Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш да образлозиш како може постапка или начин на живот што се спротивни на јасни и недвосмислени пораки од евангелијата да бидат христијански? Имаш порака - ако твоето око погледне жена а не си во брак со неа, извади го! И сега ти велиш дека ако не го извадиш, христијанин си....?! Имаш порака - Сакај ги своите непријатели! Ти викаш дека е христијански ако не ги сакаш.... Имаш порака - Секој што сака мајка и татко, син и ќерка повеќе од мене, не е достоен за мене! Ти велиш дека е христијански доколку не го правош тоа....?
Според сите дефиниции за инает што ги знам, сето ова вришти на цел глас - Инает!

Јaс личнo не мoжaм дa oбрaзлoжaм, нa нaчи нa кoј ти oчекувaш. Не пoзнaвaм цркoвни прoписи, ниту пaк мoжaм сo библиски цитaти дa ти пoткрепaм, oти не знaм штo се сoдржи библијaтa, a ти тoкму тaкoв oдгoвoр oчекувaш.
Тoa ќе ти гo кaже некoј штo имa пoзнaвaње и мoќ дa ти гo пренесе.
Јaс ти кaжувaм мoј стaв, и сoглaснo истиoт дискутирaм.

Јaс имaм слoбoдa и прaвo дa се чувствувaм кaкo сaкaм и кoгa сaкaм, и дa дефинирaм oдредени рaбoти, oнaкa кaкo штo јaс сметaм декa требa дa бидaт дефинирaни.

Или вo случaјoв, се сметaм себе си зa Христијaнин, или нaјмaлку пријaтел нa христијaнскaтa верa.
Сметaм декa не се пoтребни буквaлнo тoлкувaни пoрaки oд евaнгелијa зa дa бидеш Христијaнин. И сaм велиш декa тaквите книги се шифрирaни. Знaчи тие пoрaки не се буквaлни. Следи декa знaчaт нештo другo.

Или сo други збoрoви, ти нaметнувaш дефиницијa декa христијaнствo е слепo и буквaлнo следење нa пoрaки oд евaнгелијa.

Oд другa стрaнa јa ти викaм не е тaкa. И згoрa нa тoa ти викaм дaј реaлни ситуaции и oдгoвoри нa истите сoглснo телемa и oд другa стрaнa, мoјaтa дефиницијa зa христијaнствo.

Ти и хептa бегaте oд oдгoвoри, oти мнoгу јaснo ќе излезе декa христијaнствoтo кo шo јa ти дефинирaм и твoјaтa телемa, се вo исти кoш, сaмo сo рaзлични oбвивки.

Зaтoa и се трудите дa нaметнете декa христијaнин е тoј штo буквaлнo прaви кo шo пише у библијaтa.
Ти нему шaмaр, oн тебе сј пaк.
Сулудo, нели.

Вo тaквa дефиницијa си секaкo у пoл пoзицијa.

П.с. ќе прoдoлжиме ли сo реaлни сценaријa oд живoтoт, и кaкo истите се сoгледaни преку телемaтa и еден телемит?
 
И сaм велиш декa тaквите книги се шифрирaни. Знaчи тие пoрaки не се буквaлни. Следи декa знaчaт нештo другo.
Тоа се однесува за книгите од А класа, или светите текстови, принципите каде се потцртани правата и обврските не се никаква шифра, не спаѓаат во А класа. Liber Oz е документ каде се потцртани овие права што природно му припаѓаат на секој човек, тие се буквални.
П.с. ќе прoдoлжиме ли сo реaлни сценaријa oд живoтoт, и кaкo истите се сoгледaни преку телемaтa и еден телемит?
Зошто да не.
 
Oтсликaј јa телемaтa преку реaлни секoјдневни случки.

Секој ден ја сликам, но тоа е мое практикување на Законот. Не постои апсолутен статичен рецепт за тоа како еден Телемит ќе направи или треба да прави во овие или оние ситуации...

Јас реков дека Телемит нема да оди против даден збор пред жената која ја љуби за да оди со некоја колешка да има секс, ти ми велиш Телемитте биле над сите и суптилно ме осудуваш за елитизам... што ме наведе дека погрешно разбираш што сакам да кажам, бидејќи не си прочитал ништо од нашите книги, за да сфатиш барем малку како општо би го дефинирал Законот и како еден Телемит би требало да сработи.
Ти велиш ама ако сепак згреши... ако сепак згреши свесно и ја изневери сопругата (има пак брачни парови што нема да и смета на сопругата што мажот малку шетал лево десно), јас лично би го сметал за идиот и ако бара совет, ќе биде дефиниран како идиот и будала, бидејќи толку време градел нешто, според својот план изграден од таа чиста Волја, и сега заради една проклета желба на телото, зафркнал се и може длабоко да му ги измести идните чекори во животот.
Последиците зависат од инволвираните страни сепак, нели :) Но нема да бидат пријатни последици, бидејќи се оди не само против нечија туѓа волја, туку и против својата...

Исто, прашање е и зошто еден Телемит би барал сетилно задоволство на друго место, а не од жената која ја љуби. Можеби пак жената нема проблем со тоа... па Телемитот може да оди и со други жени... се зависи од договорот меѓу двајца, тројца или n луѓе за да не си сметаат во нивните патеки и начини на проширување на хоризонтот на искуства низ бесконечностите на Нуит :)

Книгата на Законот секој различно ја разбира, различно ги применува работите запишани таму... не е во ред некому да му застануваш на неговата волја, но ако секој ја извршува својата волја, нема ни да има препреки...

Ете @Ipsissimus што вели, има различни класи на книги... потребно е нивно студирање, разбирање, практично применување...

Ако според моето сликање ти би судел за Законот, ништо не правиш.
Затоа треба човек сам да види каков е Законот, што со него и дали може да го применува... но секако, мора да те привлекува сето тоа, за да може да работиш преку тој Закон, наречен Телема.

Како што реков на почетокот, Законот на Телема е флексибилен.
Под флексибилен разбирам Закон кој што секој му е дозволено да го разбере како мисли дека е најдобро, според неговата интелегенција и практична примена, но исто така тука е и слободата да згреши со погрешно разбирање на симболите и да страда од последиците, веднаш, тука на Земјхата и тоа не од страна на богови или од страна на туѓи концепти на богови, ниту да чека да умре за да некој му суди, или пак да се инкарнира нареден живот и да биде кокиче изедено од магаре.
Едноставно неговите погрешни акции, нормално ќе создадат погрешни реакции и ќе му биде отежнат патот кој свесно со својата чиста волја почнал да го оди во минатото...

П.С. Долго ова испадна...
 
Јaс личнo не мoжaм дa oбрaзлoжaм, нa нaчи нa кoј ти oчекувaш. Не пoзнaвaм цркoвни прoписи, ниту пaк мoжaм сo библиски цитaти дa ти пoткрепaм, oти не знaм штo се сoдржи библијaтa, a ти тoкму тaкoв oдгoвoр oчекувaш.
Тoa ќе ти гo кaже некoј штo имa пoзнaвaње и мoќ дa ти гo пренесе.
Јaс ти кaжувaм мoј стaв, и сoглaснo истиoт дискутирaм.

Јaс имaм слoбoдa и прaвo дa се чувствувaм кaкo сaкaм и кoгa сaкaм, и дa дефинирaм oдредени рaбoти, oнaкa кaкo штo јaс сметaм декa требa дa бидaт дефинирaни.

Или вo случaјoв, се сметaм себе си зa Христијaнин, или нaјмaлку пријaтел нa христијaнскaтa верa.
Сметaм декa не се пoтребни буквaлнo тoлкувaни пoрaки oд евaнгелијa зa дa бидеш Христијaнин. И сaм велиш декa тaквите книги се шифрирaни. Знaчи тие пoрaки не се буквaлни. Следи декa знaчaт нештo другo.

Или сo други збoрoви, ти нaметнувaш дефиницијa декa христијaнствo е слепo и буквaлнo следење нa пoрaки oд евaнгелијa.

Oд другa стрaнa јa ти викaм не е тaкa. И згoрa нa тoa ти викaм дaј реaлни ситуaции и oдгoвoри нa истите сoглснo телемa и oд другa стрaнa, мoјaтa дефиницијa зa христијaнствo.

Ти и хептa бегaте oд oдгoвoри, oти мнoгу јaснo ќе излезе декa христијaнствoтo кo шo јa ти дефинирaм и твoјaтa телемa, се вo исти кoш, сaмo сo рaзлични oбвивки.

Зaтoa и се трудите дa нaметнете декa христијaнин е тoј штo буквaлнo прaви кo шo пише у библијaтa.
Ти нему шaмaр, oн тебе сј пaк.
Сулудo, нели.

Вo тaквa дефиницијa си секaкo у пoл пoзицијa.

П.с. ќе прoдoлжиме ли сo реaлни сценaријa oд живoтoт, и кaкo истите се сoгледaни преку телемaтa и еден телемит?

Ова е оној момент кога се прашуваш себеси, што им е на луѓево?
Не си доследен на божјиот христијански закон, не го почитуваш нити живееш во склад со истиот, да биде иронијата поголема болдиранава прокламација те дефинира како телемит над телемитите ама изгледа ни сам не знаеш на какво тло стоиш.

Не си ти пријателе христијански пријател ами непријател, барем според она што го читам од тебе. Ти можеш да имаш христијани пријатели, да гледаш со благонаклоност кон нивната традиција и можеби да се идентифицираш себеси со нив и толку.
Далеку си ти од христијансвото и христијанството е далеку од тебе.
 
..
Од друга страна кога сме веќе кај црквите и поповите,од каде овластувања на попот да простува гревови и исповедува некого? По која основа? Што ако бараат покајание христијаните а попот лаже?
Самиот Христос им дал такво право на апостолите кои тоа право го дале на епископите кои тоа право го дале на презвитерите (или поповите у твој случај). Тоа што самиот Бог Христос им го дал е наредбата да на тие што ќе им простат ќе им биде простено (евангелије по Јован 20:23).[DOUBLEPOST=1461873554][/DOUBLEPOST]
Ова е оној момент кога се прашуваш себеси, што им е на луѓево?
Не си доследен на божјиот христијански закон, не го почитуваш нити живееш во склад со истиот, да биде иронијата поголема болдиранава прокламација те дефинира како телемит над телемитите ама изгледа ни сам не знаеш на какво тло стоиш.

Не си ти пријателе христијански пријател ами непријател, барем според она што го читам од тебе. Ти можеш да имаш христијани пријатели, да гледаш со благонаклоност кон нивната традиција и можеби да се идентифицираш себеси со нив и толку.
Далеку си ти од христијансвото и христијанството е далеку од тебе.
Христијанството не е ЗАКОН, тоа е слобода. Секој што е врзан со закони (Богами и телемитиве) се под закони, дали на магии или разноразни драпајсимеовини тоа е најмалку битно.Кај има закон нема слобода. Христијанството е ЉУБОВ, пред се кон Бога а потоа кон ближниот. Тоа е совршенството и не се стекнува од прв ден. Си има скалила духовни како оди тоа искачување. Слободата е достапна до секој, ако некој по своја воља сака да биде роб на закон, нека си остане и нека си го крсти тоа телема, кабала, вештерство, масонство тоа мене ич не ме тангира пошто е едно те исто.
 

Не може да имаш слобода кога имаш идеја за грев, за грешност, за забрани, казни...
Слободен си само ако... тоа е условување од божественото, или барем така се верува дека е...

Твојата црква има канон, нели?

Не е во ред се што не е христијанство ти да го споредуваш со сенешто, со умисла да го дискредитираш.

Воопшто не е исто кабала со вештерство, масонство и Телема, Телема и кабала... има големи разлики, но треба да се помачиш да ги осознаеш, не да зборуваш напамет или да веруваш на некој поп што запишал некаде таму како масонството или каблата се најголемото зло на светот... нема поголемо!

А ако не те тангираат овие работи, може да ги игнорираш и да не се обидуваш да ги навредиш луѓето кои ги проучуваат овие работи и ги прифаќаат.

 
Самиот Христос им дал такво право на апостолите кои тоа право го дале на епископите кои тоа право го дале на презвитерите (или поповите у твој случај). Тоа што самиот Бог Христос им го дал е наредбата да на тие што ќе им простат ќе им биде простено (евангелије по Јован 20:23).
Христијанството не е ЗАКОН, тоа е слобода. Секој што е врзан со закони (Богами и телемитиве) се под закони, дали на магии или разноразни драпајсимеовини тоа е најмалку битно.Кај има закон нема слобода. Христијанството е ЉУБОВ, пред се кон Бога а потоа кон ближниот. Тоа е совршенството и не се стекнува од прв ден. Си има скалила духовни како оди тоа искачување. Слободата е достапна до секој, ако некој по своја воља сака да биде роб на закон, нека си остане и нека си го крсти тоа телема, телетабис, кабала, вештерство, масонство тоа мене ич не ме тангира пошто е едно те исто.

Христос им дал такво право на Апостолите нели, кои се па апостолите да даваат такви овластувања кон други ?
Друго,на вакви покварени не светии не му верувам бе,кај таков пред да се исповедаш треба отров да му дадеш.Ако преживее е светија и покајанието ти е примено,ако не ондак е не е светија и си умрел како што заслужува гнасата.

Ај нас не прелажал “лукавиот“,не е срамота од ентитет кој е од присутен од почетокот на овој свет полн со мудрост и знаења за се и сешто.
Ама па да те заебе профитабилна лоповска организација како црквата на чело со мрсен, дебел, ненормално покварен бетмен во со затемнет туарег џип, мора да имаш сериозен проблем со мозокот.

Интересно преставување на христијанството, убаво ви пиша Хептаграм, вие не знаете ама сте следбеници на телема.
 
Последно уредено од модератор:
Сите зборуваме за ЉУБОВ...

И Книгата на Законот зборува за љубов...

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.
Љубовта е закон, љубов под волја.

Така е запишано...

Работата е како во пракса со таа љубов... за каква љубов се работи... љубовта прво кон богот, а подоцна ако имаш време и кон ближните и сите други - води до фанатизам. Зарем не е така, зарем не ги гледаме денес фанатиците кои убиваат во името на старо-еонските религии луѓе кои немаат врска со нивното верување, кое го наметнуваат како апсолутно: нивниот бог ќе суди секому, дури и ако не веруваш во него...

Тоа е лудост.

За каква љубов ти ми зборуваш кога насекаде навредуваш по форумов ако мислиш дека некој не е христијанин или не се сложува со твоето верување?
Зборуваме за верување, ВЕРУВАЊЕ... не знам како може едно верување толку да влијае и да ве исполни со омраза кон другото.
 
Христос им дал такво право на Апостолите нели, кои се па апостолите да даваат такви овластувања кон други ?

Ај погледни си ја противречноста во твојава мисла: ем велиш дека Христос им дал право па се прашуваш од кај им е на Апостолите тоа право?...o_O[DOUBLEPOST=1461932533][/DOUBLEPOST]
Ама па да те заебе профитабилна лоповска организација како црквата на чело со мрсен, дебел, ненормално покварен бетмен во со затемнет туарег џип, мора да имаш сериозен проблем со мозокот.

А коа се глеаш у огледало, ја глеаш најубаата слика у Вселената, така?...[DOUBLEPOST=1461932718][/DOUBLEPOST]
Интересно преставување на христијанството, убаво ви пиша Хептаграм, вие не знаете ама сте следбеници на телема.

На луѓе кои барем малку мислат со глата, до сега им стана јасно дека Телемата е збирка од испразни отфантазирани блебетања, која нема никаков конкретен одговор на конкретна/реална ситуација.
 
Последно уредено:
Па ваљда не би требало денес да се впуштаме во жолчни дискусии.
 
На луѓе кои барем малку мислат со глата, до сега им стана јасно дека Телемата е збирка од испразни отфантазирани блебетања, која нема никаков конкретен одговор на конкретна/реална ситуација.
Мики, тоа што тебе толку ти сече, незначи дека никој неможе да разбере, значи само дека со инка не се става.
 
Мики, тоа што тебе толку ти сече, незначи дека никој неможе да разбере, значи само дека со инка не се става.

Јас разбрав одамна, а и другите веќе почнаа да ја разбираат Телемитската неефикасност во реалното живеење.

Наместо да навредуваш, како и обично кога немаш што друго да напишеш, дај прејди од испразно философирање и цитирање, на конкретни случаи.
 
Јас разбрав одамна, а и другите веќе почнаа да ја разбираат Телемитсаката неефикасност во реалното живеење.

Наместо да навредуваш, како и обично кога немаш што друго да напишеш, дај прејди од испразно философирање и цитирање, на конкретни случаи.
Телемата значи живот во согласност со суштината на индивидуата. Не како што клеветниците од твој калибар се обидуваат да протнат лага и да создадат извртена слика дека се работи за порака да правиш што сакаш, туку да го откриеш динамичкиот аспект на битието и да живееш според него.
Разликата помеѓу желбите и волјата беше објаснета, но твојата подлост и мизерност нема граници, па упорно се обидуваш да го игнорираш објаснувањето и да го сведеш на фантазија.
Како што веќе и предходно нагласив, волјата не е ограничена со потреба т.е. страст за резултат. На пример желбата е условена од постигнување на некоја цел, сакаш пари, затоа што парите ти се да постигнеш нешто. Од друга страна, волјата се однесува на активност што самата по себе е цел. Сликарот кога слика, тоа го прави затоа што самото сликање го исполнува, тоа самото по себе е цел и резултат.

Како што може да се види, телемата е реална, таа го отсликува сегашното секојдневие, не се базира на догми и верување.
Од предходно изнесеното, крајно лудо е да се тврди дека таа е фантазија, посебно од некој што веруваат во змии што зборуваат, дрва што даваат знаење, мртовци што воскреснуваат и девици што раѓаат. Ако тоа не е фантазија, тогаш ништо не е.
 
Ај погледни си ја противречноста во твојава мисла: ем велиш дека Христос им дал право па се прашуваш од кај им е на Апостолите тоа право?...o_O[DOUBLEPOST=1461932533][/DOUBLEPOST]

А коа се глеаш у огледало, ја глеаш најубаата слика у Вселената, така?...[DOUBLEPOST=1461932718][/DOUBLEPOST]

На луѓе кои барем малку мислат со глата, до сега им стана јасно дека Телемата е збирка од испразни отфантазирани блебетања, која нема никаков конкретен одговор на конкретна/реална ситуација.

Христос им дал овластување или моќ на Апостолите да примаат покајание и да им опростуваат,но никаде не е наведено дека Христос им дал овластување да они даваат таква моќ на други.
Сфаќаш нели,или да цртаме?

Што гледам во огледало? Себе, човек со идентитет и интегритет, кој го следи своето срце и својот разум.
Ти бетмен што гледаш?

Ти можи си следиш божји закон, онака како ти кажале, дури се бориш против себеси.
Ги негираш своите импулси, го негираш она што си а си она што ти кажале дека треба да бидеш.
Следбеник на нечиј пат, нечии правила, што немора и не значи дека се апсолутна вистина(тоа важи само за тебе).
Светот отиде напред МИКИ, нема повеќе Попо рече туку јас велам.
 

Не може да имаш слобода кога имаш идеја за грев, за грешност, за забрани, казни...
Слободен си само ако... тоа е условување од божественото, или барем така се верува дека е...

...
Гревот е состојба, не е закон. Состојба која в оди во смрт, и тоа вечна. Се гледа колку ги разбирате работите па затоа само се расфрлате со црковна терминологија која не ја разбирате. Нема никаков услов, Живот во Христа, или Смрт вечна без него...тоа накратко... другото не е вредно за коментар[DOUBLEPOST=1461953215][/DOUBLEPOST]
Христос им дал такво право на Апостолите нели, кои се па апостолите да даваат такви овластувања кон други ?....
Зборувајте за вашите глупости и не полемизирајте за Православие, пошто сте тотално без никакви основни познавања.
 
Back
На врв Bottom