Јас колку што слушнав, објектот не бил незаконска градба, имало и од Архитектонски факултет израчунато дека објектот не се гради незаконски.
Рушиш објект на човек кој платил 5 милиони евра комуналии за тој објект ... во држава каде секоја втора куќа е класична дивоградба, без ниеден денар платено комуналии... и после им се овозможи да со 1евро да ги легализираат.
Значи човек кој платил 5 милиони евра комуналии, а наводно за 1,43м ја пречекорил висината од нулта точка (а од Архитектонски викат не е), ти му рушиш инвестиција од 50 милиони евра ... а на пола држава која е изградено без денар комуналии, му овозможуваш легализација.
И на целиот злостор уште се ситат и ѓаволски се смеат, му течело низ ногавици.
И што тоа браниш ти бе? Браниш луѓе кои на секое дишење умот им е само како да украдат некоја пара? Да наместат некој тендер? И при рушење на објектот местеле тендери ало, остај што рушат објект кој е во ред со документите.
Кај ли ќе им оди душата, образ веќе немаат, а не дека им е гајле нив за образот, само по затвори да не заглават.
И денес ќе се обидат со своите браќа да се маваат за да ги заштитат осомничените криминалци, не само да ги заштитат, туку и на власт да ги задржат, многу патриоти им се гледале, дење патриоти, а ноќе вампири, ловат невини луѓе и им ја цицаат крвта.