Авторот на темата започнал со констатација за проектот „паметно и логично“...
Можеби е така... но јас не би рекол, и ќе елаборирам зошто мислам така:
Факт е дека претходните 40-50 години, миграцијата е село-град, посебно во 60-тите и 70-тите години од 20 век, со индустријализацијата и потребата од работна сила, сите одат во Скопје од селата, но и другите градови од Македонија и Косово, а во Струмица од селата и од Малешевијата.
Претежно, тоа беа луѓето кои настрадаа во транзицијата во 90-тите, која како и да беше изведена, ќе имаше свои жртви, тоа е неспорно. Беше и помина.
Сега (ќе) има проект за обратна миграција...
Хммм... По мое мислење, најголемиот дел од тие луѓе кои некогаш мисгрирале село-град се родени во 40-тите или 50-тите години на 20 век. Сега се или пензионери или пред пензија.
Сега на старост ли ќе водат бизнис на село?
Мислам НЕ!
Ги имаме нивните деца, родени по градовите, кои село виделе само за време летен распуст, тешко да работеле по ниви или сл. и навикнати на градски живот.
Не верувам дека би се нафатиле на обратна миграција.
ОК, можеби некој и би се нафатил, да кажеме лица од моја генерација (на прагот на 40-тата година од животот) или до 50-тата година од животот кои досега мака мачат со преживување, па би пробале...
Но не верувам дека нешто драстично би се променило.
Затоа можеби е „паметно и логично“, но остварливо - многу тешко.