Перници

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Перница е многу индивидуална работа.
Знам луѓе што не спијат на перница, што спијат на висока перница и на оние најтенкине, рамни перници. Работа на навика е, а и плус зависи од телото твое, посебно вратот и `рбетот како ти се поставуваат кога ќе легнеш.
Јас спијам на повисока перница и секое менување на перницата ми ствара огромни болки во врат, главоболки, следниот ден го осеќам цело тело раштрафено.
Пред извесно време земав Дормео и сум презадоволна иако на почеток настапив со огромен скептицизам ради претераниот маркетинг на Топ Шоп.
Треба да си најдеш идеалната перница за тебе, а доброто со овие "Дормеовциве" е што за 7 дена можеш да ги смениш ако не си задоволна. Така да пробај, види, истражувај, долг е патот до убав сон, арно ама кога ќе го добиеш, нема да ти се станува од кревет. :)
 
Ааа си цицал цела вечер ракија во некое меане легни на та перницата од дормео и сабајле ништо немат да те болит? Как да не доста лажите бе немат да те болит глата, нема да те болит вратот, море се болит :D
Ние југословениве од Симпо купвиме и никое друго место, шала на страна имаат добра понуда, јас ги имам стандарите перници памук и некои влакна комбинација одлични се.
 
Океј, знам дека е глупава темата.

Сегашните перници за спиење не чинат веќе, па треба да се купат нови.

Е сега знам дека има ефтини перници од по 300 денари, а има и баеги поскапи.

Во што е разликата меѓу овие? Навистина ли поскапите нудат поубав сон и појше време тераат? Какви перници препорачувате, и каде можат да се најдат?
Vaka sega,ke si odis vo struzanka ke si zemes pernica so sredna golemina 50x70 i ke si bides raat. Sose navlaka cini 450 denari i ako ti e tvrda ke izvadis kolku sakas od vnatresnoto polnenje i ke si ja sredis po tvoja dusa. A dormeo ostaj toa premqckani se so otrovna smola koja posle odreden period na koristenje sozdava komplikacii kaj disenjeto kak pomladite vo semejstoto koi se najosetlovi.
 
Дали се добри перниците со пердуви? Во JYSK во City Mall има за 590 денари и планирам да си купам една, само незнам дали ќе ми биде удобна бидејки спијам на стомак.. :)
 
Јас имам од JYSK од City Mall од Wellpur перниците и искрено би ти ги препорачала, ја сум навистина задоволна :).
 
arm-sleepers-pillow-1.jpg

Се наоѓа негде ваква перница? Секое сабалје се будам со здрвена рака, 15 минути незнам кај ми е раката :icon_mrgr:
 
Имам веќе една година перница од Дормео и сум презадоволен. Само што процесот на привикнување ми траеше околу месец дена. Првиот месец перницата ми беше пре тврда, никаква и одвратна. И ене ја сега, не давам никој да ми ја допре. :D
 
Што мислите за оваа понуда? Добри ли се перниците и цената?
 
Каде може да најдам ниска перница? Овие од дормео ми се многу високи. Жена ми купила некои анатомски со еден слој, па се осеќам како главата да ми е на кутија. :mad:
 
Здраво на сите, значи веќе 5 месеци страдувам од болки во вратот, скоро секој ден се будам со вкочанет врат а имам направено куп анализи вклучувајки и рентген на вратот, немам спондилоза туку само стеснати мускули предизвикани од лоша перница, стрес..и слично, па се мислев да ја купам оваа перница "
Дормео Memosan Anatomic" од ама сепак ми треба ваше мислење, ви благодарам однапред.
 
И јас до пред неколку месеци почнав да имам болки од перницата. Кога ќе станев од спиење вратот ме болеше, глава ме болеше, мамурен бев и повеќе се осеќав изморено од спиењето од што одморено. Пред некој месец татко ми ми купи перница Дормео поради тоа што кукав секој ден колку не ми чини перницата, и мислам дека спиењето ми се подобри бар за 80%. Перницата е од оние малите што се 50х30 центиметри и вреди за парите:)
 
Каде може да најдам ниска перница? Овие од дормео ми се многу високи. Жена ми купила некои анатомски со еден слој, па се осеќам како главата да ми е на кутија. :mad:
Јас купив пред неколку месеци две Дормео обични анатомски со мемори пена перници и супер ми се покажаа. Иначе, и јас имам кус врат и тесни раменици, па ја вртам дормеото така што вратот да ми биде на пониската страна од перницата, не како што прикажуваат на рекламите и мене ми е таман.
@Saladin пробај сврти ја перницата од пониската страна. Јас предходно имав два анатомски ама кинески перници и се чудев зошто пак укочена се будам, а сум спиела на повисоката страна од перницата.
Иначе овде ги купив на попуст една перница ме фана 900 денари. Одамна му се стрвам и на тој наддушекот од мемори пена, па ако има некој искуство со такво нешто нека сподели.
 
@Moon Child и јас си земав две дормео перници и тоа кога беше акцијата, 2 за 1500 ден. ама мислам дека правилно е да се спие на повисокиот дел, да биде таму вратот..така спијам и немам мака...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom