ТВ Нова

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А како утврди ти дека има некаде криминал? За политички агитации знам, за домашни сомнежи ОК, ама криминал има онаму каде што е докажан.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189

Ѓорѓи процесот на докажување е во тек, ако тебе индициите не ти се доволни, тогаш мислам дека замижуваш со некоја цел. Пред некој ден го затворија рускиот канал во Литванија затоа што ги премина сите норми на етичко известување и на кој во континуитет нема ниту една критика или осврт на аферите на Путин, туку напротив го има на сите шпици и џинглови, што во добар дел ме потсетува на ТвНоваи нивните секвенци - идолатрија запакувана во демократија. Мислиш на газдата му е битна македонската кауза, слободата, или унапредување и едукација на нашите идни генерации? Верувам дека не е така туку само влегол како директива во ова да одработи во овој за нив критичен период. ,,Новинарите,, кои се таму и кои се дрзнуваат да зборуваат за новинарски и човакови права се пример колку ефтино можеш да купиш Македонец денес на тезга. Со оглед на напливот на албански и турски медиумски инвеститори, верувај во наредниот период ке има токму такви моменти за неверување за кого се би работеле овие соучесници само ако добро им платиш. Затоа ќе кажам проституцијата не е само продавање на тело, туку и вакви постапки на одработување кои човеков го сврстуваат во таа категорија.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Мислам дека пристрасно го осудуваш водителот. Јас него ниту го знам, ниту познавам, ниту имам симпатии или несимпатии кон него. Тоа што избрал да работи во друг медиум различен од „непристрасниот“ 24Вести не треба да е повод за отстрел. Можам да разберам да коментираш колку е добар или лош...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Овие целосно забегаа, станаа 3 во 1 во поглед на пропагандата (Сител+Канал5+Алфа = Нова)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.299
Поени од реакции
78.975
Мислам дека премногу си дозволувате со навредите. Секој се бори за подобро работно место, подобро платено и слично.
Tака е. И управникот на Аушвиц беше воден од оваа светла цел.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Овие целосно забегаа, станаа 3 во 1 во поглед на пропагандата (Сител+Канал5+Алфа = Нова)
Еве го друштвото: Извештај за Агенцијата за аудиовизуелни медиуми за предизборниот период 15-24 Април 2016:

,, Пет телевизиски програмски сервиси – ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Канал 5 Плус, ТВ Нова и ТВ Сител не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено она со кое се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување публиката слободно да оформи мислење за одделни настани и прашања (алинеја 9). ,, линк: http://www.avmu.mk/images/Izvestaj_od_monitoringot_na_Predizborniot_period_15-24.04.2016.doc[DOUBLEPOST=1461857323][/DOUBLEPOST]
Па тоа се очекуваше уште кога доби концесија!
Искрено не очекував волку брзо, безобразно и безкрупулозно. Статистиката вели дека ги надминуваат и Сител и Канал 5.

АВМУ за ТВ Нова: ,, Оваа телевизија не ги почитува начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се однесуваат на објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување публиката слободно да оформи мислење за одделни настани и прашања (алинеја 9), за почитување на човековото достоинство (алинеја 1) и за поттикнување на духот на толеранција (алинеја 3).

Известувањето за политичките партии е главно концентрирано на ВМРО ДМПНЕ (со позитивен тон и рамка) и на СДСМ (со негативен тон и рамка), но со получасовна разлика во времето што им е посветено. Освен нивните, се пренесуваат ставовите и на други, парламентарни и вонпарламентарни партии и од македонскиот и од албанскиот блок. ,, Извор: http://www.avmu.mk/images/Izvestaj_od_monitoringot_na_Predizborniot_period_15-24.04.2016.doc[DOUBLEPOST=1461857663][/DOUBLEPOST]Можеби Ѓорѓи Н. има нешто да прокоментира околу ова. Всушност Гоце Михајлоски може и не бил на работа токму во овие кога се вршела ваква пропаганда, точно :busi:

Известувањето за политичките партии е главно концентрирано на ВМРО ДМПНЕ (со позитивен тон и рамка) и на СДСМ (со негативен тон и рамка), но со получасовна разлика во времето што им е посветено. Освен нивните, се пренесуваат ставовите и на други, парламентарни и вонпарламентарни партии и од македонскиот и од албанскиот блок. ,, Извор: http://www.avmu.mk/images/Izvestaj_od_monitoringot_na_Predizborniot_period_15-24.04.2016.doc
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493

Мене повеќе ме чуди од кога АВМУ стана неутрална агенција!
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445

Додека да поминат избори ќе бидат неутрални а после зависи кој е победникот така и ќе дејствува АВМУ.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ова е смешно... толкување дека некој известувал (не)пристрасно. Тоа е субјективно мислење. Јас па... на пример... еве, мислам дека оваа агенција пристрасно ги оценила овие медиуми за објективност и непристрасност..
И? Сеа, шо праиме?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Најмизерната исто така корумпурана програма.

Вакви мизерни и простачки програми од низок ранг кај мене не постојат, поништени се на тв.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Единствено што успеваат во спортските вести е да донесат солидни гости.
Синоќа во спортските вести беше Игор Ангеловски селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија.
Коментираа околу освојувањето на титулата во Премиер лигата на Лестер.

За останато јасно е каде ја влечат воденицата, нивното известување е јасно како бел ден, кога известуваат за политика, програмата на една партија ја претставуваат како државна и општо народна.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Ова е смешно... толкување дека некој известувал (не)пристрасно. Тоа е субјективно мислење. Јас па... на пример... еве, мислам дека оваа агенција пристрасно ги оценила овие медиуми за објективност и непристрасност..
И? Сеа, шо праиме?
Ѓорѓи тежината на ваквата критика од оваа агенција за овие наведени медиуми е дотолку поголема пошто знаеме под чии закрила е самата агенција ( ВМРО _ ДУИ). А можеш да замислиш каква би била критиката да е агенцијата неутрална или не дај боже левичарска? И кое субјективно кога ти поднесов факти? Напротив, настапувам со докази, а не со празни фрази како што реплицираш ти, и има разлика и тоа голема во тоа, бидејќи токму кај тебе е забележлива чиста и непоткрепена субјективност.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не се работи за тебе. Општо... тешко може да се дефинира објективноста. Без разлика дали е некој во право. Не велам дека не е така, но не може медиумите да се „гонат“ заради тоа.
 
Ок, еве деновиве СЈО ја презема јурисдикцијата врз предметот ,,Кинески автопатишта,, кој произлезе од присл. разговори, а во кој како еден од учесниците се спомнува токму сопственикот на ТВНОВА Сеад Кочан. Живо ме интересира како ќе известува оваа телевизија ако се слушне името на сопственикот во одредени коруптивни дејствија? Дали ќе можеме да се согласиме околу тоа дека 99% телевизијата ќе биде слепа и глува за тој предмет, па макар да е еклатантно неговото учество и вина? Дали можеби со тоа ќе стане појасна улогата на оваа телевизија во македонскиот етер, и дека спортска програма или било што друго да направат е само параван, и дека се паѓа во вода кога ќе се открие одбранбената улога на ова лицемерно медиумско пакување?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom