Вака, немој ни под разно да си се излажил и да подигнеш пари од Скрил на банкарска сметка. Провизијата што ја земаат банките што посредуваат е огромна (10%). Провизијата што ја зема Скрил е наведена на сајтот, а твојата банка не зема провизија (барем за НЛБ знам сигурно зошто и јас сум таму). Значи, парите префрли си ги на картичка (кредитна или дебитна, сеедно). Така ќе ја платиш само провизијата кон Скрил
За Payoneer, имам нивна картичка, ми стигна за неполна седмица, но не сум ја искористила се уште, не дека јас не сакам, туку бидејќи тие што ми плаќаат не користат Payoneer. Значи, си имаш Пин за картичката и можеш да си подигаш пари од сите банкомати (има провизија) или да плаќаш со неа (без провизија). Не е покомплицирано, баш е подобро зошто пари не ти минуваат низ трансакциска, па не мора да пријавуваш приходи.