал да препознаам Божица, Мајка и Сестра, преку искуства или примање на совети да научам од нејзе исто колку што таа би можела да научи од мене!
Да не се ограничувам на целибатство или да ги потиснувам моите страсти кога ќе сум со нејзе, туку да водам љубов без страв дека грешам пред некој си бог и дека за истото ќе бидам казнет! :)

Тоа се моите ставови, а за животот и постанокот на човекот, можеби еден ден ќе знам, а до тогаш, нека тече љубов низ нас.

Love is an open door... :P[DOUBLEPOST=1464478095][/DOUBLEPOST]Да ги погледнеме нештата од оваа перспектива.
lingering_moments_before_you_die.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Ha пример потврда и од друг извор, Римски пагански, еврејски....
Се случуваа работи кои биле видливи за сите, помрачување на сонцето или расцепувањето на пердето, или замисли исто на денот на распнувањето станаа мртвите од ерусалемски гробишта и неколку сати шетале низ ерусалем и зборувале со живите?!
И сега имаш ситуацја д а во град полн со римјани, евреи, пагани... се случи затемнување, шетање на мртви расцепување на светото перде... и никој тоа да го запиши (освен рисјаните и тоа 100 години подоцна)
према христијански начин на докажување - сите вери се во право и имаат докази и ислам и хиндуизам и пагани и атеисти - се е то докажано и потврдено од нив самите

Прво сето ова е пренесено од луѓе кои биле сведоци на тие настани и напишано во Евангелијата. Интересно е што повеќето од Исусовите Апостоли и следбеници се измачувани и умираат во најстрашни маки. Зошто? Зошто некој би умрел за некого ако тој шири лага? Ај можеби еден или двајца би се прелажале ама толку многу од нив? Шетањето на мртвите се надевам дека не го сваќаш како зомби кои се распаѓаат и се движат полека? Тие се појавуваат како нормални луѓе пред евреите кои ги препознавале и не верувам дека римјаните спаѓале во таа група. Инаку римјаните не ги знаеле сите починати евреи а поготово не Светиите кои биле починати долги,долги години и затоа можеби не ги препознале. Еве што е запишано во Евангелието според Матеј 27

52. и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53. па како излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и се јавија на мнозина.

И на крај ќе ти дадам листа на историчари вклучувајќи и римјани кои го потврдуваат животот и воскреснувањето на Исус Христос. Слободно можеш да истражуваш:

Pliny the Younger (62-114AD)
Gaius Suetonius Tranquillus (75-130AD)
Cornelius Tacitus (55-120AD)
Pontius Pilate’s wife’s written letter Recollections of the last occurrences from the Life of The Jesus Christ (she was known to believe that He was from God)
Publius Lentulus (ruler of Judea) wrote a letter to Roman emperor Tiberius (resides in a private library in England, found 1865 AD).
Pontius Pilate, Roman governor, wrote a report to Roman Caesar Tiberius in Jerusalem, 28.III 4147.year since creation)
Celsus (170 AD)
Lucian of Samoset (160 AD)
Tacitus (70 AD)
 
Многу други умреа поради лажни идеали, не само апостолите поради Христос. Денес муџахедините се самоубиваат во името на Алах, зошто некој би се убил ако некој шири лага? Дали ова значи дека радикалниот ислам е вистина?
 
Еве пак по незнам кој пат ќе го напишам примерот со педофилот:
Замисли хипотетичка ситуација, каде имаш педофил и човек што не е педофил. И двајцата се наоѓаат во идентична ситуација - да злостават дете без никој да го дознае тоа. Педофилот го злоставува, оној што не е, не го злоставува, а и двајцата имаат идентична ситуација.
Од овде може лесно да се види, дека причината за делото не е слободната волја туку особината на човекот. Во спротивно, ќе значи дека само педофилот има слободна волја.
Уфф ќе мора да го испегламе ова пред да продолжиме да дебатираме на останатото.

Објаснување на поими

Ситуација - збир на околности во кои може да се најдеш себе си; состојба на работите.

Особина - квалитет или функција која се смета како карактеристика или составен дел на некого или нешто.

Слободна волја - моќта на постапување, без ограничување на нужност или судбина; способноста да се дејствува на сопствена дискреција, самоопределување, слобода на избор, автономија, слобода, независност.

Kога детето е поставено помеѓу двајца луѓе тоа го нарекуваме СИТУАЦИЈА. Ако едниот има сексуална настраност кон деца тоа го викаме ОСОБИНА. Ако педофилот направи ИЗБОР да го злоставува детето тоа се нарекува СЛОБОДНА ВОЛЈА. Другиот пак прави ИЗБОР да си оди од оваа настаната СИТУАЦИЈА зашто нема болна ОСОБИНА. Ако пак ТАТКОТО е со детето тогаш педофилот ја нема СЛОБОДАТА да го злоставува детето и неговата СЛОБОДНА ВОЛЈА за да ја задоволи својата болна ОСОБИНА е попречена од таткото. Неговата БОЛНА ОСОБИНА треба да ја излечи во некоја установа или да се моли на Исус Христос да му помогне. Сите луѓе кои се на планетава ако почуствуваат дека одат по погрешен пат по нивна СЛОБОДНА ВОЛЈА бараат помош од Исус Христос да им ги излечи БОЛНИТЕ ОСОБИНИ со кои им штетат на себе и другите. Дали со ова ги разграничивме поимите?[DOUBLEPOST=1464481406][/DOUBLEPOST]
Многу други умреа поради лажни идеали, не само апостолите поради Христос. Денес муџахедините се самоубиваат во името на Алах, зошто некој би се убил ако некој шири лага? Дали ова значи дека радикалниот ислам е вистина?

Апостолите се (те молам пази на зборот) МАЧЕНИ и УБИВАНИ. Муџахедините (пази на зборот) се САМОУБИВААТ и УБИВААТ други. Дали ја гледаш разликата?
 
Последно уредено од модератор:
Kога детето е поставено помеѓу двајца луѓе тоа го нарекуваме СИТУАЦИЈА. Ако едниот има сексуална настраност кон деца тоа го викаме ОСОБИНА. Ако педофилот направи ИЗБОР да го злоставува детето тоа се нарекува СЛОБОДНА ВОЛЈА. Другиот пак прави ИЗБОР да си оди од оваа настаната СИТУАЦИЈА зашто нема болна ОСОБИНА. Ако пак ТАТКОТО е со детето тогаш педофилот ја нема СЛОБОДАТА да го злоставува детето и неговата СЛОБОДНА ВОЛЈА за да ја задоволи својата болна ОСОБИНА е попречена од таткото. Неговата БОЛНА ОСОБИНА треба да ја излечи во некоја установа или да се моли на Исус Христос да му помогне. Сите луѓе кои се на планетава ако почуствуваат дека одат по погрешен пат по нивна СЛОБОДНА ВОЛЈА бараат помош од Исус Христос да им ги излечи БОЛНИТЕ ОСОБИНИ со кои им штетат на себе и другите. Дали со ова ги разграничивме поимите?
Со ова ти ама баш со ништо не го смени фактот дека причината за злоставувањето не е слободната волја, туку особината што педофилот ја поседува! Слободната волја е само можност да се одбере од можностите што се на располагање, фактор што одлучува што ќе биде изборот е особината. Ако креаторот е сезнаен и семоќен, тогаш можел многу лесно да предвиди какви одлуки ќе носи некој поради конкретната особина, и истата не би ја допуштил да постои како можност.
Другата апсурдност се однесува на улогата на Господ да се смета себе си за судија. Бидејќи судењето значи категоризирање на нештата на погрешни и исправни, соодветни и несоодветни, добри и зли. Но ако се потекнува и се е според промислата на оној што суди, тогаш од кого ќе биде создадено или допуштено тоа што тој ќе го прогласи за погрешно, штетно, зло? Јасно е дека со тоа самиот би си пресудил дека не е безгрешен, дека не е совршен, дека создал или допуштил пропуст - грешка, со што самиот би се демантирал дека е Господ.
 
Прво сето ова е пренесено од луѓе кои биле сведоци на тие настани и напишано во Евангелијата. Интересно е што повеќето од Исусовите Апостоли и следбеници се измачувани и умираат во најстрашни маки. Зошто? Зошто некој би умрел за некого ако тој шири лага? Ај можеби еден или двајца би се прелажале ама толку многу од нив? Шетањето на мртвите се надевам дека не го сваќаш како зомби кои се распаѓаат и се движат полека? Тие се појавуваат како нормални луѓе пред евреите кои ги препознавале и не верувам дека римјаните спаѓале во таа група. Инаку римјаните не ги знаеле сите починати евреи а поготово не Светиите кои биле починати долги,долги години и затоа можеби не ги препознале. Еве што е запишано во Евангелието според Матеј 27

52. и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53. па како излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и се јавија на мнозина.

И на крај ќе ти дадам листа на историчари вклучувајќи и римјани кои го потврдуваат животот и воскреснувањето на Исус Христос. Слободно можеш да истражуваш:

Pliny the Younger (62-114AD)
Gaius Suetonius Tranquillus (75-130AD)
Cornelius Tacitus (55-120AD)
Pontius Pilate’s wife’s written letter Recollections of the last occurrences from the Life of The Jesus Christ (she was known to believe that He was from God)
Publius Lentulus (ruler of Judea) wrote a letter to Roman emperor Tiberius (resides in a private library in England, found 1865 AD).
Pontius Pilate, Roman governor, wrote a report to Roman Caesar Tiberius in Jerusalem, 28.III 4147.year since creation)
Celsus (170 AD)
Lucian of Samoset (160 AD)
Tacitus (70 AD)
Такви докази каде припадник на една вера сведочи за своја вера имаш и
во будизмот
во хиндуизмот
во пагантвото
во мормонство
во таоизмот
во исламот
во јудаизмот
бо зоростаријанството
во шинтоизмот
и куп остали религии во свет. И сведоштва и записи и пренесени настани

Римјаните си беа управители на Јудеја имаа цивилни и воени званични лица, држеа гарнизоно во ерусалем, имаа свои патроли низ град и плус имаа свои еврејски соработници и помошни трупи. Како римјаните дознаа за некаков си мирен учител кој пропагираше во еврејски синагоги на хебрејски јазик љубов и покорност кон царот? Имаше римјани со познавање на хебрејски јазик кои присуствуваа на проповеди во синагоги?

Од делата кои си ги истржувал посебно мнооогу ме интересира да ми кажеш шо точно за „животот и воскреснувањето на Исус“
Плиниј помладиот
Cветониј
Целсус
жената на Пилат
Пилат
Публиус Лентулус....
и сите горенаброени
пошто цела светска јавност би сакала да ги види доказите за воскреснувањето па и животот на Исус од перата на тие луѓе. Ќе ја здрмаш целаа научна јавност и ќе и дадеш нов замаф на рисјанската црква со тие докази кој ни еден истажувач не успеал да ги открие до сега.
Еве јас нетрпелиово очекувам да ми дадеш доказите да ми посочиш во кој дел од тие дела се или да цитираш некои од нив.
 
пошто цела светска јавност би сакала да ги види доказите за воскреснувањето па и животот на Исус од перата на тие луѓе. .

Све зависи (што би рекол Марфи...) кој/што е таа „светска јавност„. „Верувам„ дека под јавност, прво се сметаш себе си....:icon_lol:

Светската јавност пак, а не мислам на тебе, уопште не бара никакви докази нит‘ за Христа Бога, оти ако почне да ги бара и ќе ги најде, а уште помалку дека таа јавност е јаааако заинтересирана за воскресението Христово.

Истата таа јавност, си ги тера работите во духот од хуманизмот, поставен уште пред 5 векови, кој тековно е прејден во својата повисока фаза, позната како „Богоборство„, како „Богоотпадништво„, како (милитантен) „атеизам„, како „материјализам„, како „хедонизам„, и што ли уште не.

„Тие лиѓе„ пак, ионака не се дел од Црквата па автоматски не се ниту квалификувани да пишуваат за нешта за кои немаат абер. Затоа, Црквата ги има Светиите, кои се единстен ориентир за вистината во овој отпаднат Свет.
 
Последно уредено:
Све зависи (што би рекол Марфи...) кој/што е таа „светска јавност„. „Верувам„ дека под јавност, прво се сметаш себе си....:icon_lol:

Светската јавност пак, а не мислам на тебе, уопште не бара никакви доказо нит‘ за Христа Бога, оти ако почне да ги бара и ќе ги најде, а уште помалку дека таа јавност е јаааако заинтересирана за воскресението Христово.

Истата таа јавност, си ги тера работите во духот ид хуманизмот, поставен уште пред 5 векови, кој тековно е прејден во својата повисока фаза, позната како „Богоборство„, како „Богоотпадништво„, како (милитантен) „атеизам„, како „материјализам„, како „хедонизам„, и што ли уште не.

„Тие лиѓе„ пак, ионака не се дел од Црквата па автоматски не се ниту квалификувани да пшишуваат за нешта за кои немаат абер. Затоа, Црквата ги има Светиите, кои се единстен ориентир за вистината во овој отпаднат Свет.
христијанството е само еден сегмент од светските религии
нит е нешо најстаро нит е оригинално нит е најмасовно
А во негови рамки за право дека “се највистинити“ се кавгаат расправаат и докажуваат еден куп разноразни христијански учења, насоки правци фракции.... меѓу кои е и православието кое пак не е ни најстаро ни најоригинално ни најмасовно во рамките на христијанството.
А во рамките на православието пак едни со други се глодаат негираат отфрлаат осудуваат.... разноразни верзии на учењето меѓу кои е и Македнска православна црква која не е ни најстара ни најоригинална ни најмасовна.

Така да ко ќе видиш ти застапуваш едно од бројни правци во една од бројните насоки во една од бројните вери во свет полн со разни религии.
Комотно можеше да бидеш и шаман
 
Од делата кои си ги истржувал посебно мнооогу ме интересира да ми кажеш шо точно за „животот и воскреснувањето на Исус“
Плиниј помладиот
Cветониј
Целсус
жената на Пилат
Пилат
Публиус Лентулус....
и сите горенаброени
пошто цела светска јавност би сакала да ги види доказите за воскреснувањето па и животот на Исус од перата на тие луѓе. Ќе ја здрмаш целаа научна јавност и ќе и дадеш нов замаф на рисјанската црква со тие докази кој ни еден истажувач не успеал да ги открие до сега.
Еве јас нетрпелиово очекувам да ми дадеш доказите да ми посочиш во кој дел од тие дела се или да цитираш некои од нив.

Добар си е кога бараш од овој грст историчари некои точни написи за животот и воскреснувањето на Исус.

Плиниј Помладиот бил роден во Комо (Сев. Италија) и не бил историчар.
Светониј бил историчар роден во Анаба (Алжир) и неговите дела се: Дванаесетте римски цареви, како и биографии на познати реторичари, граматичари, поети и историчари.
Келс не бил историчар, туку грчки филозоф и противник на Христијанството.
Тацит бил историчар роден во Сев. Италија или Јужна Франција.
Лукијан од Самосата не бил историчар, туку реторичар и сатирист, а неговото дело Vera Historia e пародија и претходник на научната фантастика.

Познавајќи те тебе, добро е што не бараше историски потврди за животот и воскреснувањето на Исус од некои индиски, кинески, па дури и јапонски историчари, филозофи и писатели кои живееле во I век.

Ама затоа сосема лесно ги пренебрегнуваш овие факти:

1. Дали апостол Петар кој покажал маловерност кога го видел силниот ветар,

(Матеј 14:

28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!”
29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!”
31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”)

покажал малодушност кога Исус се молел во Гетсиманија,

(Матеј 26:

36. Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.”
37. И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Зеведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38. Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!”
39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”
40. Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни?)

и кога јавно се одрекол од Христос со кривоклетство бидејќи се исплашил,

(Матеј 26

69. А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исуса Галилеецот.”
70. Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш.”
71. А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исуса Назареецот.”
72. И пак се одрече тој со клетва: „Не Го познавам Човекот.”
73. Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава.”
74. Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот.” И веднаш запеа петел.
75. И се сети Петар на Исусовите зборови, што му ги рече: „Уште петел пред да пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.” Па излезе надвор и плачеше горко.)

што мислиш што ќе направел Апостол Петар ако Исус не воскреснал? Ќе се правел дека никогаш не Го познавал Исус и ќе се врател на рибарството, нели?

Но Апостол Петар кој се плашел за себе додека крај него бил Исус, наеднаш станува бестрашен и почнува да го проповеда Евангелието. Човекот кој покажувал страв, малодушност и маловерност додека со него бил Господ Бог во тело, по смртта на Исус Христос се здобива со невидена храброст и самоуверено почнува да проповеда за делата на Господ Исус Христос, најпрвин во Палестина, а потоа и во Мала Азија, Илирика и Италија. Повеќе не се плаши ни од затвор, ни од вериги, ни од смрт, ни од распнување? ШТО МИСЛИШ, ЗОШТО?

2. Дали скептичниот Апостол Тома, ако Исус Христос не воскреснал, немало да се врати на својата поранешна работа, туку се упатил надвор од границите на Римската Империја, дури во Персија,Индија и Кина за да го проповеда Евангелието?

3. Дали фарисејот и гонителот на христијаните Савле, ако Исус Христос не воскреснал, би се преобратил во христијанин и би го проповедал Евангелието меѓу своите Евреи, навлекувајќи си на себе огромен гнев од фарисеите, и меѓу незнабошците од границите на Арабија до Шпанија, изложуван на огромни страдања од страна на богоборците и гинејќи со маченичка смрт?

4. Дали архиѓаконот на првобитната Ерусалимска Црква, Стефан, ако Исус Христос не воскреснал, Евреин по род, би докажувал на своите сонародници дека тие навистина Го убиле Месијата, очекуван од нив со векови, навлекувајќи си на себе гнев и непријателство од своите ближни, кои го наклеветиле и лажно обвиниле и го убиле со камења, станувајќи Првомаченик (прв христијанин кој страдал заради Господа) во истата година кога Исус Христос се вознел на Небото?

https://slavoslovije.wordpress.com/2008/12/05/zitija-svetih-12-apostola/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom