Менување стакло на Galaxy S7 Edge

  • Креатор на темата Креатор на темата Rokerot
  • Време на започнување Време на започнување

Rokerot

The Guitar Addict
Член од
30 април 2007
Мислења
218
Поени од реакции
20
Здраво дечки. Пред некој ден ми падна телефонот на бетон и стаклото испука доле. Тачот работи 100% дури и кога кликам врз испуканиот дел, ама воопшто не изгледа убаво. Знам дека Edge има ептен специфичен екран и не сум сигурен дали ќе можам да поминам со нарачување дел од eBay и сам да го монтирам како што сум правел за други телефони претходно...

Совети, препораки?

Фала!
 
ne ti e pod garancija?
 
Нема што да изгубиш пробај му се, ако успееш ќе поминеш со ситни пари, ако не успееш секако ќе ти треба нов дисплеј. Биди многу многу многу внимателен почни одозгора загревај го континуирано (пази да не го прегрееш), оддели го стаклото прво горе до кај ќе стасаш па од долу. Ако користиш карта за покер ќе ти биде многу лесно за овој дел. Штом ќе успееш да продреш од вертикалите почни постепено да одиш кон заоблените страни и пази тука биди многу спор и нежен и не заборавај да го загреваш и ќе ти биде многу лесно. За лепење ново стакло би ти препорачал заедно со стаклото да си порачаш и калап и нема да се замараш дали протекол лепакот или незнам што. Чим си имал искуство знаеш како пробај му се не му ја мисли :)
 
како купувате телефони од 600 евра, а без силиконска маска и заштитно стакло??? Или побитно е попрво да се курчите во маало...
 
како купувате телефони од 600 евра, а без силиконска маска и заштитно стакло??? Или побитно е попрво да се курчите во маало...
Сум платил 600 евра за телефон и да му ставам маска и во рака да држам гума? Не друже тие 600 евра не се платени за тоа.
 
Сум платил 600 евра за телефон и да му ставам маска и во рака да држам гума? Не друже тие 600 евра не се платени за тоа.
Па нормално, за друго се дадени.
 
Не се курчи, сега од ко ќе му смениш ќе клајш и стакло и футрола и тоа од оние ко новчаници шо се.
 
Сум платил 600 евра за телефон и да му ставам маска и во рака да држам гума? Не друже тие 600 евра не се платени за тоа.
Епа пошто не се платени за тоа сеа ќе си доплатиш уште пари за ново стакло и тоа нема баш ефтино да поминеш. И па не му ставај заштитна футрола и маска. Чим имаш пари поправај си го цело време.
 
Епа пошто не се платени за тоа сеа ќе си доплатиш уште пари за ново стакло и тоа нема баш ефтино да поминеш. И па не му ставај заштитна футрола и маска. Чим имаш пари поправај си го цело време.
Тоа да му го кажеш на @Rokerot, неговото стакло е пукнато.
 
Сум платил 600 евра за телефон и да му ставам маска и во рака да држам гума? Не друже тие 600 евра не се платени за тоа.

За маската те поддржувам штити од гребаници и триста глупости, ама за стаклото не си свесен колку си грешка. Ако пукне заштитното стакло притисокот се пренесува и пука и другото под него, затоа што едноставно помеѓу двете стакла се ствара вакум и фактички тоа ти е како залепено. 80% може и повеќе ти е шансата дека ќе пукне и другото стакло и да ова го искусив 2 пати на своја кожа. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom