Причината зашто испадна Барса. Цела сезона го пцујам и малце му е на имбецилов на клупа на еден од појаките тимови во Европа. Тимот му е на секоја позиција пополнет со минимум 2 топ играчи, и пак не успева да пројде покрај еден смешен Кубан со индијанци ко Дилејни, ова е за номинација на некоја златна малина во кошарката. Кои се тие бе ротации и измени во МАЈСТОРКА за Ф4, пола последна четвртина игра со ОЛЕСОН на двојка и АРОЈО на кец, па дали е свесен и нормален ликов што прави. Класични кошаркарски мртовци ги става во најбитните 10 минути, топи разлика Кубан и абер нема да смени, па после тоа стигај разлика со Саторански и Наваро, на 5 минути до крај ни они не можат да смалат од -11 што дозволи стратегов да му направат некои си квази играчи ко Брокхоф. Немам зборови да ја опишам дебилноста на ликов, тоа е чудо едно, а тренер е 10 години, ко Венгер доживотно ваљда ќе седи без разлика какви резултати има. Има тим што може да дава по 90 поена лабаво секоја утакмица, овој со неговите измишљотини за одбрана и ракометни ротации ја усра цела сезона. Најдобра центарска линија УБЕДЛИВО има заедно со Фенер, на тројка Перпероглу што сезонава е меѓу топ3 крила во Евролига, Саторански и Аројо ко бекап е сосема солидно, Наваро, Абринес, Рибас, Долман. Со оваква екипа не треба да има дискусија за влез на Ф4 а он губи од Дрејпер, Брокхоф и Воронов. Буквално од тројца играчи изгуби, ако не лета после сезонава очигледно без мозок е цела управа..