Евровизија 2016 (генерална дискусија)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Со оглед на тоа какви се другите песни, може да се каже дека нашата песна е меѓу најдобрите. Од тоа што го видов од пробата на Јутуб, можам да кажам дека сценскиот настап ич не ми се свиѓа. Анимацијата/боите во позадина се никакви, распоредот на пратечките вокали е исто како на Скопски фестивал и тоа е тоа, се едно исто. Но се надевам дека ќе влеземе во финале:)
 
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Со оглед на тоа какви се другите песни, може да се каже дека нашата песна е меѓу најдобрите. Од тоа што го видов од пробата на Јутуб, можам да кажам дека сценскиот настап ич не ми се свиѓа. Анимацијата/боите во позадина се никакви, распоредот на пратечките вокали е исто како на Скопски фестивал и тоа е тоа, се едно исто. Но се надевам дека ќе влеземе во финале:)
Македонската песна между нај - добрире.. Ти сериозно зборуваш или си праиш мајтап.???
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
https://www.youtube.com/watch?v=0L2imZRo6NY
Чешка мора во финале, прејака песна, на кладилниците се на 12- 13 место.
@Sungerot Bob што мислиш за песната од Германија и Израел? :)
Инаку по завршувањето на пробите, на гласањето во прес центарот нашата Калиопи доби солидни 10 поени (y) Според реакциите, коментарите, гледаноста, висок пласман очекуваат и Бугарија и Србија.
ова се гласовите од новинарите кои гласаат по завршувањето на пробите.
полуфинале 2

Slovenija 3
Bulgaria 74
Denmark 4
Ukraine 119
Norway 9
Georgia 47

Albania 1

Belgium 58

Latvia 68

Poland 14

Switzerland 9
Israel 74

Belarus 9
Serbia 55

Ireland 4

MACEDONIA 10

lithuania 1

Australia 71
https://www.youtube.com/watch?v=sD5QV2aKQG8 10:20 :pos::pos::pos::pos:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Битно сунѓерот пак ќе објаснува дека (како и секогаш) сме едни од најдобрите.

Точно дека конкуренцијата е катастрофа годинава, и разбирам различни вкусови и се, ама (секоја година) да сметаш дека сме меѓу најдобрите стварно треба или да е чоек крајно забеган, или самиот себе со сила да се лаже.

За поминување може и ќе помине минимално (исто ко горе што ги објавија резултатите од новинарите и со тие скромни 10 поени што сме ги собрале уствари би биле во топ 10 и би иделе во финале), ама далеку од тоа дека сме едни од подобрите, во секој случај сме во долната половина севкупно гледано.
 
Член од
11 февруари 2016
Мислења
35
Поени од реакции
18
Со оглед на тоа какви се другите песни, може да се каже дека нашата песна е меѓу најдобрите. Од тоа што го видов од пробата на Јутуб, можам да кажам дека сценскиот настап ич не ми се свиѓа. Анимацијата/боите во позадина се никакви, распоредот на пратечките вокали е исто како на Скопски фестивал и тоа е тоа, се едно исто. Но се надевам дека ќе влеземе во финале:)
е што сакаш ти, да има бек денсери и да се кршат од играње или диско бол? па песната е бавна, и светлата и бек вокалите се вкопуваат тотално. И дефинитивно ќе влеземе во финале, затоашто некако слабо другите земји со настапите и со гласовните способности.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Sungerot Bob што мислиш за песната од Германија и Израел?
Песните не се лоши, но и не се до толку добри како песните што се испраќаа од истиве држави изминатите години. Кога би ги споредил песните на Германија и Израел, би кажал дека Израелците имаат подобра песна, но изведувачот си е малку чуден (незнам, можеби грешам):D

е што сакаш ти, да има бек денсери и да се кршат од играње или диско бол? па песната е бавна, и светлата и бек вокалите се вкопуваат тотално. И дефинитивно ќе влеземе во финале, затоашто некако слабо другите земји со настапите и со гласовните способности.
Не дека е до толку катастрофален сценскиот настап, но можело и подобро. Реално за настапот на Црно и бело беше вложено многу повеќе труд, без разлика на тоа што стилот на музика е поразличен:)
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5416948553&id=49&prilog=0&setIzdanie=23750

Поените доделени од публиката нема посебно да се презентираат туку ќе се соберат. На пример, ако Австрија, Шведска и Србија ѝ дадат на Македонија 2, 6 и 12 поени соодветно, Македонија од тие земји ќе има вкупно 20 поени. На истиот начин ќе бидат собрани поените од публиката во сите земји и за сите учесници. На крајот, презентерот ќе ги соопшти собраните поени почнувајќи од земјата што освоила најмалку до онаа што добила најмногу од публиката низ цела Европа. Организаторите очекуваат дека вака ќе се обезбеди неизвесност до самиот крај.

Колку ќе влијаат овие промени врз пласманите, вклучително и врз нашата евровизиска претставничка Калиопи? Според Игор Трајковски, претседател на ОГАЕ Македонија, новиот систем на гласање ќе биде интересен и возбудлив.

- Досега беше малку нефер зашто жиријата имаа моќ да го задушат гласот од публиката, што е фрустрирачки за сите што гласаат и плаќаат за тоа. Сега, без оглед на тоа како гласа жирито, гласот од публиката ќе биде преточен во поени што ќе бидат доделени на крајот. На сличен принцип веќе подолго време работи шведскиот „Мелодифестивален“, на кој ја избираат песната-претставник на Шведска, и секогаш е возбудливо, интересно и без скандали. Дали сега ќе имаме повеќе или помалку шанси, би требало да се направи некоја статистика отпосле, да видиме дали има некаква разлика со стариот и со новиот систем. Генерално, за песните што се пласираат високо на табелата не верувам дека ќе има некаква разлика, бидејќи тие добиваат доволно поени и од жиријата и од публиката - вели Трајковски.
 

The Ocean

Money. Power. Glory.
Член од
4 февруари 2016
Мислења
140
Поени од реакции
66
Нa Кaлиoпи нaстaпoв требa мaлку пo жив дa гo нaпрaвaт. Дoдекa пее пoвисoки тoнoви, пoзaдинaтa би требaлo дa имa некoи пoвеќе бoи, дa свети, вaкa кo рaди редa прaвенo.
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
Според фановите Русија, Франција, Украина и Австралија фаворити за победа. Украинката ќе имала голема поддршка од турската дијаспора како што прочитав, пошто е татарка и дел од песната е на кримскотатарски јазик и секако насловот на песната 1944 :place: многу политика на евровизија .Русија главно од скоро сите советски републики плус Србија ќе земе 12, Франција од соседите, Австралија од цела Скандинавија, пошто таму е голем фаворит, а Украина може да се надева само на солидни поени.
Денес е втората проба на Калиопи, да се надеваме дека ќе биде уште подобра. Инаку пред еден ден имаше балканска забава ама без Македонија и Словенија. Србинката Сања и Енеда од Албанија направија заедничка фотка. Инаку за Нина од Хрватска имала најслаба заинтересираност на прес конференциите, само 5-6 новинари, најмногу имало за Србија, Бугарија и Украина.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
По ова што го видов од вторава проба, мислам дека ќе имаме предобар настап и дека заслужуваме место во финалето:)

 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Ја па не знам што толку сите се палат по таа песна, мене и на Калиопи ми е поасална песната него таа.

За разлика од лани кога имав повеќе фаворити, годинава мојот избор паѓа на Австралија. Не е кој знае што али со оглед на останатата конкуренција би рекол она е едина добра песна.
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
Песнава. Точка. :cuc:

Песнава ќе биде во топ 5, нема шанси да победи, јас не сакам многу мешање политика така што ќе го променам каналот при настапот на татарите :)
Инаку денес почнува првото полуфинале.
Песната од Чешка, Малта и Кипар ми се најдобри од првото полуфинале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom