Еве го „изгуглан“ Член 8 од Уставот на РМ:
Член 8
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност;
- владеењето на правото;
- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
- правната заштита на сопственоста;
- слободата на пазарот и претприемништвото;
- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
- локалната самоуправа;
- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Изборите законски мора да се одржат во рок пропишан во Уставот и законите на РМ. Условите се „игра“. Не смее да се одложуваат вон законскиот рок.
Аболицијата е избор на Претседателот на РМ, повлекување одобрувам од негова страна, само ако е согласно законите и да не е донесена под притисок и уцени (знам дека ова не можеш да го разбереш). А СЈО е неуставно и мора час поскоро да се укине, но, пак (веројатно) не смее да се прави тоа.
Прво да расчистиме една работа. Не ме интересира што правеле СДСМ, што правел Љубчо. Биле лоши затоа биле и сменети. Треба да си луд да оправдуваш лошо владеење на една власт со лошо владеење на претходната власт.
Второ одиме алинеа, по алинеа:
Алинеа 1: основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
Партизацијата во Македонија ја гледаме во сите сфери на општествениот живот. Од судството, преку здравството до образованието. Со ова одредени лица се ставаат над другите само заради партиското убедување.
Алинеа 3: владеењето на правото;
Имаш безброј приммери за тоа дека во Македонија не постои владеење на правото. Последниот месец од една страна ги имаме демонстрантите кои се задржани во притвор веќе 20 дена и не можат да се произнесат за делата за кои се гонети, а од друга страна ги имаш политичариве за кои притворот е само апстрактен поим.
Алинеа 4: поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
Каракамишева на предавања збори дека ова било утописки. Никаде во светот немало реална поделба на државната власт
Кога еден од најголемите ,,експерти" на ДПМНЕ кажува дека нема поделба на државната власт, што останува за другите.
Алинеа 5: политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори
Алинеа 10: уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата
Скопјани се сведоци за тоа колку се заштитува и унапредува животната средина. Немој да ми спомнуваш проекти како ден на дрвото. Шест пати на истото место имам садено дрва додека одев во школо..
Тука се и другите темелни вредности кои се почитуваат само за гласачката машинерија. Правна заштита на сопственоста, хуманизам,
социјална правда
Ти како самопрогласен бранител на уставот треба прв да излезеш и да ги браниш темелните вредности. За каков устав зборуваш кога темелот на истиот е раскопан од страна на владеачката партија
Понатаму за вториот дел, односно за одговорите на прашањата. Дали и понатаму ќе го поддржуваш ДПМНЕ ако се одложат изборите, се повлече аболицијата и СЈО продолжи со својата работа?