MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Дали телемитот му забранил нешто на дечкото? Дали го присилил на нешто? Дали го условил или уценил со нешто? Ако одговорот е не, тогаш како може да има било што со неговата волја? Неможеш да повредиш или ограничиш нечија волја ако не си му наметнал нешто кое не е согласно со неговата волја. Таквото сценарио може да значи дека или девојката е со него од погрешни причини, или тој е со неа од погрешни причини. И во двата случаи, ќе се работи за врска која не произлегла од нивната чиста волја.
Цитираниов дел од постот е типично рационализирање и „телесно мудрување„ и изнаоѓање начин на (само)оправдување за своето (зло)дело, кое (само)оправдување е еден од најлошите начини на „одбрана„ на личноста.
Во мојата вероисповест, самооправдувањето е грев заради: неприфаќањето и непризнавањето на личната кривица па дури и нејзино „разубавување„, заради прекршувањето на волјата Божја и конечно, неприфаќањето на оправдувањето преку жртвата Христова.
П.С:
Живо ме занима (како и обично...) ботлуваниот текст: дај подобјасни што е тоа „чиста волја„, но не кај било кого , туку кај Телемитите, кои длабоко забраздиле во суетноста, во фантазирањето и во злото...
