mi17 e ruski ili ukrainski
Руски
Ako mislis deka forumot e za ubeduvanje, togas si vo zbluda.
Ke se obidam da bidam pojasen, zapocnaa prikaznite za ukrainski piloti odkako ja doteraa prvata isporaka na helikopteri od bosna, posto Ukrajna imase misija vo Bosna i od togas se sirat prikazni, deka letale ukrainci, letale no nikogas nemaat ucestvuvano vo misija. Isto kako sto se zborese deka imalo ruski i ukrainski platenici, se toa se prikazni od rezervisti.
Prva rabota e pred sekoj let se pravi plan za letanje eden vid dosie kade sto se potpisuvaat poveke lica megu koi i pilotite, a do sega se smenija ministri nacalnici i se sto mozese da se smeni ke izlezea informacii, ovie raboti ne se prekrivaat, dokolku falat planovite na let za bilo koe letalo, toa ke moze slobodno da se frli vo otpad.
Drugo sto dokolku se sluci nesreka ke mora da se kaze koj od pilotite nastradal, a tuka nema krienje i toa bi bilo golem skandal vo Evropska zemja da letaat platenici, moze e slucaj vo Afrika no ne i kaj nas.
Treta rabota dokolku letale, toa ke bide javno objaveno i tie piloti ke dobijat ordeni od drzavata, zatoa sto sekogas koga ucestvuva stranska vojska i dava podrska na druga zemja se delat ordeni. Kako nasite volci sto dobija medalji za hrabrost od amerikanskata armija vo Irak.
Naj poznata kratenka e POHE (protiv oklopna hekikopterska edinica), za ПСЗСУ prv pat slusam.
Nekoi piloti seuste letaat vo Arm nekoi se prefrleni vo Mvr. Ima i maldi piloti koi se na obuka, ne e taka crno.
Ne znam koi helikopteri gi gledas posto bitnite se vo hangari, najverojatno Mi17 koi cekaat remont ili pak za parkiranite kaj grobnicata, mozes da pobaras po internet kaj poranesnite sovetski republiki letaat so letala koi izgledaat katastrofalno, no toa e poentata tie se vo letna sostojba za razlika od nasite koi ne se i kolku poveke ne letaat tolku se pomali sansite za vo idnina da proletaat, ima procedura koja se narekuva konzerviranje na letaloto pa potoa se stava vo rezerva, taka da od tie sto gi gledas poveketo ke bidat povleceni.
Од една страна морам да те цитирам и да те исправам, од друга страна морам да ти преќутам бидејќи не е убаво ко што кажа ти да се натегаме тука до сабајле.
Но ајде еве ќе пробам уште еднаш да ти кажам свое мислење и искуство.
Две работи ми се јасни за тебе, претпоставувам до душа. Ама така ми делуваш во 99% од твоиве мислења.
1. Си слушнал, се интересираш, се распрашуваш, те интересира све околу ВВ на АРМ? ДА! не викам не, ме радува тоа.
2. Си бил таму, и знаеш све? НЕ, туку само рекла-казала собираш мислења од еден од друг. Бидејќи да си бил таму немаше овие небулози да ги кажеш, ама ајде ок, млад си вероватно, се интересираш сите сме радознали сакаме да знаеме и кога толку многу имаме желба да дознаеме нешто кога толку многу не интересира нешто, понекогаш и добиваме погрешни информации, мада све ти е опростено бидејќи не сум сретнал во животов човек кој толку се интересира за ВВ на Македонија.
Претпоставувам дека си млад дечко, и дека си бил млад кога беше конфликтот во Македонија.
Од друга страна ме радува тоа што постојат луѓе како тебе во Македонија кои се интересираат за ВВ, бидејќи таа желба полека згаснува низ младинава во Македонија, 90% од залижаниве ``мангупи`` сакаат да бидат правници,економисти,менаџери, sales management, acount advisor, или како и да им се викаат називите веќе пун курац ги има западњачки називи, па дури и чистачите станаа hygiene technicians...
Работам веќе 7 години во САА - Агенција за Цивилно воздухопловство на Република Македонија.
Во војска, 99та бев ВВ и ПВО, 2001 бев воен резервист, не бев толку упатен во целата приказна бидејќи бев детиште, млад - но сепак бев таму лично. Ни сега не сум упатен во армискиот дел , но секој ден поминувам од таму, сум влегол милион пати во хангарите па дури и во кокпитот на СУ25 и МИ24 (чисто од заебанција и од радозналост).
Офицери од ВВ на АРМ ми се добри пријатели, оние истите што беа учесници во целата таа манџа во 2001 година. Пази, ОНИ имаат различни мислења. Па кога ќе паднеме во муабет на таа тема, едниот кажува едно, другиот друго.
Исто ко сега јас и ти, а пази ти зборам за високи официрски чинови на АРМ.
Небитно.
Поентата ми е една! Да ти кажам да знаеш а ако не веруваш прашај некој ама гледај да е некој кој работи во ВВ на АРМ, и кој бил 2001 година на лице-место. ќе ти каже.
СУ25 НИКОГАШ, повторувам НИКОГАШ!
не учествувал во борбено дејствије или како што викаш ти МИСИЈА, СУ25 откога стигнаа во Македонија немаа ниедна мисија ниедно воено дејствување. само обсервација правеа 3-4 пати летаа онака на ``заебанција`` и тест летови, натаму-наваму му брмчеа на народов над глава.место да лета кај што треба он лета над Пржино и Кисела Вода. Беа купени за УКРАС во буквална смисла на зборот, добро до душа имаше ГОЛЕМИ планови со нив, планови со кој можевме да ја добиеме војната во рок од 3-4 дена. во буквална смисла на зборот. планови да се спроведат дејствија да се гаѓаат цели на земја, објекти, стратешки цели, со
ОЗБИЛНО наоружување, ама на крај за жал испадна македонската работа и изговори, ``нема пари(пошто веќе некој ги испрал и стрпал во џеб) и истите тие што ги стрпаа парите во џеб искочија со изговори: скапи се летовите, одржавањето, наоружувањето, па дали сте свесни колку коштаат ракетите,тинтири-минтири, бомбите, муницијата за митролезот, (иначе едниот СУ25 дојде со фул опрема вклучувајќи и Гриазев-Шипунов 30мм
Air-to-ground митролез и плус 15000 парчиња муниција)``, на крај испадна дека ги купија авионите само колку да се каже ете имаме авиони, шиптариве наебаа сега, готови се, готови се жими стојко. И што испадна на крај? испадна џабе пари фрлени за нив.
Украинците што дојдоа беа платеници ДА (off the books) , ама беа дојдени ОФИЦИЈАЛНО како инструктори, пратени од ПСЗУ (за твоја информација бидејќи не си слушнал никогаш,ПСЗУ е скратеница за Povitrjani Zborni Sili Ukraina
) .или што би значело во превод, ``Украинска авиjација или украинско воено воздухопловство``, така нешто, побарај на Гугл, ме мрзи да барам ќе видиш за што станува збор, можеби точно не спелував. Украинци ги летаа и над Радуша и уште 2-3 пати (не ги набројувам тренинзите и тест летовите каде што имаше пилоти македонци), еднаш знам прелетуваа низ Арачиново вечерта 21 или 22 Јуни 2001 година, бидејќи немаше во БУКВАЛНА смисла на зборот НЕМАШЕ не постоеше македонец тогаш кој беше обучен на таков тип на авион тогаш зборам за конфликтот 2001 година.
Имаше воени пилоти македонци, бивши пилоти на ЈНА кои беа вратени од ПЕНЗИЈА - читај ПЕНЗИЈА. Toчно е тоа што го кажа беа обучени на галеби, орлови, соколи, и останати ``олдтајмери`` на ЈНА. Но не на СУ25.
И јас сум за Македонија да купи и СУ35 и Мигови би бил многу среќен.
Не е се така црно, одамна ја надмина ВВ на АРМ границата со ЦРНО сега е веќе КАТРАН и нема назад.
Се збори, за реформи, за нов и поголем буџет на армијата во оваа полициска држава, сега за сега само се јадат бубрези ко што ги јадеме ја и ти овде, нагаѓаме, погаѓаме, сонуваме, мислиме, претпоставуваме.
Верувај ми дека многу месеци поминав како член на ВВ и ПВО на АРМ. И како војник и како резервист, многу убави спомени ми останаа од тие денови, јас заради тоа искуство од АРМ и продолжив со студии во Битола на техничкиот факултет одсек ``цивилна авијација`` затоа и тоа го работам ова што го работам сега. Ко што ќе речеше еден мој колега од факс ``ти си единствен скопјанец што дошол Битола да студира``
Јас би бил најсреќен кога стварите во ВВ на АРМ биле како треба и кога би искочиле ние како држава со своја флота на ловци, бомбардери, не ни требаат кујзнае колку доволно ни се 4-5.
Немој ништо лично да го сватиш ова,те молам, само сакам да ти кажам тоа што јас го имам слушнато и доживеано од угледни офицери на АРМ и како војник и резервист на ВВ и ПВО. Исто како што ти го кажуваш она што ти го знаеш и што си го слушнал.