Пчеларство

  • Креатор на темата Креатор на темата Bosko_photo
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки со каква боја да ги нафарбам сандаците на пчеливе бидеки се нови да ги заштитам малце поз.
 
Дечки со каква боја да ги нафарбам сандаците на пчеливе бидеки се нови да ги заштитам малце поз.

Не е битно доколку не ти се за органско пчеларење. Доколку прашуваш за каков тип а не за каква боја. Незнам точно моите со каква боја се (одамна се фарбани). Инаку за органско пчеларење треба со посебна боја органска мислам беше, тоа е еден од условите за органско пчеларење.

Инаку како сте пролетва и како презимивте.
Годинава под пчеларникот посеавме уљина репа која веќе цвета а и од лешниците што ги посеав пред 3 години дрштвата се доста добри и се полни со полен па и имааат донесено и мед од репата. Но приметив дека се доста поагресивни и некаде прочитав дека од репата биле доста агресивни. За време на багрем пашата се ко бубачиња никаква агресија не се приметува. Вчера татко ми имаше 3-4 убода за кратко време. А може да е и од лукот кој им го става татко ми во погачите кој слижи како антибиотик..
 
Нема врска лукот, скоро сите ставаат лук и витамини во погачите. Од репата многу луѓе се жалат дека се агресивни и скоро сигурно е до тоа. Димете ги повеќе, уште 5-10мин пред да го отвориш сандукот и би требало полесно да иде.
Зимава фино помина, највеќе поради тоа што не ни имаше зима :D Една само ни угина и тоа за храна, не знам како сме ја промашиле при ставање. Можно е да не стигнат да се оформат за багремот, ако продолжи вака времево ќе почне да цвета и пред 1ви Мај. Ќе видиме периодов како ќе тераат, најкритично е сега.
 
Дождливо со нагони на роење.
 
Во глобала ебиветер. Со роење немам проблеми, го средив тоа навреме ама од друга страна производните друштва изубија многу од снагата. Ги пресече многу ладното време во мајот а дождот како бонус им дојде. Позитивина страна од денес што проверив е дека новите роеви скоро кај сите матицата е пронесена, кај неколку е присутна и се гледа дека е оплодена само што не е пронесена, а само кај неколку воопшто и не ја видов и чудно се однесуваа.. За секој случај им ставив рамка со еднодневно пило па нека повлечат сами матичњаци ако нема матица а ако во меѓувреме се снајдам со матичњаци ке им ставам накнадно ако не сами нека си изведат. Обично си планирам резерва матичњаци за оваа работа и ги планирам да се изведат баш сега ама за жал нешто му се случи на инкубаторот а јас не забележав на време така да останав без резерва. Било како било не се надевам за мед многу многу оваа година, а како што гледам и времето абер нема да се стопли.
 
Зашто некои викаат дека медот од Багрем не бил квалитетен т.е. слабо имал минерали и витамини во споредба со други (ливадски,шумски) ??

Има во Веро еден ТАРТУФ МЕД информација врска со тој мед ???
 
Зашто некои викаат дека медот од Багрем не бил квалитетен т.е. слабо имал минерали и витамини во споредба со други (ливадски,шумски) ??

Има во Веро еден ТАРТУФ МЕД информација врска со тој мед ???

Багремот е послаб и се препорачува на деца посебно на деца помали од 2 години затоа што мислам дека не содржи полен и немаат дцат проблем со алергии. Исто така дека е добар “почетници“ за да се привикнат на мед затоа што е полесен за јадење.
 
Што викаше еден колега на татко ми, ебати добитокот кој не можеш да го врзеш. :)
Стариот на петгодишна возраст сам си фатил ројче, некој соселанец на брзина му објаснил што како, и еве го овој, 60 години е пчелар веќе.
Памтам во 90-тите, беа добри години, имавме и мед за продавање. 2008 имавме 23 сандаци, 2013 паднавме на 5, сега откако татко е пензионер и има многу време да им посвети, ги дигнавме накај 15 сандаци. Лани прв пат после толку години вртевме мед и за нас да има, а не да го даваме на пчелите за прехрана.
Инаку, ич не се разбирам, кога ќе ми каже нешто да помагам, идам, поголем дел си врши сам, нема некој физички напор. Оваа година имам учество во миењето на сандаците со жива сода, а неќни бев да пазам да не се рои некоја. Баш сакав да фатам рој, ама пчелките решија дека тој ден не е добар за роење.
Знам 99-та пчеларите од мојот крај зедоа некое ситно обесштетување од НАТО, ради бомбардирањето со Србија. До скоро мислев дека е некоја балканска далавера, но повеќе луѓе потврдија дека додека траело бомбардирањето, пчелите биле вознемирени и агресивни, а на доста луѓе и им изумреле.
 
Ако на некој му треба и сака да купи центрифуга за вадење мед нека ми пише.Лани е купив за 7 000 а сега е давам за 6 000.
 
Ако на некој му треба и сака да купи центрифуга за вадење мед нека ми пише.Лани е купив за 7 000 а сега е давам за 6 000.
Пиши што центрифуга, колку рамки, рачна или електрична ?
 
Ако имате подобра бурмашина со регулација (мада може и без регулација) со мала модификација можете да ја адаптирате од рачна во електрична ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom