Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.381
- Поени од реакции
- 12.388
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
Кој кажа дека е закон?
Јас реков дека не може да имаш слобода кога си условен од некаков божествен принцип и заплашен со грев и казни.
Ова што го зборуваш е според христијанството и важи за оние кои го прифатиле истото. Не може да важи за некој што не е христијанин.
На пример...
Во философијата на Телема, Зборот на гревот е ограничување. Јас сум дел од бог и едно со бог и тоа никогаш нема да го разбере ниту еден следбеник на старо-еонските учења. Ти си учен да бидеш понизен, полн со страв без потреба да бидеш едно со божественото. Тука на Земјата.
„Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.“
--- Liber Librae svb figura XXX
--- Liber Librae svb figura XXX
Исто така, не постои вечна смрт, не постои некој или нешто што ќе те казни за тоа што си (ако знаеш навистина што си). Не посто пост-смртна казна од бог или унија на богови кои токму тебе те чекаат за да те покажат со прст и кажат: а ти имаш грев.
„Живот во помазаниот(христос нели)“ е игра на зборови и нема никаква логика во новиот еон. Јас сум патот и немам друг пат освен мојот. А тоа што некогаш таму некаде некои одлучиле дека патеката води нанадвор е не навнатре, тоа е нивни проблем.
Како што реков, философијата на Телема учи дека секој маж и секоја жена е ѕвезда, со своја орбита, која никогаш не престанува.
Сега, ќе кажеш мене не ме тангира Телема. Штом проповедаш христијанство и од него создаваш апсолутен закон за секој, без разлика што некој смета дека христијанството и нивните догми се надминат закон, надминат начин кон божественото и те како те тангира се останато, дури и други философии од стариот еон. Затоа добро е да научиш нешто + за тие учења, можеби ќе можеш да ги разбереш подобро истите.
Последно уредено:
