Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Те заболе тебе стојко за устав и закон. Баграва минатите 10 години го прекши секој можен закон и уставен член. Не ти смета тоа? Или дошаја е нож до коску па ќе се вадиме на кршење на устав и закони?
Зошто ме поврзуваш со некого? Не знаеш ли да дискутираш општо, не од некоја страна?
 
Неуставноста на СЈО е најпатетичниот спин што исушените мозоци од дпмне можеа да го смислат
Хах, тука има јака конкуренција. Они се хиперпродуктивни коа станува збор за патетични спинови.
Увек коа ќе си помислиш дека не можат попатетично и небулозно да истапат, они храбро ќе те демантираат.
Еве, - го изрешетал комбето па се самоубил (зашто СЈО му вршело психички притисок). И тоа у груди бе...
или - прислушкуваните разговори ги праело жуто комбе кое со опрема се движело низ Скопје и прислушкувало
Има уште еден тон. Не се знае кое е попатетичен спин. На пример, известувањето на Вечер, кое го постираше некој тука, за смртта на Мартин Нешковски. Тој спин како ви личи?
 
Најнова засега сеуште непотврдена информација е дека ќе има техничка влада до редовни парламентарни избори
Кога ќе се соопшти во јавност дека нема на 5ти, дефинитивно испаруваш од форумов? ти го сликав постот од претходно на кој потврди, па да видиме какво лигле си,дали ќе седиш на зборот
 
Последно уредено:
Диколку се случи одлагање на изборите, само ќе се забрза падот на пастирот.
 
Значи... треба да очекуваме сериозни немири. Можно е да им „скурчи“ на ВМРО-вците.
Јас баш сакам да ви скурчи и да организирате сериозни немири. Дајте убрзајте малце веќе не е интересно.
 
Диколку се случи одлагање на изборите, само ќе се забрза падот на пастирот.
Сега следи циркузот. Како само ќе се оправдува пред своите членови. Која ке биди новата лага што ке се пласира по режимските медиуми за манипулација и оправдување на одлагањето.

Не следев вести на Сител. Ама во наредниве 4/5 дена секој ден ќе ги следам со задоволство ако треба и по два пати на ден . Баш ме интересира со какво оправдување ќе излегуваат да ги лажат овците.
 
Последно уредено:
Најнова засега сеуште непотврдена информација е дека ќе има техничка влада до редовни парламентарни избори
Уште една голема победа за дпмне! Уште еднаш големиот лидер остана доследен на својот збор!
Сега се во план опструкциите врз сите државни институции вклучително и СЈО во наредниот период.

giphy (1).gif
 
Негирањето на неуставноста на СЈО и вртење на темата на други прашања е најголемиот очај на „отепаните“ кои сакаат нешто да кажат ама немаат како и аргумент.
Каква комедија од човек :pos:

Дали сметаш дека во едно општество на кое примарен столб се институциите и нивната функционалност, при еден комплетен институционален колапс преку рушење на концептот на Монтескје, не постои потреба од интервенција вон постоечката легислатива за да може да се стори барем некаква корекција?

Се утврди дека истава (постоечката)легислатива не била следена доследно заради коруптивната природа која ја здобиле органите кои требало да ја следат...од кои причини ти си против таа интервенција, нели си уставен поборник?:eek:
 
Последно уредено:
Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави
германското министерство за внатрешни работи на својот официајлен твитер-профил, јави Мета.

Што ли толку им згреши пастирот ?
 
Ако Грујо ги одложи изборите и ја повлече аболицијата, тоа ќе биде една таква заушка за него, што комотно може потоа да потпише капитулација. Кога ќе почнат да го влечкаат по судови, него и другарчињата, циркус невиден ќе биде.

Јас лично не верувам дека егото на Грујо може да издржи распит кај истражен судија.
 
... уште еден маестрален потег на Груевски.. :icon_lol:

А реалноста вели дека уште од објавувањето на првата бомба Груевски е во дефанзива и секој нареден потег му е се поочаен.
 
Ако Грујо ги одложи изборите и ја повлече аболицијата, тоа ќе биде една таква заушка за него, што комотно може потоа да потпише капитулација. Кога ќе почнат да го влечкаат по судови, него и другарчињата, циркус невиден ќе биде.

Јас лично не верувам дека егото на Грујо може да издржи распит кај истражен судија.
Kако би течел разговорот помеѓу Грујо и судијата
 
После толку многу промашени изнесени анализи и ставови на форумов, од почетокот на ова политичка криза па се до сега од страна на
@Brutus @Inglourious Basterd @Vanlok @Шкорпион @Fringe @Ѓорѓи Н. @Ireal. Секој нормален човек би се повлекол и застрамил.

Сите заедно ни едно единствено нешто НЕМААТ погодено, се шо ќе кажат се во вода паѓа.
 
Последно уредено:
Е кој циркус следува :) допрва ќе има пискање врискање :pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom