Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Јааааа...

Што вели зен-будизмот за кајот на Светот: како ќе се случи и што ќе биде после крајот?
Жибо ме занима, како и обично.

П.С.

Се надевам дека одговорот ќе содржи појќе од 2-3 зборови
A мора да има крај на светот?
немате бе нешо повесело у то христијанство освен помор, смрт, крај на свет паклени муки....
 

Мислам дека ти беше тој што рече дека немаш познавања за философијата и учењето на Телема и дека никогаш не се заморувал со нешто надвор од својата вера... од кои книги заклучи дека Телемата е од овој свет, дека содржи зла?
Ако е зло нешто само затоа што ти си православен христијанин, треба да си го поправиш погледот кон светот... на лоша патека си со вакви муабети.
И да прочиташ некоја книга која ја обработува темата за Телема за да дојдеш до некаков заклучок. Вака гледам само омраза кон нешто непознато... типично за припадници на твојата религија.

Ова што ти го пишуваш е типична православна изјава во стилот на Премин портал, алатката на МПЦ да си го опрадвува постоењето - толкување на туѓи учења кои не сте седнале ни 2 дена да ги проучувате... со која цел?
Нормално, за да си ги оправдате старо-еонските учења како се најдобри за човекот бидејќи само преку вера и ништо друго светот ќе биде подобро место. :cautious:
 
Последно уредено:
Мислам дека ти беше тој што рече дека немаш познавања за философијата и учењето на Телема и дека никогаш не се заморувал со нешто надвор од неговата вера... од кои книги заклучи дека Телемата е од овој свет, дека содржи зла?

Хепта,

не додавај нешта кои ем не сум ги напишал, ем ене ги познаваш.

Другите вери ги запознавам не преку нивното проучување, оти такво нешто ни ти немаш сторено, туку другите вери ги запознавам преку апологетиката од мојата вета.

Токму од таа апологетика, со леснотија препознавам дека твојата Телема е збирка од сите зла од Светов, не затоа што јас ја проучувам Телемата, туку затоа што мојата вера веќе ги познава злата кои се набутани во Телемата, а кои (зла) се стари колку што е стар и Светов.

И дај лебати, не ми збори појќе дека Телемата била „ново еонска„, кога злото е старо исто колку се‘ околу тебе.
 
Што рече, што вели зен-будизмот за крајот од Светов и за тоа „по тоа„?...
To ќе биди настан од спектакуларен карактер, ќе има огномети, на бината ќе се сменуваат Цеца, Харис Џиновиќ, Црвена јабука, Северина, Дино Мерлин... насекаде ќе чадат скари и ќе се точи пиво и при крај негде уз огромен огномет ќе дојде Буда и на сите ќе им подари вечна среќа и радост
 
А каде е одговорот на моето прашање?
Твоето прашање бара објасневување за нешто што само по себе е објаснување и одговор.
Кажи ми сега како ти согледа дека нечија друга религија е грешна, кога за твојата ти се потребни дополнителни толкувања, објаснувања и слично.
 

Затоа ти велам дека си на погрешна патека... и постојано во судир со сите други учења... за да видиш колку е шарен светот ќе мора да ги тргнеш наочарите за слепи ставени од страна на православната апологетика!

Постојано да се негираат и омаловажуваат туѓите учења бидејќи не одговараат на православното верување каков е светот и боговите и ритуалите - од една страна е лудост, од друга страна е доказ дека тоа се прави за да се оправда постоењето на старо-еонските религии и нивните догматски верувања изградени врз база на толкувања од пред илјада години и повеќе...


Да не постојат старо-еонските религии и постојано да го покажуваат човекот на земјата како грешен - ќе исчезне злото кое семката ја има во вашите старо-еонски учења.
Вие насекаде гледате зло бидејќи сето забрането од вашите толкувачи на вашиот закон, вие го посакувате до бесконечните пространства на вашиот пекол и вашите грешки ги препишувате на туѓите учења кои не ги познавате...

Не бидува така...

П.С. Телемата не е „ново еонска“. Не знам од каде ова го искова во твојот ум.

„Зборот на Законот е θέλημα”, Liber AL, I:39 - во новиот еон, еонот на Детето, надминувањето на Озирис и старо-еонските ритуали на воскреснување и идејата за грев.
 
Затоа ти велам дека си на погрешна патека...

А како заклучи дека сум на погрешната?
Така ти вели Телемата или?...[DOUBLEPOST=1463323172][/DOUBLEPOST]
П.С. Телемата не е „ново еонска“. Не знам од каде ова го искова во твојот ум.
.

На форумов, има два-тројца (поточно кажано: двајца без тројца...) кои непрекидно гракаат дека сите досегашни религии биле „старо еонски„, ама ете, се појавила Телемата, која само што не ги згазила.

Што мислиш, од чиј ум дознавам дека Телемата е „ново еонска„?...[DOUBLEPOST=1463323400][/DOUBLEPOST]
Твоето прашање бара објасневување за нешто што само по себе е објаснување и одговор.

Со ваков препишувачки однос кон записите од Писмото, во стилот „...Така е, затоа што Бог така вели во Библијата...„, секоја протестантска заедница врло радо ќе те прими за член.[DOUBLEPOST=1463323451][/DOUBLEPOST]
Кажи ми сега како ти согледа дека нечија друга религија е грешна, кога за твојата ти се потребни дополнителни толкувања, објаснувања и слично.

Не ти кажувам
 
Последно уредено од модератор:
Не ти кажувам
Трагикомично е што луѓе како тебе си го трошат животот залудно, мислејќи дека допринесуваат на својата кауза а всушност се најголемиот адут против неа.
 
Последно уредено од модератор:
To ќе биди настан од спектакуларен карактер, ќе има огномети, на бината ќе се сменуваат Цеца, Харис Џиновиќ, Црвена јабука, Северина, Дино Мерлин... насекаде ќе чадат скари и ќе се точи пиво и при крај негде уз огромен огномет ќе дојде Буда и на сите ќе им подари вечна среќа и радост

А публиката ќе седи на трева или?...Или ќе ја користи тревата?
 
А публиката ќе седи на трева или?...Или ќе ја користи тревата?
Мики, госпот ја создаде травата за користење, ваљда не мислиш дека напраил нешо безвеза и без смисла
 
Мики, госпот ја создаде травата за користење, ваљда не мислиш дека напраил нешо безвеза и без смисла

Не ми одговори на прашањето...
 
Не ми одговори на прашањето...
Да мики тревата ќе се користи за она за шо госпот ја создаде.
Кога ја створил травата, госпот рече дека е добра и бил задовољен, дали вашата црква е задовољна од тревата која госпот ја создал?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom