Листајќи го документот од архивот на Велико Трново, татко ми успеал да го најде неговиот прадедо (на татко му - татко), односно мојот пра - прадедо. Она што е малце лошо за мене е што човекот е со име Владо Наков, а моето презиме е всушност составено од името на Владо, па затоа сега јас сум Владев - вид на традиција во тоа време - да се земе името на дедото и да се направи презиме од него. Татко ми успеал да го најде по име и презиме, а и струката која што е наведена под него (земјоделец), како и селото во кое тој живеел (а и мојот дедо) се совпаѓаат во целост, па не верувам дека е можно да станува збор за друг човек. Се надевам, најпрвин дека ова со сменетото презиме нема да претставува проблем при поврзувањето со изводи, и се надевам дека нашиве матичари чуваат толку рани документи (сега вадев изводи до мојот прадедо од 1920, но Владе сигурно е роден некаде 1890-тите). Инаку, едно прашање до поупатените форумџии како
@Walkman - Поради тоа што за некој 20тина дена ќе одам до Софија за да подадам документи во МП, со произход на база на изјава и БКК (произход без друго потекло освен потврда од клуб), дали ќе можам,
откако ќе ги подадам документите и ќе имам закажан датум за интервју, дали после
неколку месеци ќе можам да отидам и да
подадам дополнителни документи, односно изводи до пра пра дедо и документот од воен архив, или неможам да дополнувам така документи
Без да сум вратен на дополнителна проверка? Ова го прашувам затоа што моментално го немам документот од воен архив, а ниту изводите до прадедо, а не верувам дека и ќе успеам да го добијам за 20тина дена, а нејќам да губам време и да го чекам документот па потоа да закажувам датум во МП, затоа што знам дека се чека некој 3 ипол месеци за да стигне документот од Велико Трново до кај мене по пошта. Фала за информациите