А што има тоа врска со санкции?
А виткањето на сведоци мене ми е многу сомнителна работа. Зарем се нема други докази? Ако се базира се на сведоци, кај мене ќе има сериозни сомнежи за вината... многу ми изгледа дека доказите би биле изнудени од „виткани“ сведоци.
Сведок и изјава на сведок е поим во нашево правосудство.
Колку "заштитени" сведоци беа искористени во Уво Шпион Детонатор Пуч Ровер итн итн....
Тогаш не ти беше сомнително?
Епа сега... ако материјалните докази биле на дробилка па на преса, тогаш обвинителството ќе се повика на изјавата на сведоци.
Ако еден сведок е ликвидиран, што треба тоа да значи? Измисливме топла вода? Не.
Обвинителството го ликвидира за да ја заштити мафијата? Не.
Му вршеле притисок за тој да сведочи во нивна интерес? Да! Но само доколку му ги покажале на маса сите правни факти и докази кои ги имаат против него. Што е тоа? Тортура? Не.
Не преудицирам зошто сведокот бил убиен, или се контрасамоубил.
Но доколку го следиме трагот на парите и интересот, од смртта на Крпач единствено профитира Фамилијата. И точка. Нема шо да се дискутира веќе...