Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорот само го начнав и не се сведува само на записот Мојсеев, туку и на се‘ што се „крие„ зад напишаното.

Така, змијата не зборувала, ниту злото во Светот и последиците од истото се змиина кривица.
А јас те прашав како ти знаеш што правела а што не правела змијата? Мене ми префрлаше дека сум фантазирал, како сега ова не е фантазија? Беше таму? Виде? Слушна?
Да, јасно и гласно велам дека се зло, кое е очигледно и кое попут зараза се шири на планетарно ниво‘.

Кој има поширок интерес кон посериозните нешта во Светот и животот, има начини да бара и да најде. Кој пај нејќе и ужива во совјата заглупеност, има: турски и индиски серии, има „Звезде и планете „Гранда„„, има избор за све и свашта на ТВ.

Медиумите, посебно телевизиите и радијата,весниците и списанијата, одамна се средства за мас-заглупување, а нивините сопственици (погоди кои се...) не допуштаат и поинакви мислења и теми од веќе зацртаните од страна на нивните газди.
А лек од ова "заглупавување" е пласирање само на тоа што црквата ќе реши?
Дали тебе некој те присили да гледаш турски серии или ѕвезде гранда или фарма...? Ете ни јас нити ги поднесувам, нити ги сметам за нешто квалитетно, ама имам избор дали ќе ги гледам или не! Тоа е поентата кај слободата - Изборот! Ако сите го цензурираа и забрануваа тоа што не им одговара, кај ќе ни беше крајот?
Ако нешто е достапно на одреден медиум, незначи дека некој те приморал да го гледаш истото! Имаш избор да не го гледаш, да не го читаш, да не го сакаш! Но немаш право да му забраниш никому да гледа, чита, слуша и да сака нешто што тебе не ти одговара! Тоа е "злото" против кое се борите и од кое ќе изгубите!
 
Не бе, не бе Суб, претешко прашање ти стајв...

Напрај проста математика за тоа колку заработува еден свештеник во македонски услови од своето служење и ќе видиш сам.

Финти во стилот “рекла-кажала„ чувај си ги за по дома, немој на форум...клеветиш без основ. Во покултурни држави, мојш да ќариш тужба за клевета и да го „папаш„...
Emi od kaj vozat takvi avtomobili....gospoT li im gi podaruva? miki u hierahijata parite se stremat kon vrvot!
PS: Na osnov na kleveta...:pos: Ubo rekov ....Fata morgana slikana! Eve da ne me tuzis...

Ne postojat popovi so mercedesi ...ne postojat popovi so mercedesi...ne postojat....

bM4Wx2c.jpg
 
Emi od kaj vozat takvi avtomobili....

Јас те прашувам, не ми одговарај со прашање...:sneaky:[DOUBLEPOST=1462975194][/DOUBLEPOST]
А јас те прашав како ти знаеш што правела а што не правела змијата? Мене ми префрлаше дека сум фантазирал, како сега ова не е фантазија? Беше таму? Виде? Слушна?

Верувам за да знам, верувам во Бог и иман доверба во Црквата.

Ти, во што веруваш и во кого имаш доверба?[DOUBLEPOST=1462975285][/DOUBLEPOST]
А лек од ова "заглупавување" е пласирање само на тоа што црквата ќе реши?

За среќа на вонцрковните луѓе, постојат и своеглави истражувачи на злото во Светов, познати како “теоретичари на конспирацијата„, кои на свој начин го наоѓаат она кое во Црквата е одамна познато.[DOUBLEPOST=1462975439][/DOUBLEPOST]
Дали тебе некој те присили да гледаш турски серии или ѕвезде гранда или фарма...? Ете ни јас нити ги поднесувам, нити ги сметам за нешто квалитетно, ама имам избор дали ќе ги гледам или не! Тоа е поентата кај слободата - Изборот! Ако сите го цензурираа и забрануваа тоа што не им одговара, кај ќе ни беше крајот?
!

ТВ речиси не гледам, имам извори во кои имам доверба. Никој не ме присилува со фаќање за врат, туку ме присилува елегантно: со законска принуда за плаќање ТВ претплата.

Плаќам за ѓубре кое не можам да го смислам и од кое сум зијан.[DOUBLEPOST=1462975524][/DOUBLEPOST]
Имаш избор да не го гледаш, да не го читаш, да не го сакаш! Но немаш право да му забраниш никому да гледа, чита, слуша и да сака нешто што тебе не ти одговара! Тоа е "злото" против кое се борите и од кое ќе изгубите!

Никомжу не ми забранувам, не притискам туѓа слободна волја, што не значи дека сум се помирил со мас-заглупувањето.
 
Последно уредено:
Верувам за да знам, верувам во Бог и иман доверба во Црквата.

Ти, во што веруваш и во кого имаш доверба?
И децата веруваат дека постои дедо мраз, како нивното е фантазија а твоево знаење? Ја виде змијата, ја слушна? Беше таму?
За среќа на вонцрковните луѓе, постојат и своеглави истражувачи на злото во Светов, познати како “теоретичари на конспирацијата„, кои на свој начин го наоѓаат она кое во Црквата е одамна познато.
Оние истите што тврдат дека Елизабета втора е рептил? Дека месечината е шуплива? Дека земјата е рамна?
ТВ речиси не гледам, имам извори во кои имам доверба. Никој не ме присилува со фаќање за врат, туку ме присилува елегантно: со законска принуда за плаќање ТВ претплата.

Плаќам за ѓубре кое не можам да го смислам и од кое сум зијан.
Ај важи. Демек ти ниеден канал, ниедна телевизија не гледаш, ниедна програма не следиш, и кутриот те присилиле да плаќаш такса.... И кривец за тоа ти се човечките права и слободи.
Никомжу не ми забранувам, не притискам туѓа слободна волја, што не значи дека сум се помирил со мас-заглупувањето.
Не забрануваш затоа што немаш можност, инаку би забранувал и око не би ти трепнало.
 
Никомжу не ми забранувам, не притискам туѓа слободна волја, што не значи дека сум се помирил со мас-заглупувањето.


Самата христијанска религија ја потиснува и уништува слободната волја кај човекот. Со самиот факт дека и ти си дел од таа религија и ти ја потиснуваш и уништуваш слободната волја на човекот, поединецот. Така да оваа твоја изјава е лажна, невистинита.
 
Самата христијанска религија ја потиснува и уништува слободната волја кај човекот..

А да кажеш „како„?...

Чисто „онака„, да не биде „Тресна гпупост и oстана жив„.[DOUBLEPOST=1463040982][/DOUBLEPOST]

А ова е „одговорот„:

„...Emi od kaj vozat takvi avtomobili....gospoT li im gi podaruva?...„.

М?...
Сам се прашуваш, мене ме прашуваш или сам си одговараш?[DOUBLEPOST=1463041049][/DOUBLEPOST]
И децата веруваат дека постои дедо мраз, како нивното е фантазија а твоево знаење?
.

Децата веруваат во она кое ќе им се каже од околината, а кое е соодветно на нивната возраст.[DOUBLEPOST=1463041083][/DOUBLEPOST]
Ја виде змијата, ја слушна? Беше таму?
.

Копи-пејст.[DOUBLEPOST=1463041188][/DOUBLEPOST]
Оние истите што тврдат дека Елизабета втора е рептил? Дека месечината е шуплива? Дека земјата е рамна?

Не, туку оние кои ја истражија и истражуваат масонската таинственот и истата ја објавија пред Светов.

Но, како и многу пати претходно, пак папагалски поставуваш погрешни прашања.[DOUBLEPOST=1463041221][/DOUBLEPOST]
Ај важи. Демек ти ниеден канал, ниедна телевизија не гледаш, ниедна програма не следиш, и кутриот те присилиле да плаќаш такса.... И кривец за тоа ти се човечките права и слободи.

Не бе, не: криви се бушманите.[DOUBLEPOST=1463041256][/DOUBLEPOST]
Не забрануваш затоа што немаш можност, инаку би забранувал и око не би ти трепнало.

Зборувај во свое име, не во мое.
 
Последно уредено:
Децата веруваат во она кое ќе им се каже од околината, а кое е соодветно на нивната возраст.
А вие верувате во тоа што ќе ви го каже црквата а кое е соодветно на вашите надежи и очекувања. Фантазија по ништо поинаква од онаа со дедо мраз.
Не, туку оние кои ја истражија и истражуваат масонската таинственот и истата ја објавија пред Светов.

Но, како и многу пати претходно, пак папагалски поставуваш погрешни прашања.
Епа има и такви што ги истражуваат и нив, па многу често тоа истражување завршува со дебанкирање на истражителиве што ги спомена. Ама очигледно тебе тоа не ти е битно, битно е да видиш тоа што ти сакаш да го видиш и не ни бараш понатаму дали тоа е точно или не.
Не бе, не: криви се бушманите.
Ај образложи на кој начин се криви човековите права што ти си морал да плаќаш радиодифузна такса?
Зборувај во свое име, не во мое.
Ти веќе имаш изјавено пред сведоци дека доколку ти се јави господ и ти побара да убиеш некого, ќе го сториш тоа. Така да, не зборувам во мое име, ти самиот си кажа - јасно и гласно.
 
А вие верувате во тоа што ќе ви го каже црквата

Ние, кои веруваме, сме дел/членови во истата „таа„ Црква и Црквата не ја прифаќаме како туѓо тело или како апстрактна виша сила, туку како „наша„.

Под поимот „Црква„ може да се подразбира и врвот од Црквата, односно достојните во Црквата, кои по својата позиција, се носители на учењето од Црквата и истото треба правилно да го пренесуваат до верните.

Учењето од Црквата е едно и исто за сите членови во Црквата, така не „набадај„ произволности дека Црквата нешто не‘ учела, небаре Црквата е „таму и некаде„.[DOUBLEPOST=1463044421][/DOUBLEPOST]
Епа има и такви што ги истражуваат и нив, па многу често тоа истражување завршува со дебанкирање на истражителиве што ги спомена. Ама очигледно тебе тоа не ти е битно, битно е да видиш тоа што ти сакаш да го видиш и не ни бараш понатаму дали тоа е точно или не.

Не: битно е тоа дека таинственоста од масонеријата е пробиена и истите се јавно посочени, дури и по име и презиме.

Веќе нема криење...[DOUBLEPOST=1463044517][/DOUBLEPOST]
Ај образложи на кој начин се криви човековите права што ти си морал да плаќаш радиодифузна такса?

Тоа е т.н. право да се биде информиран, што во пракса значи да се биде медиумски бомбардиран со мноштво безвезни и бескорисни информации, кои мене лично воопшто не ме засегаат, а за кои (информации) треба да плаќам претплата (???).[DOUBLEPOST=1463044568][/DOUBLEPOST]
Ти веќе имаш изјавено пред сведоци дека доколку ти се јави господ и ти побара да убиеш некого, ќе го сториш тоа. Така да, не зборувам во мое име, ти самиот си кажа - јасно и гласно.

А ти по којзнае кој пат вадиш муабет од контекст, со цел да ми наштетиш.
Некако тешко ти иде...
 
Ние, кои веруваме, сме дел/членови во истата „таа„ Црква и Црквата не ја прифаќаме како туѓо тело или како апстрактна виша сила, туку како „наша„.

Под поимот „Црква„ може да се подразбира и врвот од Црквата, односно достојните во Црквата, кои по својата позиција, се носители на учењето од Црквата и истото треба правилно да го пренесуваат до верните.

Учењето од Црквата е едно и исто за сите членови во Црквата, така не „набадај„ произволности дека Црквата нешто не‘ учела, небаре Црквата е „таму и некаде„.
Воопшто не ти барав лекција за тоа што е црквата, ова е само еден од многуте примери каде се обидуваш да ја избегнеш бламажата со млатење празна слама за нешто кое нема врска со дијалогот. Да те потсетам: Како знаеш ти што правела змијата? Беше таму? Ја виде? Ја слушна? Како тоа не е фантазија?
Не: битно е тоа дека таинственоста од масонеријата е пробиена и истите се јавно посочени, дури и по име и презиме.

Веќе нема криење...
Абе ај шо кажа?! Има тема во подфорум мистерии, може секој да види дека клеветите и лагите се разоткриени и дебанкирани, секој што го интересира вистината, ќе открие дека се работи за искомплексирани луѓе и дека нивните глупости немаат врска со реалноста.
ќ
Тоа е т.н. право да се биде информиран, што во пракса значи да се биде медиумски бомбардиран со мноштво безвезни и бескорисни информации, кои мене лично воопшто не ме засегаат, а за кои (информации) треба да плаќам претплата (???).
Во човековите права стои правото на слободно изразување! Не право да се биде информиран! Ако ти несакаш да бидеш информиран, никој не те приморува да бидеш! Радиодифузната такса е правило или закон воведено од државата, а не човеково право! Ти појма си немаш ни што спаѓа во човекови права, ама тоа не те спречува да мрчиш, како и за се останато.
А ти по којзнае кој пат вадиш муабет од контекст, со цел да ми наштетиш.
Некако тешко ти иде...
Ништо не сум извадил јас од контекст! Ти многу јасно си кажа дека ако господ ти нареди да убиеш, ќе убиеш! Исто така многу пати си имаш кажано дека побитни ти се црковните од световните закони, што значи, кога би имал можност, итекако би постапувал според нив.
 
Воопшто не ти барав лекција за тоа што е црквата, .

...а морав малце, пошто гледам дека абер немаш по тоа прашање, оти да имаше, не би ја нарекувал Црквата како „нешто„ што е над верниците.[DOUBLEPOST=1463047528][/DOUBLEPOST]
Да те потсетам: Како знаеш ти што правела змијата? Беше таму? Ја виде? Ја слушна? Како тоа не е фантазија?

И јас да те потсетам: одговорот е начнат.[DOUBLEPOST=1463047777][/DOUBLEPOST]
Абе ај шо кажа?! Има тема во подфорум мистерии, може секој да види дека клеветите и лагите се разоткриени и дебанкирани, секој што го интересира вистината, ќе открие дека се работи за искомплексирани луѓе и дека нивните глупости немаат врска со реалноста.

Конспирацијата не е теорија, туку пракса. Кој има очи, нека види.[DOUBLEPOST=1463047815][/DOUBLEPOST]
Во човековите права стои правото на слободно изразување! Не право да се биде информиран! .

Нешто си помешал...[DOUBLEPOST=1463047870][/DOUBLEPOST]
Ништо не сум извадил јас од контекст! .

...освен она кое си го извадил и кое ти е посочено како извадено од контекст.

Дај потсети ме, која Божја Заповед се однесува на убивањето и како таа гласи?
 
Последно уредено:
...а морав малце, пошто гледам дека абер немаш по тоа прашање, оти да имаше, не би ја нарекувал Црквата како „нешто„ што е над верниците.
И повторно ни трага ни глас од одговорот од каде си дознал што правела змијата, и како тоа не е фантазија а нечие друго верување е.
И јас да те потсетам: одговорот е начнат.
Неумри магаре до зелена трева. Кај е начнат? Во твојата фантазија?
Конспирацијата не е теорија, туку пракса. Кој има очи, нека види.
Тој што има очи гледа, арно ама ти не си тој.
Нешто си помешал...
Еве ти ги сите по ред, најди ми каде е таксата за радиодифузија меѓу нив:

Article 1. Right to Equality
Article 2.Freedom from Discrimination
Article 3.Right to Life, Liberty, Personal Security
Article 4.Freedom from Slavery
Article 5.Freedom from Torture and Degrading Treatment
Article 6.Right to Recognition as a Person before the Law
Article 7.Right to Equality before the Law
Article 8.Right to Remedy by Competent Tribunal
Article 9.Freedom from Arbitrary Arrest and Exile
Article 10.Right to Fair Public Hearing
Article 11.Right to be Considered Innocent until Proven Guilty
Article 12.Freedom from Interference with Privacy, Family, Home and Correspondence
Article 13.Right to Free Movement in and out of the Country
Article 14.Right to Asylum in other Countries from Persecution
Article 15.Right to a Nationality and the Freedom to Change It
Article 16.Right to Marriage and Family
Article 17.Right to Own Property
Article 18.Freedom of Belief and Religion
Article 19.Freedom of Opinion and Information
Article 20.Right of Peaceful Assembly and Association
Article 21.Right to Participate in Government and in Free Elections
Article 22.Right to Social Security
Article 23.Right to Desirable Work and to Join Trade Unions
Article 24.Right to Rest and Leisure
Article 25.Right to Adequate Living Standard
Article 26.Right to Education
Article 27.Right to Participate in the Cultural Life of Community
Article 28.Right to a Social Order that Articulates this Document
Article 29.Community Duties Essential to Free and Full Development
Article 30.Freedom from State or Personal Interference in the above Rights

Само да нагласам дека ти ги прогласи за зло гореспоменативе права.
...освен она кое си го извадил и кое ти е посочено како извадено од контекст.

Дај потсети ме, која Божја Заповед се однесува на убивањето и како таа гласи?
Ништо не е извадено од контекст! Јасно си се изјасни дека ако ти се јави господ и ти нареди да убиеш, дека ќе убиеш! Плус безброј пати си имаш кажано дека библијата сама по себе не ја сметаш за валидна се додека црквата т.е "светиите" ваши не ви кажат кое што значи. Така да, повеќе од јасно е дека доколку би се нашол во позиција твојата црква да има апсолутна власт, би се борел против речиси сите погоре наброени права.
 
И повторно ни трага ни глас од одговорот од каде си дознал што правела змијата, и како тоа не е фантазија а нечие друго верување е.
.

Од Црквата, со правилно толкување на Писмото.[DOUBLEPOST=1463056040][/DOUBLEPOST]
Неумри магаре до зелена трева. Кај е начнат? Во твојата фантазија?
.

Не, во мој претходен пост.
Фантазијата ја имаш во Телемата.[DOUBLEPOST=1463056071][/DOUBLEPOST]
Тој што има очи гледа, арно ама ти не си тој.

Што виде, Телемата ја виде?
 
А да кажеш „како„?...

Чисто „онака„, да не биде „Тресна гпупост и oстана жив„.[DOUBLEPOST=1463040982][/DOUBLEPOST]
.


Не ја почитувате слободната волја на бебињата кога ги покрстувате, т.е. кога ги маркирате со христијански жиг, (за иста поента/цел како што се маркира стока) кога ги правите христијани.
Ке ми кажеш дека тие немаат слободна волја, се уште не се свесни што е добро а што лошо и дека вие со “вистинската вера“ треба да ги “просветлите“, дека тоа е слободна волја на нивните родители и дека тие знаат што е најдобро за нив?
Кој и да е твојот изговор, логика или оправдување за маркирањето на бебињата како христијани не е оправдување за непочитување на слободната волја на истите тие бебиња, и тие се луге, и тие имаат исти права и како оние кои знаат за слободна волја и што таа претставува.
на крајот ја гледаш мокта на слободната волја овде на форумов, сите со кои полемизираш овде (или многу голем дел) сите се биле покрстени од христијанската религија и сега се овде и тие се најголемите противници на насилното, неетичко и неправедно однесување на христијанската религија, најпрво за неа а потоа доагаат ии за другите насилни религии.
Дали си се запрашал што би се случило со твојата религија доколку се донесе закон за кривично дело за маркирање на неполнолетни лица во одредена религија, дали твојата религија ке преживее или ке пропадне како кула од карти. (во ЕУ имаше предлог за ваков закон).
 
Еве ти ги сите по ред, најди ми каде е таксата за радиодифузија меѓу нив:

Еве одговор соодветен на прашањето: на Бит-пазар.[DOUBLEPOST=1463056468][/DOUBLEPOST]
Ништо не е извадено од контекст! Јасно си се изјасни дека ако ти се јави господ и ти нареди да убиеш, дека ќе убиеш! .

...во контекст од муабетот кој беше воден, а кој контекст го избегнуваш а клеветиш.[DOUBLEPOST=1463058685][/DOUBLEPOST]
Не ја почитувате слободната волја на бебињата кога ги покрстувате,

Важи: од утре ќе почнеме да почитуваме нивната „слободна волја„...[DOUBLEPOST=1463058724][/DOUBLEPOST]
кога ги маркирате со христијански жиг,

„Печат на Светиот Дух„.

Поднаучи троа пред нешто да пишеш...[DOUBLEPOST=1463059046][/DOUBLEPOST]
Ке ми кажеш дека тие немаат слободна волја, се уште не се свесни што е добро а што лошо и дека вие со “вистинската вера“ треба да ги “просветлите“, дека тоа е слободна волја на нивните родители и дека тие знаат што е најдобро за нив?
.

Во Црквата, многу нешта се веќе познати и пред твоето раѓање.[DOUBLEPOST=1463059107][/DOUBLEPOST]
Кој и да е твојот изговор, логика или оправдување за маркирањето на бебињата како христијани не е оправдување за непочитување на слободната волја на истите тие бебиња,.

Наведи, како едно бебе ја изразува својата слободна волја?...:sneaky:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom