Оваа го пишав на друг форум ама ќе го пишам и овде за да видете дека нема шанси да се украдени 5 милијарди евра, помалку ДА, ама колку, тоа само Грујо и компанија го знае.
Јас прогнозирам дека кај првиот ешалон се некаде 750м + евра
додека кај пониските милијарда +.
Еве за 2015г има детално се објаснето за која институција колку.
http://www.finance.gov.mk/files/u6/BUDZET_2015_ZA_OBJAVUVANJE_21-10-2014.pdf
еве накратко и најважното првата бројка е 2014 втората 2015 во милијарди денари
Тековни расходи 154,073 160,569
Плати и надоместоци 23,605 24,451
Стоки и услуги 18,636 18,690
Трансфери до ЕЛС 16,005 16,278
Субвенции и трансфери 12,657 12,523
Социјални трансфери 78,769 82,645
Каматни плаќања 4,401 5,982
Капитални расходи 21,084 21,208
ВКУПНИ РАСХОДИ 175,157 181,777
Да анализираме плати 24,451+ соц. тран. 82,645+ камати 5,982=113,078 или 62,2% од целиот буџет кој нема шанси да е украден.
Трансферите до општините се користат за плати и дел за инфрастриктурни проекти тука може да се украде нешто или ако сметаме според македонскиот (државниот буџет) просек околу 2 милијарди денари (во најдобар случај) од 16милијарди.
Стоки и услуги и тука може да се краде за опремата што се користи (хартија, компјутери, бироа, струја, вода, ПТТ, ова, она....), тука незнам колку би се украло, ама факт е дека службениците трошат максимално.
Од 18 милијарди би се украле максимум околу 2 милијарди.
За субвенции и трансфери тука би земале само ако имаат земјиште, крави, овци... , а не ми изгледа дека Грујо, Заев молзат голем број на овци (освен гласачките), овие пари одат за пропаганда, демек нешто ќе се развило од земјоделието.
Од 12,5м како субвенции кај богаташиве одат некој 1-2 милијарди.
Сумирање од 154 милијарди можат да украдат некој 6 милијарди денари.
Највеќе пари можат да украдат од капиталните расходи или од вкупно 21,2м, некаде максимум 15-сетина проценти,
3-4 милијарди денари.
Вкупно околу 10+ милијарди денари годишно во најдобриот случај.
Зборот ми е дека нема шанси да се украдени 5 милијарди евра!!!!!!!!!