Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам дали знаете, но ако не знаете ќе ви кажам, конкретно во правосудството, сите судници во нашите триесет и кусур судови се направени донација на УСАИД од пред десетина години, и оттогаш не сум чул ниедна судница или просторија во суд да е реновирана или опремен со буџетски пари.

Не инсинуирам ништо, само нафрлам случајни факти.
 
Да резимираме, немаме криза затоа што Брколинда го претвори МВР во партиски штаб, затоа што судии се бираат од нејзиното тефтерче и од шлицот на Саше, затоа што Протуѓер одбира кој каде ќе се вработи, без разлика на писменост и неписменост, затоа што Миле сакал да буричка во избирачките вреќи, затоа што Грујо се срамел да побара 30 000 000 провизија ама Миле не, затоа што Грујо од плажа помилува убијци на Македонци, затоа што образованието ни е комедија а здравството трагедија, затоа што не сме нормална држава.

Кризата е затоа што СОРОС и САД сакаат да ја урнат Македонија, манастирот на светот, центарот на Универзумот.

Кој знае колку ви се смеат од страна оние кој ви ги сервираат овие говна, а вие ги голтате.

Mене всушност ме радува оваа масхистерија со заверите против Македонија, Тоа е сигурен знал дека фамилијата нездржливо галопира кон провалијата. Штом почнуваат да трујат со небулози во кои само нискоинтелигентни створења можат да веруваат, работат е дојдена до крајот.
 
Ване Цветанов, поранешен директор на агенцијата за спречување на перење пари, и воедно следната година избран од власта за нај менаџер на една таква институција:

- Ми беше предложено да ги проверам детално имотите и бизнисите на Бранко и Заев.
(Знаеме тоа што значи, Грујо или Сашо му се јавиле, и му рекле да бара под дрво и камен да најде нешто тука)

Ване како голем професионалец отвара детална истрага, и:
- Бранко испаѓа чист (нема докази)
- А Заеви испаѓаат кристално чисти (со докази за истото)

Тогаш се инсистира да продолжи судската постапка по секоја цена, и Заев е аболициран од тогашниот претседател.

Ване повторно како професионалец, дава налог да се детално провери буквално СЕ што може да имаат Заеви и голем број од нивните роднини, за да се стави капак на тоа прашање (Глобал пред се).

Е тука е критичната линија. Фамилијата не сака Заев да продолжи по судници и да се докаже неговата невиност, туку им одговара да останене како аболициран за понатамошна политичка пропаганда.

А Ване, од Menager of the year - избран од власта пред 1 год, сега наеднаш дава оставка и против него експресно е започната општа кампања за дискредитација и тортура, што финишира со еден од многуте проекти на Мијалков - "Шпион".

Пусти Ване, во последната година од своето професионално работење наместо да лови комуњари, тој свесно или не - ја отвара пандорината кутија на Фамилијата.
Страшен грабеж, одлив и перење на пари.

Каменот од блиску.
 
Последно уредено:
Не знам дали знаете, но ако не знаете ќе ви кажам, конкретно во правосудството, сите судници во нашите триесет и кусур судови се направени донација на УСАИД од пред десетина години, и оттогаш не сум чул ниедна судница или просторија во суд да е реновирана или опремен со буџетски пари.

Не инсинуирам ништо, само нафрлам случајни факти.
Bateman информацииве не ти се тазе. Во Скопје има изграден цел нов кривичен суд.
42C1B6174B3DDC409655EA355B37B16C.jpg
 
Мислиш зграда која стои изградена две години и не е сеуште пуштена во употреба.

Пробај да влезеш во зградата да видиш дали ќе те пречека некој :LOL:
 
Не ќе да е баш така....прво Блгарија влезе во ЕУ без да ги исполни условите... Хрватска исто така на ура влезе,
Aј и ние да влезиме на ура и без исполнување на услови кога сме толку важни и неопходни на ЕУ и НАТО шо странски служби од ЦИА, Мосад, УДБА, Сорос... со години прислушкуваат владата и се обидуваат некако да ја турнат од власт.
Ние испаѓаме побитни за светска политика од Англија или Германија
 
Последно уредено:
Bateman информацииве не ти се тазе. Во Скопје има изграден цел нов кривичен суд.
42C1B6174B3DDC409655EA355B37B16C.jpg
Кој бај д веј ако не знаеш, 4 години е изграден и празен, а за судења од типот на Диво Насеље не е дозволено присуство на медиумите во судницата, зошто истата е 5 на 5, барем оние во Скопје 1.
Дополнително иако има најави дека преселувањето требаше да биде прво преклани ако не се лажам, за 8ми септември, па после летото, па пролетва, не беше направено и сеа не се ни знае коа ќе се сели судот, нити колк што ја иам информации има некој план како тоа сите архиви ќе се пренесат во новава зграда.
Така да изградбата е успех, да, ама џабе ти е зградата коа не е функционална.
 
Не знам дали знаете, но ако не знаете ќе ви кажам, конкретно во правосудството, сите судници во нашите триесет и кусур судови се направени донација на УСАИД од пред десетина години, и оттогаш не сум чул ниедна судница или просторија во суд да е реновирана или опремен со буџетски пари.

Не инсинуирам ништо, само нафрлам случајни факти.
Грешка си, не е само судство, туку и во образование, локална самоуправа, здравство и што уште не. И не дека ми е кеиф за тоа, ама оди објасни им на неандерталциве дека нивниот безгрешен лидер не го знае овој податок. Не само што му е добро познато, туку и жонглерот со финансии, кумот на лоповлукот во РМ Ставре исти такви финансии има распределувано по проекти за самопромоција (на партијата де) и за затнување дупки на места каде што парите отишле по Белизе, Панами, девици. Само ме чуди што упорно го финансираат ова зло, а наверојатно и од другата страна имаат корумпирани клептомани кои синхронизирано го вршат грабежот, а на површина за обичниот народ излегуваат само трошки.
 
Само немој и ти да ја фатиш страната ќе јадеме корења и не се предаваме. Аман немој, сериозно.
Не, не. Ќе јадеме корења се романтични приказни. Никој не сака да јаде корења. Исто како што на никој не му е битно што Фридом хаус пишал за состојбата на медиумите во државава. Тоа се споредни, небитни работи. Битното е дали Груевски може да обезбедува по 500-600 милиони евра од надвор годишно. Во моментов, може без никаков проблем.
Добри сте бе, барем сеуште не сте почнале да стрелате и масовно да пикате луѓе по затвори како другар Лукашенко (барем засега).

Ама гледам потенцијал во ова денешно Груево ДПМНЕ. Имате сила и знаење да им покажете на Белорусија и арапските земји како вистински треба да се води една држава.
Па, ако ЕУ и САД тргнат во таа насока, нормално дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне во истата. Да не мислиш дека некој ќе ги слуша Бејли и Орав што имаат да кажат, ако ЕУ и САД воведат санкции? И баш тоа е причината зошто ЕУ и САД нема да воведат санкции и ќе се пазарат.
 
@Raziel , баце шо фаца е овој Димитар Апасиев, пошто глеам од Велес бил, нешто левичар а-у, а професор го ставиле на Гоце Делчев.

Ај ако не те мрзи пиши кратко инфо.
 
Не, не. Ќе јадеме корења се романтични приказни. Никој не сака да јаде корења. Исто како што на никој не му е битно што Фридом хаус пишал за состојбата на медиумите во државава. Тоа се споредни, небитни работи. Битното е дали Груевски може да обезбедува по 500-600 милиони евра од надвор годишно. Во моментов, може без никаков проблем.

Па, ако ЕУ и САД тргнат во таа насока, нормално дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне во истата. Да не мислиш дека некој ќе ги слуша Бејли и Орав што имаат да кажат, ако ЕУ и САД воведат санкции? И баш тоа е причината зошто ЕУ и САД нема да воведат санкции и ќе се пазарат.

A ха, ќе се тера другиот филм, јачи смо од судбине. Супер.

Последниот кој беше појак од судбината скина конци во Хаг.
 
Овој став очигледно не е во согласност со Уставот на РМ.

Со Уставот не се предвидени предвремени избори , а се она што не е регулирано во Устав се регулира со Закон .
 
A ха, ќе се тера другиот филм, јачи смо од судбине. Супер.

Последниот кој беше појак од судбината скина конци во Хаг.
Да, откако изгуби избори. Тоа е клучната разлика. Овде опозицијата ко од ѓавол бега од избори.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom