Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
Пиј 3 литри вода на ден и ништо нема да ти е.

Ха ха ха, кожен исип, дијареа, неправилно биење на срце.. немој не ме јеби.
Зошто е наведено ако е неточно? :unsure:

Башка тоа некаде прочитав дека ги полни мускулите со вода, и ако престанеш со вежбање побрзо паѓаш отколку само со протеинот.

Не знам, затоа и прашувам..

А ефекти само со протеинот за колку време ?
Да знам на колку туби да очекувам резултат. :D
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
11.565
Зошто е наведено ако е неточно? :unsure:

Башка тоа некаде прочитав дека ги полни мускулите со вода, и ако престанеш со вежбање побрзо паѓаш отколку само со протеинот.

Не знам, затоа и прашувам..
Не е баш така се како што е напишано.
Земи, проби си на тебе, види како ќе ти делува.

Јас искрено го пијам, ама не осеќам нешто посебно, можда нешто минимално, подобар волумен на мускули и слично, не ни знам дали е од креатинот :D Некои викаат дека им дава енергија, повеќе на психичка база ама нема веза, се полнат луѓето со енергија..
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
За креатинот стално го слушам тој муабет, дека ги полнит мускулите со вода.

Јас додека го користев немав таков ефект приметено, едино што заприметив е поголема сила, издржливост и опоравување.

И 10 пати на ден во ВЦ. :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
А L карнитин? Што е ова, како делува и како се комбинира?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
11.565
@_BerzerkeR_

Заборавив да напишам, може првите денови ќе осеќаш "болка" во пределот на бубрезите, ама не се секирај, тоа ќе ти е исто така на психичка база, од страв :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
@_BerzerkeR_

Заборавив да напишам, може првите денови ќе осеќаш "болка" во пределот на бубрезите, ама не се секирај, тоа ќе ти е исто така на психичка база, од страв :D

"Болка во бубрезите на психичка база"
Е мора да ме дупиш со ова сега... (y)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
11.565
Е мора да ме дупиш со ова сега... (y)
Озбилно, и јас бев вака исплашен како тебе на почеток, камен у бубрези, песок у бубрези и првите 2-3 дена ме "болеше", си викам овој креатинов ќе ме уништи.
Не само јас, и од други имам слушано како почнале да ги болат бубрезите :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Здраво!

Имам многу прашања али ќе се потрудам да не замарам многу.
Сакам да кренам малку маса, не премногу. И спрема тоа пробувам да се хранам посоодветно. Но очигледно само со исхрана (која и таа не ми е баш адекватна) мислам дека нема да постигнам резултати.

Не сакам да бидам погрешно сфатен, не дека се брзам и дека не и давам важност на исхраната, туку едноставно мислам дека не внесувам доволно.

Е сега се двоумам, потпчно имам многу заблуди шо е најдобро, кои комбинации на суплементи би ми помогнале?

Имам 81кг на 180cm висина.
Па можам да кажам дека имам добро тело, имам мускулатура и генетски предизпозиции добро да се оформам. Е сега имам малку сало на стомакот. Сакав да го намалам па после да почнам нешто да користам од страна на суплементи за маса.

Вежбам 3 дена во неделата. Пр. понеделник- в теретана, вторник - кардио (трчање) по 5км, и така редоследно секоја недела.

Да преминам на главното...
Гејнер или протеин? Што би ми помогнало да кренам на маса? Слушам гејнерот бил подобар за качување на маса, но ми е страв дека ќе ми го успори топењето на мастите на стомакот. Исто така слушам најдобро било комбинација со креатин, но со оглед на тоа дека креатинот ќе ми бара големо количество на вода и можноста од камен во бубрези ме плаши неговата употреба. Башка тоа роден сум со некакви мали аномалии на бубрезите, едниот бубрег ми е над нормалната големина а другиот помал од нормалата и не се во правилна положба. Со препорака од мал сум да ги пазам бубрезите. Функционираат нормално но јас сакам да бидам претпазлив. И знам дека пак најдобро е да се консултирам со лекар.

Сакам да знам како точно делува протеинот, а како гејнерот? Што, за што е подобро?

Ептен сум неписмен во оваа област а сакам да постигнам некои резултати.
Па барам некој да ме упати и да ме посоветува. :)
Ајде вака, гледам дека си прилично неупатен околу суплементите.

1.Никогаш не гледа суплементите да ти бидат примарно решение на проблемот, т.е гледај да го решиш проблемот со храна, суплементите ти се додаток (мирудијата во манџата)
2.Не слушај муабети од пред кооперација, не верувај во се што ќе прочиташ на интернет и во се што ќе ти кажат луѓето.

Како да кренеш маса?
-Направи си план и запишувај колку јадеш количински и што јадеш секој ден, во период од 10дена, измери се на почеток кога ќе почнеш со запишување и на 10тиот ден. Ако не си променил тежина (ниту пак да се гледа на огледало некаква промена) додади на калорискиот внес(во зависност од тоа колку маса сакаш да ставиш зависи и колку ќе го зголемиш внесот на калории), попросто кажано почни да јадеш повеќе.
Отприлика можеш истото да го постигнеш со обична пресметка тука

3. Лично јас во последно време сум прилично разочаран од тукашните суплементи, додатно и не верувам и во составот.
Еве некои тестови, на кои имаат паднато и познати марки како Гаспари. и анализи и ранг на дел од протеините.

Креатин монохидрат кај доста од луѓето не делува и не го осеќаат, доколку го пиеш, пиј го без полнење, 3 грама пред тренинг и 3 грама после тренинг.
Комбинацијата од членот погоре ти е добра, со напомена декстрозата да си ја земаш на 10тина минути пред завршување на тренингот.
Испробан шејк (дозерка и пол протеин + 50грама декстроза) и може да правиш уште еден тренинг :D

Пробај за почеток да јадеш повеќе, воведи уште еден оброк со месо/јајца/риба, 50тина грама кикиритки/сончоглед/бадеми и види дали ќе има измена.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
Креатин монохидрат кај доста од луѓето не делува и не го осеќаат, доколку го пиеш, пиј го без полнење, 3 грама пред тренинг и 3 грама после тренинг.
Комбинацијата од членот погоре ти е добра, со напомена декстрозата да си ја земаш на 10тина минути пред завршување на тренингот.
Испробан шејк (дозерка и пол протеин + 50грама декстроза) и може да правиш уште еден тренинг :D
Како тоа без полнење, не те сфатив?

А протеинов + декстрозава заедно во млеко, а креатинот со вода, така?

И добар протеин до кај 3-3500 ден?
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Како тоа без полнење, не те сфатив?

А протеинов + декстрозава заедно во млеко, а креатинот со вода, така?
Се со вода ќе пијаш.

-Во фаза на полнење креатинот се пие 4 пати во денот по 5г. една недела така. Тоа е фаза на полнење, шо ден денеска не научив која е предноста, и дали е само маркетингшки трик.

Прај кај шо ти кажа 3г пред тренинг, 3 после.
Јас пред тренинг го пиев директно од лајца и со вода го туркав, а после тренинг го мешав со протеинот и декстрозата во ист шејкер.
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
Ааа да... ќе заборавев, НЕЌАМ ВЕНИ !!! (n)
Подобро да не се оформам отколку да се оформам и вени да ми се познаваат ко гасоводни цевки!

:)
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ааа да... ќе заборавев, НЕЌАМ ВЕНИ !!! (n)
Подобро да не се оформам отколку да се оформам и вени да ми се познаваат ко гасоводни цевки!

:)
После овај пост, немој да очекуваш никој повеќе да ти помогни. Се шо те интересира барај си сам 1086 страни се испишани.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.689
Поени од реакции
4.537
После овај пост, немој да очекуваш никој повеќе да ти помогни. Се шо те интересира барај си сам.
Ок, шо се нервираш па сега? :D
Се шалев.

Имам слушнато дека има суплемент што ги проширува вените со цел подобра циркулација на крвта (кислород+...) до мускулите.

А и знам дека ќе се појават како и да е..
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Како тоа без полнење, не те сфатив?

А протеинов + декстрозава заедно во млеко, а креатинот со вода, така?

И добар протеин до кај 3-3500 ден?
Ме мрзи да го барам оригиналното мислење твое, исто како таму да сум цитирал.

1. 180 висина/80 кила со малку сало не ми оди на невидено. Да не те разочарам, ама можеби имаш повеќе сало одошто мислиш дека е малку. Не се откажувај кога ќе го уважиш ова. Можно е да грешам, ако грешам небитно, имал немал многу сало да продолжам. Мој совет ти е да стигнеш до 10-11 % масти прво. Процесот на англиски се вика cut/кај нас "чистење" го викаат. Тогаш одреди колкави мускули сакаш (спомна не бараш многу маса) затоа што на тој процент ќе изгледаш "поголем" него на повисока тежина со повеќе сало. Додатно, од стартна позиција со сало телото со зголемување на калориите примарно ќе додаде повеќе сало, користел ти суплементи или не. Две многу добри причини зошто да се премислиш. Трета е што ќе бидеш многу посекси на женскиот пол. Иде лето.

2. Според претходното, како што рекоа претходно, суплементите се само тоа, суплементи. Во случајов кога не треба да креваш тежина не се воопшто потребни. Л-карнитин ете зимаат, ама моето лично мислење е дека не ти треба. Воопшто. Среди го внесот на калории така што тргаш окулу 750-500 грама неделно (првите две-четири недели 750, после по пола кило) и толку од оваа приказна.

3. Тренинг/исхрана/спиење. Додека овие три точки се исполнети ќе имаш 80 посто од резултатите. Се друго што кошта пари (суплементи) ќе ти ги даде другите дваесет посто, АКО се исполнети 3-те ставки од претходно. Инаку џабе ги фрлаш парите.

Се брзам, после ќе допишам. Отвори го линкот доле во меѓувреме и од сега па натака гледај го како буквар-библија за фитнес.

https://www.reddit.com/r/Fitness/wiki/getting_started

Поздрав сега за сега.
 
Да да, уште во првиот пост пишав дека сакам првенствено да се исчистам од салото (поготово на стомакот), што највероватно го имам и во пределот на градите и рамената но делува повеќе како маса, но сепак не е мускул. И за таа цел трчам преку еден ден по 5 км. И ќе настојувам да зголемувам. Исто така правам и стомачни.

Сепак фала ти и тебе друже што се потруди да ми помогнеш!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom