Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Heaм појма јас трава не спомнав во тој текст, ти натаму го одвлече муабето трава па трава па трава....
 
На форумов, има два-тројца (поточно кажано: двајца без тројца...) кои непрекидно гракаат дека сите досегашни религии биле „старо еонски„, ама ете, се појавила Телемата, која само што не ги згазила.
Што мислиш, од чиј ум дознавам дека Телемата е „ново еонска?
Не гракаат туку зборуваат...
Досегашнитге религии се една против друга и се дел од стариот еон...

По се изгледа преуку својот ум дознаваш за Телемата и тоа преку форумов и ништо поеќе, што не е доволно за правилно разбирање на нештата, иако тие 2-3ца постојано велиме да се прочита некоја философска книга во која се зборува за философијата на Телема...

Но, нема да прочитате нели?
Тоа е стариот еон... догма и ништо повеќе.
 
Heaм појма јас трава не спомнав во тој текст, ти натаму го одвлече муабето трава па трава па трава....

И ја‘ не споменав дека Цеца и Мерлин имаат било што со богојавлението па ти натаму го навлече муабетот...[DOUBLEPOST=1463413805][/DOUBLEPOST]
Не гракаат туку зборуваат...
Досегашнитге религии се една против друга и се дел од стариот еон...

По се изгледа преуку својот ум дознаваш за Телемата и тоа преку форумов и ништо поеќе, што не е доволно за правилно разбирање на нештата, иако тие 2-3ца постојано велиме да се прочита некоја философска книга во која се зборува за философијата на Телема...

Но, нема да прочитате нели?
Тоа е стариот еон... догма и ништо повеќе.

Хепта,

колку Текемски книги треба да прочитам да за ми станит јасно дека Телемата е староенска (е-е-ејјјј стара....) а не новоенска лага?

Ма секако дека нема да ги прочитам, од погоре наведената причина.

Знаеш како велат: „Ѓаволот се крие во деталите„, па така е и со Телемата: навлегувањето во Телемата нема да ми докаже дека е „ново еонска„, уште помалку ќе ми каже дека е вистината, туку дека е бајата.

Но, не е финтата само во делатиле, туку во духот од целината. Духот е тој кој од неколку прочитани реченици, јасно укажува во кој правец се движи одредено учење.
 
Последно уредено:

Само со „Магика без Солзи“ ќе ти стане појасно дека Законот на Телема е закон на новиот еон, Еонот на Детето, каде што човештвото е како дете - мора да има искуство за да го разбере светот, далеку од старо-еонските догми кои проповедаа(т) верување а не знаење за светот и човекот. Далеку од спротивставувањето кое го изградивте едни против други, неразбирајќи ги учењата на другиот...

Може да ја додадеш и „Препород на Магиката“ онака, како фил - да мудруваш подобро во однос на Телема... а не со старо-еонски наочари да зборуваш што како е денес во светот.

Ете за тоа зборувам, ти што велиш: што ќе читаш кога ти веќе знаеш преку тотално спротивна философија, каква е Телемата - типично за луѓето од стариот еон и неговите догми.
Што ќе учи ново човекот кога се си има во една добро стокмена догма тамам за оние кои не сакаат да работат врз себе си и на кои полесно им е да отфрлат нешто ново и чудно за нив, само затоа што се коси со некакво нивно верување за тоа како е уреден светот... :cautious:

П.С. Знаеш дека ѓаволот се крие само во вашите религии и дека постои само за да опстои вашата догма кај оние кои сеуште не разбираат дека се ѕвезди?
Знам дека знаеш. Но не знаеш дека христијански концепт за ѓаволи и бесови нема во новиот еон, кога еднаш ќе ја смениш перспективата и се ќе гледаш од точка на сонцето, не ти се враќа на Земјата и нејзините сенки и старо-еонски призраци за „втора смрт“, расправи дали дошол или не месијата на евреите, како сите се спасени на туѓ грб итн итн ... тоа се призраци за оние кои се плашат да бидат она што се...
Ја снемува потреба само да се верува и се ќе биде подобро утре...

Не е убаво да не сте она за кое сте дојдени на Земјата...
 
Последно уредено:
Само со „Магика без Солзи“ ќе ти стане појасно дека Законот на Телема е закон на новиот еон,

Сека, прашај ме од кај знам дека Телемата да ти била ни мање ни више туку новоеонска...[DOUBLEPOST=1463427734][/DOUBLEPOST]
Еонот на Детето,.

Ка‘ ‘ноа од крајо‘ од филмо‘ „Одисеја 2001„?...[DOUBLEPOST=1463427809][/DOUBLEPOST]
П.С. Знаеш дека ѓаволот се крие само во вашите религии

Ѓаоло‘ пред очи да ти излезе, нема да го препознаеш. Трај си...[DOUBLEPOST=1463427881][/DOUBLEPOST]
Не е убаво да не сте она за кое сте дојдени на Земјата...

Христосовите следбеници не се за овој Свет...
Христос не ни вети вечен живот во Светов, туку на Небесата.[DOUBLEPOST=1463427971][/DOUBLEPOST]
Знам дека знаеш. Но не знаеш дека христијански концепт за ѓаволи и бесови нема во новиот еон, .

И јас знам дека ти знаеш дека знам дека една од најголемите лаги кои ја прича лукавиот, е дека (тој) не постои...
 
Последно уредено:
Ка‘ ‘ноа од крајо‘ од филмо‘ „Одисеја 2001„?...
Мислам дека немаш потреба да ме влечиш надолу на твое рамниште ако немаш што паметно да продискутираш... не сме дојдени тука за војна, за игра сме дојдени - не ги гледај толку црно работите и дискусиите тука :)

Ти реков, ѓаволи само во стариот еон, рака под рака со христијанството и исламот, со сите тие страшни сказни за дуалноста на светот...
измисливте премногу оправдувања дека постојат ѓаволи (имавте премногу време за тоа) за да најдете смисла во вашите верувања во спасувања, бришење гревови и да, најголемата желба: вечен живот - таму некаде. Не мислам да дискутирам на таа тема... посебно не со некој што ѓаволот му е во мислите и на јазикот постојано кога зборува за својата религија...

Но кој сака може да се позанимава подлабоко со оваа дуалност, не му треба православието (таму се измешани премногу работи и жената е ништо во однос на мажот), доволно е да се позанимава човек со гностиците и нашите богомили...
Доволно е да ги гледа македонските народни приказни и ќе ја увиди вмешаноста на богомилите во македонската „езотерија“ - таму има ѓаволи и богови и договори и човекот во средина... ни ваму ни таму.

Христовите следбеници не се за овој свет... па што тогаш проповедат е и омаловажувате сешто наоколу без да имате познавања за она што го навредувате и плукате?
Ништо не сакате да знаете за другите и не ги гледате другите, како да не постојат...

Одете на другиот свет да одмори светот од вас и вашите догми кога не сте вие за овој свет.
Такви лаги, дома и во манастирите, не на форуми. Бидејќи златото во манастирите и црквите - не е за богот! Бидејќо богот бара крв и дух - не злато.
Златото е за „вистинската Црква, онаа православната“ и оние кои ја подржуваат идејата за робство и грев.

П.С. Сложи си ги мислите во еден текст... не мора да избувнуваш а потоа да додаваш текстови и размисли... Мисли пред да напишеш било што со било кој тука. Не се однесувај како дете, бидејќи не си дете...
 
Последно уредено:
Но кој сака може да се позанимава подлабоко со оваа дуалност, не му треба православието (таму се измешани премногу работи и жената е ништо во однос на мажот), доволно е да се позанимава човек со гностиците и нашите богомили...

Сигурно си слушнал за Свети Иполит Римски. И тој доста се позанимавал со гностиците во неговата книга Побивање на сите ереси. Дали ги делиш неговите гледишта?

http://www.newadvent.org/fathers/0501.htm
 
Браво за муабетот... :facepalm:

Сигурно си слушнал дека такви како овој „светија“ направија да исчезнат гностиците и токму заради нивното „побивање“ дознаваме за гностиците многу повеќе отколку што сака овие „свети отци“ да сокријат?
Сигурно знаеш... што има да ти разкажувам...

Навистина е штета што гностиците мораа да заминат во „илегала“, во тајност заради христијаните и нивното манијакално однесување во однос на чудната потреба да имаат апсолутно поседување на некаква вистина која се базира(ла) на едно верување и догма...
Чудни времиња биле тоа...

Имало мудри луѓе... безимени, кои тајно успеваа да пренесат толку многу знаење дури до денес...

П.С. Богомилството и македонските народни приказни се доказ дека учењата на гностиците преживеале низ вековите и покрај непријателското однесување на една нова секта која произлегла од јудаизмот...
 
Браво за муабетот... :facepalm:

Сигурно си слушнал дека такви како овој „светија“ направија да исчезнат гностиците и токму заради нивното „побивање“ дознаваме за гностиците многу повеќе отколку што сака овие „свети отци“ да сокријат?
Сигурно знаеш... што има да ти разкажувам...

Зошто facepalm? o_O
Па уште и наводници си ставил кај светија.

Пронајди го името на Hyppolitus (Св. Иполит Римски) на кои места се наоѓа овде:

http://www.thelemapedia.org/index.php/Gnostic_Saints
http://hermetic.com/sabazius/saints.html
 
Како што реков, повеќе откриле отколку што сакале да сокријат и уништат...

„Hippolytus has provided us with a rare glimpse at the actual writings of some of the most prominent Gnostic“...

можеби затоа и влегол како светец вo EGC... иако бил христијанин. Сеуште имам непознати работи околу Гностичката Миса и сите тие светци зошто се таму... но се додека не поминам низ делата на тие луѓе, ќе ми останат прашањата... но ќе се надмине и тоа незнаење ;)

Реков неколку страници наназад, ако се сеќавате што муабетиме тука, дека Законот постојано се предава на човештвото... кога ќе се постигне превојна точка, мора да дојде крај и друг бог да седне на Истокот, нов Закон да се даде и човештвото да продолжи понатаму бидејќи догматско човештво е мртво човештво. а знам дека дури и вие христијаните не ја сакате смртта многу...

Дури од самиот почеток на секој еон, се нагласува дека тој еон нема да е вечност и целта е да се напредува најмногу што се може, а не да се блада и прогласуваат глупости како доаѓа крајот на светот, како сите ќе умреме и се ќе нема смисла после нашето време...
И во стариот еон имало „христоси“, ете како овој ваш „светец“ кои гледале многу пред нивното време и разбирале многу... но следбениците... тие, следбениците направија глупости и не смее да се прават истите грешки и сега, на база на догма и верување...
 
Ти реков, ѓаволи само во стариот еон, рака под рака со христијанството и исламот, со сите тие страшни сказни за дуалноста на светот...

Ѓаоли постоеле и постојат, а дуалноста не е дел од учењето од мојата вера: нешто си помешал...[DOUBLEPOST=1463434657][/DOUBLEPOST]
Христовите следбеници не се за овој свет... па што тогаш проповедат е и омаловажувате сешто наоколу без да имате познавања за она што го навредувате и плукате?
Ништо не сакате да знаете за другите и не ги гледате другите, како да не постојат...

Црквата/верните се должни да сведочат за својот Бог и вера. Пред да почне да плука по лагите, Црквата претходно ги проучува иноверните учења, за да ја увиди лагата во истите, а преку посочувањето на лагата и сведочењето за вистината, Црквата не само е прост критичар на туѓите учења, туку укажувач на лагите во нив, кои како последица ја имат човековата вечна погибел.

Бог не го створи човекот за да го уништи, туку за да биде во бесконечна заедница со Него.

Црквата знае се‘ за другите, и во минатото а посебно денес, кога нештата стануваат појќе од очигледни, односно кога веќе „нема криење„.
 
Последно уредено:
Ѓаоли постоеле и постојат, а дуланоста не е дел од учењето од мојата вера: нешто си помешал...
Директно тројство кај вас, кој ќе се заморува со дуалност, ѓаволот ви е само за оправдување дека постои грев и спасение, така?

Бидејќи ако го ослободиш човекот од привидниот грев преземен од евреите, автоматски ќе исчезне целата философија зад старо-еонските религии и нивни философии за бедноста на човекот на земјата.
Затоа толку многу напор да се дефинира ѓаволот како концепт во вашата религија - без него, жената ќе биде главна и кај ви е крајот. ;)
Само не знам зошто вашиот ѓавол го правите апсолутен господар на целиот свет, наместо да си го држите во вашиот... пак таа потреба да се поставуваат старо-еонските религии како апсолутни во однос на сите...
Но, премногу ви се мешаат јурисдикциите помеѓу различните учења - заради таа алчност за апсолутност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom