Твоето лице звучи познато (ТЛЗП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледав вечерва. Даниел добар, но Ивана заслужено победи.
 
Халид Муслимовиќ како Стоја беше најдобар. Атмосфера им направи:D
 
Вторава епизода подобра од првата.
 
Го гледав вечерва. Даниел добар, но Ивана заслужено победи.
Според кои критериуми ? Поентата на шоуто е да се надминеш себе си , а тоа го заслужи Неша ама никогаш не победувала најдобрата имитација.
 
Според кои критериуми ? Поентата на шоуто е да се надминеш себе си , а тоа го заслужи Неша ама никогаш не победувала најдобрата имитација.

Ивана ми беше најблиску до оригиналот. Страшен глас има женава. И Неша беше одличен. Инаку сите ќе победат барем по еднаш, сепак шоуто е од хуманитарен карактер па сите ќе ги донираат парите каде што планирале. Така беше и претходните сезони.
 
Да сите ќе победат и на крај во финалето има еден главен победник. Иначе читам информаци дека Славица Чуктераш си заминала од шоуво затоа што била бремена.

Ако е точно ова дали на нејзино место ќе има некој нов учесник ?
 
Еве го бе победи Даниел. Иако мене не ми личеше на Тина Тарнер ни најмалку. Победи пошто имаше најтешка задача. Секоја чест сепак за гласот, ептен го погоди. Инаку и вечерва имаше интересни моменти, им текнуваат интересни идеи.
 
Па мораше некогаш да победи зошто сите мора по еднаш да победат. Иначе драго ми е што парите ќе ги донира во Македонија, поточно во Крушево.

Од другите што настапуваа ми се свиѓаше Дара Бубамара, но ми се свиѓаше и делот кога на настапот на Каја дојдоа сите од поранешната група на Ивана Петерс. Јес да ја направија назабележителна на нејзиниот настап, но ептен добро беше изненадувањето:)
 
Победник е Даниел Кајмакоски:aplauz:

Да бидам искрен, очекував дека ќе победи или Даниел или Ивана Петерс (иако повеќе мислев дека Даниел ќе победи). Но во секој случај победата му е заслужена, а и драго ми е што парите ги донира кај нас во Македонија, т.е. во Куманово.
:)
 
Штета што не е направено да и парите од смс гасањето не одат во хуманитарни цели.
 
И парите од гласањето одат во хуманитарни цели
 
Заслужено победи Даниел. Имитацијата на пејачот на Рамштајн беше најдобра од сите имитации оваа сезона.
 
И парите од гласањето одат во хуманитарни цели

Не сум знаел ова. Добро е ако е така ама каде одат и тие пари? Онаму каде што и Кајмакоски одлучи да ги донира оние од победата ?
 
Не сум знаел ова. Добро е ако е така ама каде одат и тие пари? Онаму каде што и Кајмакоски одлучи да ги донира оние од победата ?

Дa
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom