Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
готово е, конечно ќе ја затвораат оваа предвничка телевизија.
 
готово е, конечно ќе ја затвораат оваа предвничка телевизија.

Кажи што не ти се допаѓа, како заклучи дека е предавничка, пиши која телевизија е пример за тебе...
Вакви коментари се пишуваат под некој линк на ФБ!
 
затворени ви се вас мозоците. само продолжете да ја гледате телма.
 
затворени ви се вас мозоците. само продолжете да ја гледате телма.

Тебе не ти е ниту затворен мозокот, затоа што за да ти биде затворен мозокот треба барем нешто да имаш внатре во мозокот, кај тебе е празен мозокот па нема потреба да ти биде затворен мозокот.
Удар во твојот мозок би бил удар во празно :pos:
 
Овие од Телма почнале да отпуштаат стара гарда новинари

Дванаесет новинари во Телма прогласени за технолошки вишок

Дванаесет искусни новинарски имиња, меѓу кои Панта Џамбазовски, Емилија Лазаревска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Влатко Змејковски и Јулијана Лефковска Пешевска утрово се прогласени за технолошки вишок.
Одлуката ја дознале од раководството, а во известувањето било наведено дека е заради намалување на трошоци.

Синдикатот на вработените на Телма денес очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.

„Професионалната“ ТЕЛМА ги прогласи професионалните новинари за технолошки висок. „Професионалната“ Телма остави дете оперирано од срце без здравствена заштита. Најтешката битка во животот ја добив, претстои друга. Имате ли совест и образ да ме погледнете во очи, најдете една дамка во мојата кариера! Животот е тркало, денес си горе утре долу!!!“, напиша на Фејсбук Јулијана Пешевска, една од групата новинари прогласени за технолошки вишок.

Лазаревска: Се чисти теренот од старите професионални кадри на Телма

„Дали се поквалитетни од нас, од мене, од Јуле, од Зајкова, од Панта, од Бранка.....НЕ! Па кој е критериумот“, прашува новинарката.
Со оглед на тоа што на одлуката за откази нема ниту еден од новопримените, јасно е дека се чисти теренот од старите професионални кадри на Телма, која со таа екипа го стекна реномето на професионална, стабилна телевизија, во која се правеа едни од најгледаните вести, но убедливо со најголема доверба, вели за Плусинфо Емилија Лазаревска, која е една од дванаесетте новинари кои се профласени за технолошки вишок во Телма.

- Објаснувањето е дека во првите три месеци од годината телевизијата прикажала најголема загуба од своето постоење?! Дали сме ние виновни за тоа? Вели дека се прави нова систематизација и рационализација на кадарот, а во последните две години континуирано се примаат нови луѓе. Дали се поквалитетни од нас, од мене, од Јуле, од Зајкова, од Панта, од Бранка.....НЕ! Па кој е критериумот? За жал ,ова е последниот удар на професионалното новинарство! - вели Лазаревска.

Текстотовите се копирани од MKD.mk и Plusinfo.mk а ги најдов на Time.mk
 
Овие од Телма почнале да отпуштаат стара гарда новинари

Дванаесет новинари во Телма прогласени за технолошки вишок



Лазаревска: Се чисти теренот од старите професионални кадри на Телма



Текстотовите се копирани од MKD.mk и Plusinfo.mk а ги најдов на Time.mk

Ајде правец во Нова тв или во останатите национални телевизии.
Бранко Илиевски прв повлече нога во Нова тв.

Инаку голема криза ја удри Телма, па го прекинаа документарецот за Втора светска војна, неколку дена го нема во терминот од 16 часот.
 
Ајде правец во Нова тв или во останатите национални телевизии.
Бранко Илиевски прв повлече нога во Нова тв.

Инаку голема криза ја удри Телма, па го прекинаа документарецот за Втора светска војна, неколку дена го нема во терминот од 16 часот.
Заврши документарецот. Војната траеше 6 години, а не 50 па да го прикажуваат документарецот со години.
 
Заврши документарецот. Војната траеше 6 години, а не 50 па да го прикажуваат документарецот со години.

Последен пат кога го гледав документарецот, привршуваа со 1943 година пред 2 недели.

Нема теоретски шанси да ги поминале 1944 и 1945 година за само 2 недели, кога периодот од 1939 до 1943 го прикажуваа од февруари 2016, ако не и порано, па се до втора половина на мај 2016.
 
готово е ќе ја затворааат. доста го труеја етерот.
 
Заврши документарецот. Војната траеше 6 години, а не 50 па да го прикажуваат документарецот со години.

Минатиот Четврток или Петок не знам или беше 19 или 20 Мај паметам имаше за настаните од датум 15 Декември 1943 година кога В. Британија, САД и Советскиот Сојуз ги прекинале дипломатските односи со владата на Кралството Југославија која од Април 1941 се наоѓала во егзил во Лондон. Тоа е поради тоа што четници и останати формации кои се колнеле во името на кралот на Југославија соработувале со Германскиот окупатор во Југославија, но да не навлегувам овде во историја на темава. И тогаш завршија со Декември 1943.

Во една емисија од документарецот се обработува 1 месец од војната, и не го емитуваше Телма документарецот до крај на војната до 1945 година.

Типично за нашите телевизии ќе откупат Американска или Британска серија а крајот на сериите и документарците не го даваат, само по некоја сезона ќе пуштат колку да се фалат дека нешто откупиле.
Турски и Индиски серии веројатно ги даваат сите сезони и епизоди, не гледам такви серии но сигурно така прават.

Британската серија Фаличен пансион која одеше во работни денови на Телма пред пола година а сега оди во Недела попладне, серијата одеше во 2002 на Алфа тв, ова баш го видов од програмска шема на телевизиите во стари весници од 2002 година. Расчистував по дома и најдов стари весници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom