S
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Драги пријатели, мир вам.
Во последно време истражувам во врска со последната епоха, односно времето на појавата на Антихриста, какво ќе биде тоа време, кои ќе бидат знаците преку кои може да се препознае тоа време. Ме интересира од Христијанско стојалиште некој ако може да објасни како Христијанството ја објаснува последната епоха и како се објаснува случувањето на Армагедон? Кои ќе бидат знаците?
Mislam da treta svetska vojna i armagedon e edno isto i deka nuklearno oruzje ke bide upotrebeno od antihristaДраги пријатели, мир вам.
Во последно време истражувам во врска со последната епоха, односно времето на појавата на Антихриста, какво ќе биде тоа време, кои ќе бидат знаците преку кои може да се препознае тоа време. Ме интересира од Христијанско стојалиште некој ако може да објасни како Христијанството ја објаснува последната епоха и како се објаснува случувањето на Армагедон? Кои ќе бидат знаците?
Mislam da treta svetska vojna i armagedon e edno isto i deka nuklearno oruzje ke bide upotrebeno od antihrista
Знам дека звучи како некоја шега, сепак тој е.Дедо мраз е антихристот.
По писанијата на Јован, антихрист не е одреден човек или сила која ќе стои „пред Христос кога ќе дојде на Земјата“.
Во „второ послание на Ј. Богослов“ вели:
„... бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во плот; таков човек е измамник, антихрист.“
Денес земете ги сите муслимани и сите кои не се христијани, сите се антихристи бидејќи не исповедаат дека Исус дошол во плот!
Но, ако се одреди датумот кога ова е запишано во минатото (оригиналниот запис, а не уредувањата и менувањата од IV век) може ќе се знае Јован за кој зборува од битните историски ликови од тоа време кои „не исповедале дека Исус дошол во плот“.
Многу антихрисоси денес, но ниту еден Христос - тоа е лошо нели?
П.С.
Визиите кои ги имал Јован и се дадени пак во Октровение за крај на светот, за армагедон, за доаѓање на Христос, за борби на ѓаволи бесови, ѕверови, се сосема друга ствар за тоа како ќе биде сечиј индивидуален крај на Земјата во однос на божественото. Симболите се користат за да секој сам го разбере сопствениот пат!
Бидејќи „крај“ не постои за човекот на Земјата![]()
Знам дека звучи како некоја шега, сепак тој е.
Ќе образложам.
За бог се вели дека е вечен, нема почеток , ниту крај.....вечност симбол осмица
За неговиот син се вели дека тој е почеток и крај, алфа и омега на кого му е дадено да седне десно од божјиот престол....времето(календар)
Антихрист е протвникот на синот божји.Некој кој седнува на престолот , место кое му е дадено на синот.
Разликата од антихрист и синот е плота(тело).
Синот доаѓа во тело,а секој кој вели дека не доаѓа во тело, е антихрист.
Престолот е времето преставено со бројки и месеци, кој има свој почеток и крај, и повторно од почеток.
Тој врв на каледарот каде завршува старата година, а почнува новата година е симболично престолот кој му е даден на синот, бидејќи тој е алфа и омега, почеток и крај.
И нормално доаѓа во тело.
Луѓето, престолот му го дадоа на дедо мраз, кој не доаѓа во тело.
Не постои , од него е создаден идол, сиболика.И ја "седнуваат" мерзоста на запустението на свето место.
Дедо мраз е само реклама од некоја компанија, небитен е обликот изгледот, приказната која сака да се промовира со некој лик идол.Може во иднина новите генерации и некоја друга компанија ќе го стават спајдермен , сеедно.Местото е свето, на тој врв не треба идоли да седнуваат.
Два различни термини во библијата
мерзоста на запустението и антихрист се однесуваат на едно исто.
Луѓето ги измамил некој и пред нивни очи го ставил антихристот....
7. бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во плот; таков човек е измамник, антихрист.
Осуден е антихристот и неговиот календар ќе се сруши.
9. а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите?
10. Гледате на деновите, месеците, времињата и годините.
11. Се плашам за вас, да не би случајно залудо да сум се трудел меѓу вас.
Интересно е што постојано една иста тематика обработува библијата, но се користат различни термини, различна приказна,а сепак за едно исто зборува.
Вечноста и времето.
Едното постојано се користи(разни календари) некаде се нарекува божји храм, на други места град, блудница и др.
Како се појавуваат ,така и се рушат(не се користат) имаат свој почеток и крај.
И за сите нив еден човек(Исус, Митра ,Куклкаан и др) со разни имиња е знак за почеток и нивни крај.
А кога ќе дојде крајот на календарот, треба на време да излезат луѓето од него.