А моментално што се случува во МВР после одлуката на Владата са се укинат сите решенија на министерот за внатрешни работи.
Пуч во МВР
22 April, 2016 - 15:33
Државната секретарка Анастасија Илиеска и директорот на УБК Љупчо Андоновски го водат пучот во МВР кој го почна владата со својата ноќна одлука да му забрани на министер да раководи со министерството, обвини денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Прв послушност откажал директорот на тајната полиција Андоновски, старите началници на Секторот за организиран криминал, како и старите началници на СВР Штип и СВР Струмица. Спасовски пред новинарите не можеше да прецизира кој раководи со МВР.
Државната секретарка Илиеска ни одговори дека одлуката на Владата е објавена во Службен весник и сите институции се должни да ја почитуваат. Според неа владата одлучила дека кадровската состојба во МВР треба да се врати како што била на 11-ти ноември и за тоа била задолжена таа и директорите на УБК и на Бирото за јавна безбедност. Илиеска ни посочи дека иста таква одлука е донесена и за Министерството за труд и социјална политика и дека во централниот регистар тие директорски измени во социјалата се заведени. Спасовски обвини дека прво не ја усвоиле неговата оставка, а сега иако останал министер, владата ниту го поканила на седницата на која со солука според него креира хаос во МВР.
Обид за преземање според одлуката на владата имало и во СВР Куманово каде дошло и до карање, расправии и пцовки меѓу двајцата началници, назначениот од Спасовски и стариот началник кому во Диво Насеље лани во мај му влезе 45-члена вооружена група обвинета за тероризам и за кого исто така владата одлучи да го врати на позиција. За да ги разреши дилемите Спасовски свикал состанок со директорите, но на него дошол само првиот човек на Бирото за јавна безбедност, додека одметнатиот директор на тајната полиција се оправдал дека има друга работа и не дошол. За сите кои не ги почитуваат законските решенија и министерските одлуки, Спасови најави законски санкции.