Многу се запалени мегафоните, ги читам Нонковиќ, Велиновска и има две вистини.
Или на власта ептени и е дојден крајот, и сега се фрла со сите оружја, ќе се измислат сите можни сценарија, пропаганди и заговори за да се повлече некаква сламка на спас.
Или пострашната варијанта, има во тие написи вистина, ако е така сме наебале, ма колку сака Мирка нека се повикува на некаков илинденски дух и организацијна на оригиналното ВМРО, ако постои таков пеколен план како што таа, Нонковиќ и некои други го опишуваат, нема да издржиме.
Мада вистината е може некаде на средина, премногу надуено ми изгледаат нивните сценарија, особено што кај Мирка досега ниедно нејзино писание не се исполнило (барем не така драмитично како што таа знае да го филува), се се сведува на плашење народ од некакви мрачни, странски сили, муабет кој го слушаме две години интензивно, а со цел да си ги покријат сопствените слабости и гадости кои ги направиле.