Ване Цветанов, поранешен директор на агенцијата за спречување на перење пари, и воедно следната година избран од власта за нај менаџер на една таква институција:
- Ми беше предложено да ги проверам детално имотите и бизнисите на Бранко и Заев.
(Знаеме тоа што значи, Грујо или Сашо му се јавиле, и му рекле да бара под дрво и камен да најде нешто тука)
Ване како голем професионалец отвара детална истрага, и:
- Бранко испаѓа чист (нема докази)
- А Заеви испаѓаат кристално чисти (со докази за истото)
Тогаш се инсистира да продолжи судската постапка по секоја цена, и Заев е аболициран од тогашниот претседател.
Ване повторно како професионалец, дава налог да се детално провери буквално СЕ што може да имаат Заеви и голем број од нивните роднини, за да се стави капак на тоа прашање (Глобал пред се).
Е тука е критичната линија. Фамилијата не сака Заев да продолжи по судници и да се докаже неговата невиност, туку им одговара да останене како аболициран за понатамошна политичка пропаганда.
А Ване, од Menager of the year - избран од власта пред 1 год, сега наеднаш дава оставка и против него експресно е започната општа кампања за дискредитација и тортура, што финишира со еден од многуте проекти на Мијалков - "Шпион".
Пусти Ване, во последната година од своето професионално работење наместо да лови комуњари, тој свесно или не - ја отвара пандорината кутија на Фамилијата.
Страшен грабеж, одлив и перење на пари.
Каменот од блиску.