Јас како голем обожавател на македонскава музика и ги пратам фестивалите Скопски, Макфест, Охридфест па и оваа година пуштив да гледам Макфест. Од тоа што видов можам да приметам дека ги има оние фаци што само на ваквите фестивали може да се видат и после самиот фестивал ги снемува како мечки спијат цела сезона а богами и скоро година цела додека пак не им дојде прилика за на фестивал.
Исто така приметувам дека немаат идеа па нешто импровизираат со некој прашања тупи и глупи кој ги поставува водителот а кој може да се чујат истите во секое интервју на музичар наш. Бекстејџот катастрофа маси кај што седат тимовите од пеачите и самите пеачи а на ѕидот се гледа едно закачено рекламо платно на радио Слободна Македонија.
Добро мајка му стара па ако можеле да се потрудат за сцената да е како што треба можеле и позади сцена да дотераат да изгледа колку толку добро за гледање.
Пишав тука повеќе пати дека имаме добра македонска музика но имаме и некој пеачи и пеачки кој се изгубени доста или слабо стојат со пеењето. Исто така кај некој од пеачиве и пеачкиве во позадина имаат кореографија на пар танчери кој онака мрдаат со раце и нозе класика стандардно веќе видено секоја година.
Мора тука нешто да се смени од корен во фестиваливе.
Ламбе се врати, ама дека нешто се сменило, очигледно не. После 6 ипол години од последнава објава, кризата уште трае, а може и да е полошо. Доволно е да погледеш Златна Буба Мара и ти кажува сè до кај сме. Сите сакаат да тезгарат по кафичи, свадби и да пеат други песни место да творат. Исто како да си професор на факултет, а не правиш истражувања.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.