- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.049
- Поени од реакции
- 12.592
Вчера, недела, 22 мај 2016, на точно 2 недели, односно 14 дена пред својот 83-ти роденден, после долго и тешко боледување при што му беше ампутирана ногата, почина една од најголемите актерски легенди на поранешните југословенски простори, легендарниот Валтер кој го бранеше Сараево, незаборавливиот и незаменливиот Велимир "Бата" Живојиновиќ.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=1009B7577818AA458B4EEDD0DF954584
Почина српскиот актер Бата Живојиновиќ
23.05.2016, 11:32
Легендарниот актер починал синоќа во болницата „Свети Сава“ во Белград
Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа во 22:45 часот по локално време во болницата „Свети Сава“ во Белград, објави „Вечерње новости“.
Пред велигденските и првомајските празници, здравјето на Бата Живојиновиќ наеднаш се влошило, пишува „Новости“. Во болницата „Свети Сава“ лекарите по тешкиот мозочен удар пред четири години му помогнаа да закрепне и по рехабилитацијата на бања, одлучија да го пуштат на домашна нега.
Бата Живојиновиќ е роден во Корачица под Космаја на 5 јуни 1933 година. Во неговата кариера одигра повеќе од 300 улоги на филм, театар и телевизија од кои многу се антологиски, а неговите филмови ги гледале повеќе од десет илјади гледачи, со што не можат да се пофалат ни холивудските легенди.
Да бил убав актер, вели тој, „не би заработил ниту за леб“, па на таа „карта“ никогаш не играл. Беше „црец и жена со превез“, затоа што не бираше филмови и не одбиваше улоги, ниту им дозволуваше на дублери да го заменат.
Два пати е одбиен на Академијата, а филмското деби го оствари во „Песните од Кумбара“ (1955, режисер Радоша Новаковиќ) по кој се нижеа улогите на Милош Бојаниќ, Мирта, Булиџ... со кои ги убеди режисерите дека филм без него нема да помине.
Во текот на 60-те години од минатиот век со филмовите како „Козара“ (за кој награден е во Пула) и „Битката на Неретва“ се устоличи како една од најголемите ѕвезди на кинематографијата на поранешна Југославија, но зенитот на неговата популарност дојде во текот на 70-те години со филмовите со тематика од Втората светска војна. Со „Валтер го брани Сараево“ постигна голем успех во Кина каде се уште и ѕвезда.
Во текот на 80-тите Живојиновиќ парадираше со неговиот имиџ на акционен херој во улоги во лесни комедии.
По повод 55-години од уметничката работа и 77-от роденден доделено му е најголемото признание на Југословенката кинотека - Златен печат.
Во последните две децени од почетокот на повеќепартискиот живот во Србија, неколку пати беше избран за пратеник на Народното Собрание на Србија како член на СПС.
Живојиновиќ беше иницијатор и основач на Здружението на филмски актери во Србија, а исто така и директор на филмскиот програма на Слободарските свечености во Сопот.
http://www.idividi.com.mk/showbiz/film/1073150/index.html
In Memoriam: Бата Живојиновиќ
Објавена на 23 05 2016 10:32:36
Извор: ИДИВИДИ
Легендата на српската и југословенска глума, Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа на возраст од 82 години во болницата Света Сава во Белград, јавија српските медиуми.
На Живојиновиќ на почетоков на месец мај му беше ампутирана ногата и по серијата здравствени проблеми почина синоќа во 22.45 часот во Белград.
Актерот кон крајот на животот се бореше со серија на здравствени проблеми, како мозочен удар, срцеви проблеми и гангрена на ногата поради која замина на третман во Куба.
Бата Живојиновиќ уживаше во долга и плодна кариера не само на филм, туку и на телевизија, а и на театарските штици. Своето филмско деби го имаше во 1955-та година со филмот Pesma sa Kumbare, а дел од најпознатите филмски улоги тој ги оствари во филмовите како Валтер го брани Сарајево, Битката на Неретва, Битката на Сутјеска...
Живојиновиќ во 60-те и 70-те беше дел од повеќе филмови во холивудска и европска продукција, а во 80-те и 90-те беше присутен и на малите екрани со култните серии како Бољи живот и Срећни људи.
Семејството на Живојиновиќ не објави детали поврзани со датата за одржување на погребот.
Велимир "Бата" Живојиновиќ
5 јуни 1933 - 22 мај 2016
Лесна му земја
нека почива во мир
R.I.P.